Connect with us

Интервјуа

Интервју со дел од Retail тимот на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Разговаравме со  Јана Дишлијев – Раководител на Секторот за физички лица, Катерина Бранова – Координатор за кредитирање и Сузана Бошковска Златаревска – Експерт за маркетинг и развој на нови производи.

Јана Дишлијев дипломира 2005 година отсек Маркетинг Економски Факултет при УКИМ, а своето банкарско искуство започнува да го гради 2007 година како Службеник во Служба логиситка на продажба – Кредитна аналитика во штедилница Можности. Од 2011година преминува во Поштенска Банка како Раководител на Службата за кредитирање на население. На професионален план од 2014 година продолжува како Раководител на експозитура Аеродром при Еуростандард Банка, за неодамна во месец ноември да се приклучи на тимот на Капитал Банка како Раководител на Секторот за физички лица.

Катерина Бранова има дипломирано на Машински факултет, а воедно во 2015 година се здобива со уште една диплома за дипломиран економист при Универзитетот за туризам и менаџмент. Веќе 13 години е дел од тимот на Капитал Банка, прво како Референт во Сектор за парични картички  во Интернационална Банка и од 2017 година е  Координатор на кредитирање за физички лица.

Сузана Бошковска Златаревска дипломира 2009 година, отсек финансиски менаџмент на Економскиот факултет Скопје. Во меѓувреме има започнато да ја гради својата кариера во КБ прво пензиско друштво како агент, а веднаш потоа од 2006 година да продолжи во ПроКредит Банка како Постар Стручен соработник во Сектор за физички лица. Од 2011 година е дел од тимот на Капитал Банка како Експерт за маркетинг и развој на нови производи.

 

Банкарство: Банката неодамна прослави 20 години постоење на банкарскиот пазар во Македонија. Дали може да се каже дека она што го зацртавте пред 20 години е остварено, а воедно кажете ни и каде ја гледате Капитал Банка за 20 години од сега?

Јана Дишлијев: Изминатите дваесет години успешно напредувавме заедно, растевме постепено, континуирано работеjќи на градење на довербата и посветеност кон клиентите, акционерите и вработените, поддржувајќи ги во остварување на нивните лични и бизнис цели, истовремено градејќи долгорочни релации и взаемна корист.

Како дел од Alfa Finance Holding, водечка Бугарска групација во полето на финансиски услуги, недвижнини и извори на чиста и обновлива енергија, активна низ Југоисточна Европа, веруваме и понатаму во подобрување на просперитетот на оние кои ги опслужуваме преку овозможување на нови вредности.

Банката во изминатата година дена активно се ориентираше кон креирање и градење на производи за физички лица и онлајн апликација за кредити  која на клиентите ќе им биде достапна на било кој уред и на било кое место.

Напредувавме во сите сегменти од банкарското работење.

Банкарство: Почетокот на 2018та година во Македонија донесе новитет кога станува збор за одобрување на кредити. Капитал Банка АД Скопје е првата и единствена Банка на пазарот која воведе бесконтактно потпишување на документација за кредит. Што значи ова за клиентите и за Вас како институција?

Сузана Бошковска Златаревска: Oфицијално станавме достапни до сите клиенти од сите градови низ земјата и им овозможивме на сите постоечки и нови клиенти да аплицираат и користат кредитни производи без да дојдат во експозитура на Банката.

Водејќи се од реалните потреби на клиентите да им заштедиме време и простор Капитал Банка го креираше Супер брз кредит, првиот банкарски кредит кој овозможува бесконтактно потпишување на документацијата за кредит. Откако ќе биде одобрен кредитот, секој клиент избира трансакциска сметка (во која и да е банка) каде ќе бидат префрлени средствата од кредитот.

Клиентите можат да аплицираат за износи на кредити до 60.000 МКД, со рок на исплата до 12 месеци од било кој уред, мобилен телефон, таблет или компјутер и од каде и да посакаат. Одобруването се извршува во рамките на 30 минути и исплатата е истиот ден.

Веруваме во успешноста на проектот, имајќи во предвид дека ги олеснивме сите процеси, посета во Банка, многу документација, жиранти и административни забрани…

Банкарство: Ако до пред неколку години табу-тема беше да се аплицира online за кредит, во последно време речиси целиот банкарски сектор се повеќе внимание обрнува на овие FinTech иновации. Капитал Банка од 2017 година започна со online апликација за потрошувачки кредити и одобрување за 30 минути од моментот на аплицирање. Како клиентите го прифатија овој канал на комуникација со Банката?

Сузана Бошковска Златаревска: Се повеќе е присутен трендот на примена на алтернативните канали на банкарско работење како замена на традиционалните. Клиентите ги препознаваат предностите на овие услуги (достапност 24/7, од каде и да посакаат, без чекање на ред и гужви на шалтер, без стрес во сообраќајот и барање на паркинг) се повеќе се насочуваат кон новите начини и канали на користење банкарски услуги.

Катерина Бранова: Наидовме на одличен прием, позитивни коментари од страна на клиентите. Во изминатата година Банката континуирано работеше на модифицирање на палетата на кредитни производи, со цел воведување на производ со кој ги олеснивме сите процеси како од аспект на аплицирање и докуметација, така и од аспект на обезбедување, што резултираше со лесна, брза и едноставна постапка за реализирање на кредитното барање.

Клиентите се задоволни од брзиот одговор во рок од 30 минути, едноставноста на прикачување на минималната документација, а воедно и исплата на средствата истиот ден.

Банкарство: FinTech иновациите во банкарскиот сектор стануваат незаменлива алка од секојдневието. Светските и Европските банки вложуваат се повеќе средства кон алтернативните канали на комуникација. Каква е ситуацијата во Македонија, дали сметате дека Банките ги следат трендовите и каков е ставот на менаџментот на Капитал Банка во однос на ова прашање?

Катерина Бранова: Овие движења се актуелни и во нашата економија. Континуирано се вршат анализи, истражувања и нивно имплементирање. Засиленото користење на интернет, користењето на мобилна и информатичка технологија, новиот модерен динамичен 24/7 живот ја создадоа потребата за користење на FinTech иновациите во банкарскиот сектор наспроти традиционалниот пристап.

Светските трендови, а секако и чекорите на банките во Европа се пример и насока за следните наши активности во насока на технолошки развој. Сметаме дека своите ресурси ги имаме насочено кон градење на посебни иновативни канали за комуникација со клиентите

Банкарство: Капитал Банка АД Скопје припаѓа во помалите банки во Македонија. Што можеме да очекуваме од Капитал Банка АД Скопје во текот на 2018 година, какви се плановите за развој и на кои сегменти Банката ќе посвети повеќе внимание?

Јана Дишлијев: Одговорно и транспарентно ќе продолжиме да градиме успешна приказна. Фокусот останува на воведување на современи услуги прилагодени на новото живеење, а ќе продолжиме и со соработка со физичките лица, малите и средни претпријатија. Посветено  ќе работиме на дигитализирање на начинот на работењето, мобилно банкарство до клиентите, не само во делот на онлајн плаќањето, туку и за советодавни канали за комуникација со клиентите. Продолжуваме со активности и реализирање на веќе започнати проекти кои се во насока на дигитализација на работењето на Банката и веруваме дека истото ќе придонесе за унапредување на нашите клиенти на секое поле.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од банкарскиот сектор во Македонија (иновации, ризици). Што е она што мора да го има секоја банка за успешно да гравитира во банкарскиот систем?

Јана Дишлијев: Очекуваме зголемено ниво на кредитирање на население и на малите и средни македонски компании.

Конкурентноста и понатаму сметаме дека ќе биде насочена во поглед на понудената квалитетна услуга, додека помалку ќе биде насочена кон намалување на каматните стапки на кредитите, бидејќи истото ќе повлече дополнителна потреба за намалување на цената на депозитите како извори на средства.

Банката ќе настојува да ја зајакне конекцијата со постојните клиенти но паралелно ќе биде отворена и за нови проекти за кои ќе процени дека се профитабилни со прифатливо ниво на ризик.

Интервјуа

Интервју со Дарко Дедиќ: Заштеда, заштита и инвестиција со производот Лајф Инвест (Unit Linked) на Винер Лајф кој отсега нуди уште поповолни услови

Објавено

на

Со своето речиси 20 годишно искуство во финансиите, г-динот Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф, успеа од компанијата да создаде претпознатлив бренд со производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин на Македонија.

Поразговаравме со г-динот Дедиќ за растот на Винер Лајф на македонскиот пазар во изминатиот период. Особено акцент се стави на производот Лајф Инвест (Unit Linked) со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник, а од 01.06.2018 година производот е доусовршен со што станува уште поповолен за осигурениците. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Христина Џамбазовска Анастасов: Внимателно го градиме нашиот тим и вложуваме во развојот на квалитетен млад кадар во Македонија

Објавено

на

Водечката компанија за животно осигурување во Република Македонија, Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, неодамна започна Проект за едукација на млади лица кои се на самите почетоци на својата кариера.

Проектот „Вештини за успех“, реализиран во соработка со една од водечките компании за развој на човечки ресурси DEKRA Arbeit Group, има за цел да понуди висококвалитетна обука за унапредување на комуникациските вештини, развој на вештини за водење преговори, како и стекнување на практично знаење за функционирањето на финансискиот пазар. Директорот на Сектор за деловни операции во Кроациа Осигурување – Живот, Христина Џамбазовска Анастасов ги детектира ефектите на проектот, состојбите на пазарот на труд во Македонија, како и стратегијата за едукација и мотивација на вработените во оваа компанија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Никола Јошевски, директор на СН Финансии, првата Финтек компанија во Битола

Објавено

на

Поразговаравме со г-дин Никола Јошевски, директор на СН Финансии, Финтек компанија која неодамна ја прослави годишнината од своето постоење, во која се пријатно изненадени од македонските граѓани и од нивната подготвеност да ги користат финансиските услуги кои ги нуди СН Финансии комплетно онлајн. Разговаравме за тоа колку финансиските друштва се сериозен конкурент на банките, за скептицизмот на граѓаните кон новите работи, како и за новата димензија која ја нудат овие компании, дигиталната револуција и онлајн кредитирањето. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange