Connect with us

Лични финансии

Испратете им пари на вашите пријатели преку Facebook Messenger

Објавено

на

Facebook воведува нов вид на услуга, плаќање преку Messenger. Овој новитет е достапен на пазарот на Велика Британија додека во САД истиот се користи од 2015 година. За прв пат оваа опција се воведува во држава надвор од Америка. 

Социјалната мрежа го презентираше започнувањето на оваа опција во понеделникот. За прв пат ваквиот начин на плаќање се воведува во држава во која што доларот не е валута.

,,Нашите истражувања ги покажаа најчестите причини за праќање пари, а тоа се различни прослави, родендени, манифестации или настани и нашата цел е да ги поедноставиме овие секојдневни моменти. Забележано е дека во САД повеќето луѓе кои ја користат оваа опција на Messenger испраќаат пари во вредност помала од 50 долари.” – вели директорот на Messenger, Давид Маркус во своето е-маил соопштение за јавноста. 

Користењето на оваа опција ќе изгледа многу едноставно. Во самото прозорче во кое се разговорите со вашиот пријател кој ќе го изберете ќе го има знакчето плус и доколку го стиснете ќе се појави опцијата за да им платите. При првото најавување корисниците ќе мора да ги внесат деталите од нивните картички и сумата која што сакаат да ја испратат. Оние кои треба да ги добијат парите ќе го прифатат тоа само колку ги внесат деталите од нивните картички. 

Компанијата не наплаќа никакви провизии за испраќањето на парите.

Facebook вели дека деталите на картичките се заштитени со подеднакво ниво на безбедност како да испраќате пари преку банка и дека корисниците може да се чувствуваат слободно при испраќањето на пари.

 

Лични финансии

Колку им е потребно на најбогатите луѓе во светот да ја заработат вашата годишна плата?

Објавено

на

Џеф Безос, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Бернард Арно и Марк Цукерберг се најбогатите луѓе во светот чија вкупна актива се проценува на 429 милијарди долари – навистина е тешко да се разбере како нивните импресивни бројки би можеле да се споредат со платите на обичниот човек.

Преку калкулатор, можете да пресметате колку време е потребно за пет од најбогатите луѓе во списокот Форбс да ја заработите годишната нето плата, пишува Business Insider.

Така, на пример, просечната американска плата е 56.516 долари, Џеф Безос ја заработува за  46 секунди, а Бернар Арно за 59 секунди. На пример, Гејтс, Цукерберг и Бафет го зарабоотуваат тој износ за нешто повеќе од една минута.

И ако сакате да проверите колку време е потребно петмина од најбогатите луѓе во светот да ја заработат својата годишна нето плата, претворете ја во долари и внесете го калкулаторот.

Продолжи со читање

Лични финансии

Зошто се лажеме самите себе?

Објавено

на

Човечкиот мозок знае да се излаже самиот себе со цел да ја смири совеста. Тоа им се случува и на најинтелигентните луѓе, особено кога во прашање се парите.

Според истражувањето на група психијатри и невролози од САД, има основни 6 лаги кои си ги кажуваме, а се директно поврзани со финансиите:

  1. “Ќе создадам пасивен приход„ – Попаметно е да се подобрите на работното место и да барате повеќе да ве платат.
  2. “Посериозно ќе се обида, ќе заштедам пари„ – Пробајте, ама се додека не ги автоматизирате финансиите нема да заштедите.
  3. “Ќе се задржам до буџетот и неговата распределба„ –  Никогаш, на никого не му успеала оваа тактика.
  4. “Моите пријатели одат 4 пати на одмор и заработуваат помалку од мене„ – Најчесто пријателите живеат на кредит, не одат на одмор од заштедата или од правилното трошење на парите.
  5. “Ќе вложувам во акции„ – Освен ако не сте финансиски експерти и аналитичари, веројатноста е 100% да ги изгубите парите.
  6. “Парите се за алчните луѓе, јас не морам да се грижам за пари„ – Интересно е што ова се изјави на најскржавите луѓе.

Банкарската сметка најдобро ќе ви каже дали сте финансиски непобедлив или треба да престанете да се лажете сами себе.

Продолжи со читање

Лични финансии

Навики за подобри лични финансии

Објавено

на

За почеток, почнете да трошите помалку отколку што заработувате. Тоа е златното правило за подобрување на финансиската состојба.

Ние направивме мало истражување, и одвоивме список од навики кои ќе ви ги подобрат личните финансии:

  1. Следете ги вашите приходи и трошоци;
  2. Не трошете на поклони и частења ако нема причина за тоа;
  3. Отворете ги сметките штом ќе пристигнат;
  4. Плаќајте сметки на време;
  5. Плаќајте сметки онлајн;
  6. Купувајте производи под гаранција;
  7. Внимателно читајте ги договорите што ги потпишувате;
  8. Користете кредитна картична само во неопходни ситуации (одење на одмор не е неопходна ситуација);
  9. Доколку има распродажби, тоа не значи дека мора да купите се што е ефтино, купете го само тоа што навистина ви е потребно;
  10. Секогаш споредувајте ги цените во маркетите и купувајте таму ка;е што е потребно.

Ова се основните 10 чекори кон кои треба да се придржувате за да имате добар почеток на оптимизирање на финансиите. Доколку имате проблем и не успевата, прочитајте ги правилата уште еднаш.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange