Connect with us

Интервјуа

Интервју со Роска Аџиска и Наташа Шапкалиевска – Раководители на деловна мрежа во ПроКредит Банка

Објавено

на

Советниците за клиенти во ПроКредит Банка се професионалци во својата дејност. Тие се специјално обучени да опслужуваат физички лица кои се во фаза на инвестирање или креирање заштеди и може да им понудат на клиентите совет за најсоодветена банкарска услуга во зависност од индивидуалните потреби.” – Роска Аџиска, Раководител на дел од деловната мрежа на ПроКредит Банка.

 

 

Секој професионалец има потреба од модерно банкарство. Инвестиравме во софистицирано 24/7 банкарство кое станува лесно и едноставно за користење и им овозможува на физичките лица да посветат повеќе време на својот личен успех и кариера. Пролетната понуда за професионалци е одлична можност да им се приближиме на докторите, инженерите и професорите и да им понудиме целосно автоматизиран концепт на банка, а не засебни банкарски производи.” – Наташа Шапкалиевска, Раководител на дел од деловната мрежа на ПроКредит Банка.

 

Банкарство: ПроКредит е единствената банка во Македонија што може да понуди 24-часовно банкарство за сите свои клиенти. Со иновативниот концепт “Зони 24/7”, ПроКредит ги автоматизираше готовинските трансакции и постави нови стандарди во банкарската услуга. Која предност им ја нуди на професионалците Вашето иновативно банкарство ?

Наташа Шапкалиевска:
Професионалците како лекарите, инженерите, професорите и архитектите имаат динамична професија, не познаваат фиксни работни часови, ниту пак, можат однапред да ги планриаат дневните обврски. Тие го ценат своето слободно време и не сакат да го поминат во чекање ред во банка. Токму поради тоа, автоматизираната услуга на ПроКредит Банка може да понуди друга алтернатива: услуга од работа или дома преку електронско банкарство, 24 часа достапност до готовина во денари и евра, како и персонализирана услуга од соверник за клиенти. Специјализирани советници за клиенти стојат на располагање и во контакт центарот на ПроКредит и може да им понудат совет и техничка поддршка на клиентите од 08 до 20 часот. Ние работиме нон-стоп, нудиме едноставна платформа за е-банкарство која овозможува плаќања во земјата и странство, купопродажба на девизи, дополнување или повлекување од штедните сметки во секое време.

 

Банкарство: Оваа пролет, покрај иновативниот концепт за 24 часовна банка, на докторите им овозможувате и специјална пролетна понуда. Кои поволности се вклучни во понудата ?

Роска Аџиска:
Пролетната понуда нуди најповолни услови за кредитирање и сет банкарски услуги што му се потребни на едно физичко лице. Најатрактивен е станбениот кредит за купување или градење на стан, како и кредитот за еко-реновирање, односно за долгорочни инвестиции што придонесуваат за подобрување на условите и валитетот на живеење. Каматната стапка на станбениот кредит е 3,5% фиксна за првите пет години, без дополнителни трошоци за одобрување на кредитот, а кредитите за еко-реновирање имаат фиксна каматна стапка од 6% за првите пет години и 0% дополнителни трошоци за исплата. Понудата содржи и поволни каматни стапки за кредитни картички и потрошувачки кредити. Дополнително покрај одличната понуа за кредитирање, нудиме сет банкарски услуги кој содржи се што е потребно за едно физичко лице да работи самостојно со автоматизирана банка како ПроКредит. Во сетот на услуги се вклучени: мултивалутна дебитна картичка поврзана со сите трансакциски и штедни сметки, интернет картичка за сигурни плаќања, електронско банкарство, СМС нотификации за сите трансакции и како екстра бонус сите денарски плаќања во домашни банки процесирани преку е-банкарство се со 0 ден провизија. На овој начин клиентите со само една ставка во месечните извештаи го следат својот трошок кон банката, а за нас транспрентноста е на прво место.

 


 

Банкарство: Да се следат последните банкарски трендови подразбира иновација во секој дел од банкарското работење вклучувајќи услуги за клиентите, електронски платформи за работа и модерни технологии. Какви новости планира ПроКредит во блиска иднина ?

Наташа Шапкалиевска:
ПроКредит континуирано вложува во унапредување на услугата која ја нуди на своите клиенти. Од традиционална банка која ги опслужуваше клиентите само 8 часа на ден во работно време на експозитурите преминавме во 24 часовна банка достапна во секој период од денот и ноќта. ПроКредит денес е банка за модерниот човек и развива концепт на “direct banking” по кој работат банките во Европа. Директна банка, онлајн банка или банка со која клиентот работи преку автоматизирани технологии подразбира банка која развива иновативни онлајн – услуги. Многу наскоро, преку електронското банкарство на ПроКредит, клиентите ќе може да вршат орочување на депозити и ќе може да плаќаат преку мобилно банкарство, а банката ќе инвестира во уште понапредни банкомати за уплата и исплата на поголеми износи на готовина, така наречени “Cash in Recyclers” банкомати. Овие банкомати ќе бидат поставени во рамки на секоја “Зона 24/7”и ќе бидат на располагање за сите клиенти на ПроКредит.

Банкарство: Да се биде лидер во модерните банкарски технологии е голем чекор пред конкуренцијата, но споменавте и персонализирани советници за клиенти. Што значи за клиентите да имаат свој банкарски советник ?

Роска Аџиска:
Советниците за клиенти, кои работат во експозитурите на ПроКредит Банка се специјално обучени професионалци во својот обем на работење: банкарска услуга за физички лица. Тие знаат како да соработуваат со физички лица кои имаат динамична професија и може на клиентите да им понудат совет и препорака во поглед на нивниот избор за најсоодветен кредит или продукт за штедење. Клиентите користат автоматизираните услуги 24/7 и имаат банка секогаш покрај себе, а директниот контакт со советниците за клиенти им овозможува консултации поврзани со сите прашања за банкарските производи, поволности и апликации.Да се има советник за клиенти е бесплатна придобивка, клиентот има лице кое го води, го советува и го информира за се што е поврзано со неговите сметки.

 

Интервјуа

Интервју со г-дин Бернд Ахац, член на Управниот одбор на Винер Лајф

Објавено

на

Г-динот Бернд Ахац, Член на Управниот одбор на Винер Лајф, со својот одличен менаџерски потенцијал и долгогодишното искуство во финансиите, успеа да внесе австриски шмек во компанијата која беше основана во 2010 година и за само неколку години од неа да создаде една од најдобрите и најпрепознатливи компании за животно осигурување во Р.Македонија, која во својата палета нуди широк спектар на производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин.

Своето образование г-дин Ахац го има стекнато на Универзитетот Алпен Адриа Клагенфурт во Австрија, каде се стекнал со титулата доктор на науки од областа на трговијата. Својата професионална кариера ја започна во 2000 година во Австрија како финансиски аналитичар во компанијата Флекстроникс, од областа на ЕМС (electronic manufacturing services) за Централна и Источна Европа (CEE). Стигнува до позицијата финансиски директор на Корпоративниот Центар за управување со ликвидност во регионот на Централна и Источна Европа, пред да одлучи да ја напушти компанијата.

Во 2005 година г-дин Ахац беше еден од одговорните менаџери за стартување банкарски и лизинг бизнис во Црна Гора за Хипо Алпе Адриа Груп.

На крајот на 2008 година, заедно со глобалната финансиска криза г-дин Ахац е прераспределен на позицијата CEO, а подоцна и CFO на Хипо Алпе Адриа Лизинг ООД во Софија, Бугарија.

Во мај 2010 година Ахац е дел од управниот одбор на  Хипо Алпе Адриа Лизинг Тов (ДОО) во Киев, а подоцна во 2011 како CFO e член на Хипо Алпе Адриа Лизинг ДООЕЛ.

Во 2012 година, трите земји беа ставени под капата на регионалниот менаџмент или кластер менаџмент HETA, каде г-дин Ахац ја извршуваше функцијата COO, заедно со претходно наведените работни позиции во соодветните локални компании.

Во последниот квартал од 2013 година, г-дин Ахац својот потенцијал го посветува на ВИНЕР ЛАЈФ VIG во Македонија и стапи на функцијата, како член на Управниот одбор, на позицијата која ја извршува и денес.

Поразговаравме со г-динот Ахац за енормниот раст на Винер Лајф на македонскиот пазар во изминатиот период. Особено акцент се стави на банкоосигурувањето, кое е се поактуелно во последниов период.

Банкарство: Во 2010 година беше основана осигурителната компанија Винер Лајф. Од тогаш па се до денес, компанијата бележи континуиран раст, како во пазарното учество, така и во оcигурителните производи и услуги кои ги нуди. Што ве разликува како компанија од конкуренцијата?

Бернд Ахац: Верувам дека прашањето што го поставивте е всушност клучното прашање кое секоја компанија мора да си го постави и да отпочне со работа со полна пареа. Нашата стратегија од самиот почеток беше да ги задоволиме клиентите со докажани услуги на највисоко ниво во индустријата. Не се водевме по актуелните понуди во земјата, туку можностите во меѓународната индустрија. Со други зборови, погледнавме во нашата групација за да ги идентификуваме производите и услугите кои добро функционираат и резултираа со високо задоволство кај корисниците. Направивме прилагодувања за да постигнеме совпаѓање со локалните потреби и соодветно ги имплементиравме производите.

Она што го научивме е дека во осигурителната индустрија, особено во индустријата за животно осигурување, каде што осигурувањето е многу лична работа, не само што се важни покриеноста и бројките,  туку и начинот на кој услугата може да се понуди. Почнувајќи од првата точка на продажбата, па се до плаќањето по доспевање или настанувањето на осигурен случај, целиот процес и ланец на услуги е важен.

На овој начин, бевме првата компанија која го понуди производот Лајф Инвест (Unit Linked) во Македонија. Овој производ, дизајниран по најсовремените стандарди, а сепак базиран на локален македонски фонд управуван од WVP , а од друга страна поседувајќи интернационални удели во портфолиото, беше одлично прифатен од страна на нашите клиенти.

Да заклучиме, нашата стратегија е да бидеме првиот двигател на пазарот и да ја отвориме вратата за меѓународните стандарди.

Банкарство: Во последно време се поактуелно е банкоосигурувањето. Вие како компанија, влеговте во стратешко партнерство со Шпаркасе Банка Македонија. Секој кој ќе подигне потрошувачки кредит од банката “С-план”, ќе добие животно осигурување сo штедна компонента. Ова е прв ваков производ на пазарот. Може ли накратко да ни ги објасните какви се бенефициите за клиентите од овој пакет?

Бернд Ахац: Банкоосигурувањето е еден од столбовите на нашата стратегија. На ова поле, всушност бевме предвреме на пазарот, бидејќи пазарот на почетокот се уште не беше подготвен. Сега производите на банкоосигурувањето се еден од најголемите двигатели на раст во осигурувањето на живот. Ние нудиме покриеност за потрошувачки и хипотекарни кредити. Се разбира, покрај тоа, целиот спектар на нашите производи може да се најде и во Шпаркасе банка, како што е 3Д класично животно осигурување, дополнително животно осигурување, семеен премиум како и останатите наши производи.

Се чини како логично правило за мене, дека секој пат во животот – без разлика дали со деловни или приватни напори – носење на одлука значи да се измери потенцијалниот ризик наспроти очекуваните придобивки. Општо земено, кога земаме заем во банка за да ги покриеме нашите приватни средства, како станови, автомобили и други добра за широка потрошувачка кои ни се потребни или ги посакуваме, отплатата на истите треба да се обезбеди. Ова е прашање кое не сакаме да го базираме на шпекулации, дали ќе може да се врати кредитот или не. Значи, мерките за спротиставување на секој ризик поврзан со него, имаат смисла.

Главно зборуваме за осигурување од ризик на прво место. Заедно со тоа, никој не сака да биде оптеретен со голем дел од бирократијата при купување на осигурување. Банкарските и осигурителни производи се нудат во one stop shop решение. Клиентот го прави целиот договор во банка. Ова е она што го прави банкарското осигурување толку погодно за клиентите.

Банкарство: Објаснете ни како корисникот всушност успева да заштеди пари со самата исплата на кредитот.

Бернд Ахац: Во право сте, С-план е првиот производ на македонскиот пазар, каде што заедно со покривањето на преостанатиот износ на кредитот, корисниците воедно заштедуваат пари. Ние сме исклучително горди на тоа, бидејќи тоа е прв пат на пазарот, еден производ да биде со двојна корист за клиентот! Во исто време ќе добиете покриеност на ризик и заштеда, прилагодено со Шпаркасе банка, нашиот сигурен партнер за соработка!

Основната идеја е да се комбинира ризико осигурување во случај на смрт со опаѓачка осигурена сума со мешовито осигурување на живот. Најдовме точка, каде комбинацијата на ризико осигурување во случај на смрт со опаѓачка осигурена сума и мешовито осигурување на живот со фиксна осигурена сума, се вкрстуваат во производ, каде што акумулираната заштеда за времетраењето на кредитот од банка покрива, во зависност од времетраењето и возраста на клиентот,  повеќе од реалната премија за осигурувањето на ризик.

Исто така, тука би сакал уште еднаш да истакнам една важна точка во врска со банкоосигурувањето. Банкоосигурувањето е најпријателски настроено кон клиентот, бидејќи целиот административен товар кој е на клиентот е преземен од страна на експертот во банката, било да е тоа консултација или е со користење на софтверски решенија кои водат кон фактот дека клиентите не треба два пати да одговараат на исто прашање. Едно место и договорот е склучен.

Како што може да видите,  технички производот не е лесно да се објасни со неколку зборови, но резултатот е. Тоа е најевтиниот начин да се купи животно осигурување со покриеност на ризик и заштеда во исто време!

Банкарство: Која е важноста еден граѓанин да има животно осигурување?

Бернд Ахац: За ова прашање како одговор би сакал да ја споделам мојата лична гледна точка. Животното осигурување покрива неколку работи за мене. Како прво, ме ослободува од оставање на товар на моите сакани во случај да ме нема. Јас имам осигурување кое ќе истече кога ќе наполнам 65 години. Во исто време, гледајќи во мојата иднина како пензионер, ме ослободува од прашањето и стравот како ќе изгледа мојот финансиски живот по мојот работен век. За мене можам да кажам дека сум мошне активна и спортска личност, каде што, да бидеме реални, животното осигурување со дополнително осигурување во случај на траен инвалидитет ќе отстрани некои мои грижи, што би се случило во случај на инвалидитет, барем од финансиска гледна точка.

Последно, но не и најмалку важно, животното осигурување, особено мешовитото животно осигурување е важно, бидејќи ви дава повеќе опции во животот. Ако нешто се случи, вие сте покриени, ако ништо не се случи, ќе добиете пари исплатени на крајот за да уживате!

Банкарство: Се школувате во Австрија, долго сте живееле во Украина и Бугарија и сега сте во Македонија. Која е разликата во перцепцијата на луѓето за животното осигурување во сите овие држави?

Бернд Ахац: Повеќе би сакал да зборувам за сличностите на перцепцијата на луѓето од споменатите земји. Верувам дека доживуваме промена од малку “фаталистички” став кон неизвесностите што ги има иднината за сите нас, до пооснована и рационална одлука за тоа како да се справиме со потенцијалните ризици. Во последните неколку години полесно е  отворено да зборуваме не само за пријатните настани кои може да ни се случат, како и да најдеме начин  како да се справиме со нив. Ова се случува затоа што сега имаме повеќе алатки за заштита со кои можеме да ги искористиме. Животното осигурување е една од мерките што е се повеќе и повеќе прифатена во сите земји што ги спомнавте, за да се избегне потенцијалното влијание врз нашиот живот и животот на нашите семејства.

Доколку се направи споредба со Австрија, може да видите дека со текот на годините, животното осигурување со учество од 34% во 2017 година го има освоено првото место од сите категории на осигурување. Оваа бројка треба да се земе  предвид наспроти позадината на економскиот развој на пазарите, но тоа дава индикација за потенцијалот на животното осигурување во текот на годините. Овој позитивен развој во Македонија може да се забележи врз основ на импресивните стапки на раст на животно осигурување, каде што банкарското осигурување стана значаен двигател.

Банкарство: Винер Лајф е ориентирана кон иновации и максимално задоволство на клиентите. Што да очекуваме од Вас како компанија во периодот што претстои?

Бернд Ахац: Да ги слушаме нашите клиенти и нивните потреби и ако ја работиме нашата работа правилно, дури и да ги предвидиме нивните идните предизвици на оваа многу брза планета и да ги формулираме вистинските одговори.

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Дарко Дедиќ: Заштеда, заштита и инвестиција со производот Лајф Инвест (Unit Linked) на Винер Лајф кој отсега нуди уште поповолни услови

Објавено

на

Со своето речиси 20 годишно искуство во финансиите, г-динот Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф, успеа од компанијата да создаде претпознатлив бренд со производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин на Македонија.

Поразговаравме со г-динот Дедиќ за растот на Винер Лајф на македонскиот пазар во изминатиот период. Особено акцент се стави на производот Лајф Инвест (Unit Linked) со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник, а од 01.06.2018 година производот е доусовршен со што станува уште поповолен за осигурениците. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Христина Џамбазовска Анастасов: Внимателно го градиме нашиот тим и вложуваме во развојот на квалитетен млад кадар во Македонија

Објавено

на

Водечката компанија за животно осигурување во Република Македонија, Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, неодамна започна Проект за едукација на млади лица кои се на самите почетоци на својата кариера.

Проектот „Вештини за успех“, реализиран во соработка со една од водечките компании за развој на човечки ресурси DEKRA Arbeit Group, има за цел да понуди висококвалитетна обука за унапредување на комуникациските вештини, развој на вештини за водење преговори, како и стекнување на практично знаење за функционирањето на финансискиот пазар. Директорот на Сектор за деловни операции во Кроациа Осигурување – Живот, Христина Џамбазовска Анастасов ги детектира ефектите на проектот, состојбите на пазарот на труд во Македонија, како и стратегијата за едукација и мотивација на вработените во оваа компанија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange