Connect with us

Интервјуа

Интервју МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА – Раководител на Експозитура Прилеп во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Разговараме со Марија Јорданова Илијеска, Раководител на експозитура Прилеп во Шпаркасе Банка Македонија. Марија е родена на 04.10.1982 во Кочани. Основно и средно образование завршува во Кочани, потоа продолжува на Економскиот факултет во Прилеп, на отсек Маркетинг Менаџмент и се стекнува со титулата магистар по меѓународна економија и бизнис исто така на Економскиот факултет во Прилеп.

 

Своето работно искуство го започнува во 2006 година на Економскиот факултет во Прилеп како демонстратор по пари и банкарство, банкарски менаџмент, меѓународна економија и маркетинг. Во 2008 година започнува да работи во Стопанска Банка АД Скопје во областа кредитирање на население, за подоцна да биде промовирана во Раководител, функција на која останува до 2014 година. Од 2014 година Марија работи во Шпаркасе Банка Македонија.

 

Банкарство: Каква е поставеноста на работните обврски во една современа банкарска експозитура? Дали вработените се специјализираат за кредитирање на население, правни лица, девизнен платен промет…или современото банкарство наложува секој вработен да биде запознаен со целокупното работење на експозитурата?

МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА: Една од основните цели на нашите вработени е покрај познавањто на работните задачи на позицијата за која што се дефинирани е и располагање со основни информации за останатите производи во Банката. Ова кажува дека улогата на секој вработен е да ги согледа потребите и барањата на клиентите со тоа што покрај традициналните услуги кои што би им ги понудиле би им дале и врвна финансиска услуга и совет. На овој начин клиентот може да го одбере најдобриот производ и услуга кој што одговараат на неговите можности и потреби со што на еден шалтер би добиле информација која што ќе им заштеди време. Тимот на Експозитурата е млад и амбициозен, тим кој што постојано го акумулира искуството и знаењето и со својата посветеност и енергија го потврдуваат фактот дека работат и постојат за клиените.

 

Банкарство: Шпаркасе Банка Македонија нуди исклучително атрактивни производи. Дали понудата на конкурентни каматни стапки и преференцијални услови овозможува придобивање на нови клиенти?

МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА: Да, едни и еднинствени сме на пазарот со палета производи кои што ги имаме и можеме да ги понудиме на финансискиот пазар. Би навела некои од нив, а тоа се потрошувачкиот кредит без хипотека и жиранти до МКД 1.200.000,00 обезбеден со полиса за животно осигурување со 5,5% каматна стапка фиксна во првата година, станбени кредити со фиксна каматна стапка од 8 години и максимален рок на отплата до 15 години, како и понудата за кредитни картички со 6% камтна стапка фиксна во првата година на отплата и лимит до 4 плати и можност за плаќање на рати без камата, која ќе стартува од 01.12.2016 година. Покрај кредитните производи можат да се наведат и некредитни производи кои се дел од банкарското работење и интензивно се барани и користени од страна на нашите клиенти. Овде можам да ги наведам бесплатните дебитни картички Maestro / Visa Electron / Master Card Debit кои што се единствени и препознатливи по можноста за повлкување готовина без провизија од банкоматите на членките на Шпаркасе и Ерсте Групацијата: Србија, Хрватска, Босна и Херцговина, Црна Гора и Австрија, како и S-Токен – електронско банкарство за вршење на онлајн-плаќањата.

Шпаркасе Банка воведе нови иновативни банкомати, на кои клиентите можат да вршат депонирање на средства на нивната трансакциска сметка или кредитна картичка, или пак да ја искористите функцијата за менувачко работење. Со овие банкомати клиентите го заштедуваат своето време и ги избегнуваат редиците за чекање на шалтерите. Ваков тип на иновативни банкомати имаме поставено и во просториите на експозитурата во Прилеп.

Со овие атрактивни производи Шпаркасе Банка е исклучително препознатлива банка која најдобро ги разбира и задоволува финансиските потреби на населението и компаниите во Република Македонија со кое се овозможува привлекување на нови и задржување на постоечките клиенти. Притоа, секој клиeнт во зависност од неговиот рејтинг може да ја добие најповолната каматна стапка, додека Банката ќе му посвети посебно внимание за да му обезбеди производ и услуга согласно неговите потреби. Ова е поволен период на инвестирање од аспект на каматните стапки доколку и намената на средствата е оправдана бидејќи каматните стапки во споредба со минатото се на најниско ниво и секој може да го реализира својот план независно дали се работи за инвестирање во сопствената иднина како: школување, реновирање, купување на стан/куќа и сл. или капитални инвестиции на компаниите во насока на зголемување или проширување на сопствените капацитети или обнова односно замена на постојниот машински или возен парк.

Банкарство: Најголема придобивка за една банка претставува задоволен клиент. Кои чекори ги преземате Вие како раководител на експозитурата во Прилеп со цел Вашите клиенти долгорочно да ги користат производите и услугите на Шпаркасе Банка Македонија?

МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА: Шпаркасе Банка со постојано прилагодување на барањата и потребите на клиентите создаде атрактивни и конкурентски производи. Нејзиниот пристап и однос кон клиентите, вниманието и дискретниот однос ја чинат големината на Банката и сум уверена дека Експозитурата во Прилеп е спремна и ги испорачува овие вредности. Да се води експозитура значи голема одговорност со цел ефикасна финансиска подршка за компаниите и населението и соодветно нивно насочување за користње на производи и услуги од кои долгорочно тие би имале бенифит и се задоволни заради условите на кредитирање. Шпаркасе Банка е банка која значи стабилност, сигурност, доверба, ефикасност, посветеност и општествена одговорност, водеќи се од начелото дека клиентите се секогаш во право, а ние сме тука да ги следиме и подржиме во нивните одлуки.

 

 

Банкарство: Воведовте пакет за млади, пакет за пензионери со пензија на први, имате атрактивна понуда за редовно вработени лица… Дали сметате дека портфолиото на производи на Шпаркасе Банка Македонија ги покрива потребите на сите категории клиенти без разлика на нивниот статус и возраст?

МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА: Основното мото на Шпаркасе Банка „Банка на вашето семејство“ ја отсликува вистинската продажна стратегија, која е насочена кон сите генерации, почнувајќи од најмалите со понудата за детско штедење со препознатливите маскоти Медо Штедо и Медена преку кои се едуцираат најмалите членови на семејството како да штедат за својата иднина, потоа Пакетот за млади кој е насочен кон младинците во семејството на возраст од 18 до 26 години да ги управуваат своите финансии во еден пакет, кој им овозможува да користат финансиски услуги, како бесплатна денарска дебитна картичка и да користат електронско банкарство, како и дополнителна можност да аплицираат и да користат кредит за школување, кредитна картичка и дозволено пречекорување без провизија за одобрување и најповолна каматна стапка од 5,5% за првата година.
Останатите членови на семејството можат да ги користат претходно споменатите кредитни производи како потрошувачки кредити, станбени кредити, хиотекарни кредити, дозволени пречекорувања, кредитни картичкии како и некредитните производи.
Пакетот за пензионери е наменет за сите приматели на пензија на трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија, кои со самото аплицирање за пакетот добиваат бесплатно користење на услугата „Пензија на 1 – ви“, која им овозможува примање на пензијата на секој први во месецот и можност да располагаат со средствата порано од останатите пензионери. Тие исто така имаат можност да аплицираат и за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 7% во првата година и максимален износ до 300.000,00 мкд и вклучена полиса за животно осигурувње, бесплатна трансакциска сметка и дебитна картичка, траен налог, електронско банкарство.

 

Банкарство: Клиентите сакаат да уживаат ВИП статус во Банката и кон нивните потреби да пристапувате персонализирано. Со оглед на динамичниот начин на живеење и работење колку успевате да излезете во пресрет на барањата на клиентите?

МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА: Ние сме тука и секогаш постоиме за клиентите и сме во можност во секое време да одговориме на нивните потреби и барања. Пред се, клиентите не перцепираат како „пријатели“ од кои ќе добијат финансиски совет и услуга со која им овозможуваме на клиентите да заштедат време кое во современите услови ним најмногу им значи. Целта на Шпаркасе Банка е да се овозможи задоволување на желбата на клиентите за дискреција и контрола на времето, местото и информациите потрбени за вршење на банкарските активности. Просторот на самата Експозитура дозволува да секој клиент има дискретен и љубезен однос и примен од секој вработен со цел добивање на совет или вршење на трансакција во Банката, а при тоа и да се почувствува како вистински ВИП клиент. Мое мото е „Доколку се сака – се може“, а тоа значи дека доколку Ве исполнува самата работа и ја работите со љубов и покрај динамичниот начин на живот и со одлична организација може да им одговорите на потребите на клиентите, како и да се погрижите за одржување на задоволството кај самите вработени. Стратегијата на тимот на Шпаркасе Банка е капитализирање на вредностите на доверба, истовремено прифајќајки ги новите можности кое не разликува од останатите учесници во секторот.   

 

 

Банкарство: Тимската работа речиси секогаш генерира успех, но и конкуренцијата помеѓу вработените често носи позитивни резултати. Дали сметате дека интерната конкуренција во една експозитура на Банка влијае позитивно или негативно во секојдневното работење?

МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА: Голем број луѓе веруваат да се биде водач на тим и да се генерира успех значи да се биде во нешто прв, најголем и најмоќен. Но, водството во институциите има поинакво значење и смисла. Наједноставно кажано, водачот се дефинира како некој кој ги насочува настојувањата за остварувањето на целта во организацијата и како лице кое влијае на останатите луѓе да ја следат таа насока. Основна цел е да се создаде средина каде секој од тимот ќе знае каков придонес треба да даде и ќе се чувствува обврзан да ја заврши добро работата.
Конкуренцијата во едно општество е здрава работа, која што овозможува напредок, развој, ефикасност, при што истото доколку постои во една институција би довело до поголема транспарентност, подобри работни услови, поголема организираност, мотивираност, развој, одговорност, квалитет во извршувањето на работните обврски. Истото се случува и во нашето работење.  Сепак, ние сме една целина и за да има успех еден тим потребна е заедничка цел, јасни улоги и задачи, процедури за донесување одлуки, доверба помеѓу членовите. На овој начин секој треба да има улога во реализирањето на целите и во тимот да настапува од аспект на премисата „ЈАС ПОБЕДУВАМ-ТИ ПОБЕДУВАШ“ или „Мојата победа е Наша победа“.
Секој од вработените треба да поседува храброст, самоконтрола, чувство за праведност, сигурност во одлучувањето, успешност во планирањето, ведра личност, спремност да се прифати потполна одговорност, соработка, организациска култура. Поседувајќи ги овие карактеристики се влијае позитивно и врз работењето на Банката во целина.

Банкарство: За крај, зошто сметате дека клиентите би требало да ја одберат Шпаркасе Банка Македонија за своја матична Банка и што можеме да очекуваме од Шпаркасе Банка Македонија во следната година?

МАРИЈА ЈОРДАНОВА ИЛИЈЕСКА: Штаермеркише Шпаркасе е најголемата кредитна институција во југот на Австрија со 487 експозитури и регионални центри, околу 6.137 вработени и околу 2,4 милиони клиенти во Штаерска и Југоисточна Европа. Групацијата има долгорочна и одржлива стратегија на присуство во регионот, што ја прави Штаермеркише Шпаркасе стабилен и доверлив партнер. Шпаркасе Банка Македонија во моментов има 330 вработени, 28 експозитури и 51 банкомати низ целата држава. Ние сме дел од едно големо семејство чија примарна цел е со својот квалитет да ги унапреди своите услуги и да ги задоволи потребите на нашите клиенти. Со инвестициите во бизнисот и во вработените придонесуваме во развој на пазарот и економијата.
Ова се кажува зошто јас како клиент би ја одбрал Шпаркасе Банка. Во следната година може да се очекува зголемување на портфолиото на кредитни производи, нови модели на кредитирање и слично.

 

 

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и ВинерЛајф Осигурување

Објавено

на

Во пресрет на десетгодишнината од основањето на Шпаркасе Банка на пазарот во Македонија имавме можност да дознаеме повеќе за производите кои банката ги нуди во делот на банкоосигурувањето. Партнер на банката во доменот на животното осигурување е компанијата Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Во изминатиов период од особена важност за банките и осигурителните компании е банкоосигурувањето. Во Македонија се создадоа повеќе партнерства на банки и осигурителни компании, преку кои им се нудат многу поволни иновативни производи на клиентите.

Деловното партнерството помеѓу две реномирани компании со долгогодишен успех во своето работење, Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје датира од 2012 година и веќе шест години успешно функционира на пазарот.

Поразговаравме со Катерина Петровска, Раководител на Дирекција за маркетинг во Охридска Банка Сосиете Женерал.

Банкарство.мк: Што точно претставуава банкоосигурувањето?

Катерина: Со овој назив се именуваат производите кои претставуваат микс од банкарски производи и животно осигурување, при што осигурувањето значи заштита на клиентот во случај на осигурен настан – смрт, губење на деловна способност или траен инвалидитет. При настанување на осигурен настан, долгот кон банката го подмирува осигурителната компанија, така што клиентот или најблиското семејство на клиентот е ослободено од долгот кон банката.

Банкарство.мк: Каква е придобивката на клиентите од овој тип на осигурување, при подигнување на кредит во банка?

Катерина: Клиентите со користењето на банкарски производи со осигурителна компонента, добиваат заштита во случај на немил настан, долгот кон банката да не падне на нивен товар или на товар на најблиските, туку да биде целосно подмирен од страна на осигурителната компанија. Клиентите се повеќе го прифаќаат овој производ и ги препознаваат бенефитите од користење на кредитно животно осигурување со оглед дека истото значи посигурна иднина за нив и нивните најблиски, а самиот трошок е вклучен во месечната рата на кредитите и на тој начин минимално влијае на нивниот буџет.

Банкарство.мк: Охридска Банка е единствената банка која во моментов на клиентите им нуди можност покрај осигурувањето при подигнување на кредит (потрошувачки, станбен, хипотекарен…), да можат да го осигураат и искористениот износ кај кредитните картички и дозволеното пречекорување. Можеме ли во иднина да очекуваме некоја нова иновативна понуда?

Катерина: Охридска Банка Сосиете Женерал постојано работи на зголемување на својата понуда како во делот на банкарските производи и услуги така и во комбинирање на банкарските со осигурителните производи.

Најновите производи кои претставуваат спој на животно осигурување и банкарски производи се осигурување на трансакциска сметка и осигурување на депозит кои како концепт нудат итна поткрепа и можност за повеќе полиси. Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат вкупен надомест со максимален лимит до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 3.000 еур по полиса за осигурувањето на депозит, согласно условите на осигурувањето. Клиентот може да аплицира за максимум три полиси, и оттука максималниот осигуран износ тројно би се зголемил.

Корисниците на картички на Охридска банка Сосиете Женерал, истовремено бесплатно добиваат осигурување на картички – “IN-cards“ со кое сите МастерКард и ВИЗА платежни картички – се покриени со неколку осигурителни покритија.

Осигурувањето на картичките е неживотно осигурување на клиентите и вклучува одредени настани кои се покриени и се надополнуваат во зависност од типот на картичката (на пример: надомест за изгубен багаж при патување).

Освен што ваквото осигурување е компатибилно решение во однос на патничкото осигурување, вклучените придобивки овозможуваат: осигурување што е валидно веднаш без потреба од апликација и без дополнителни трошоци, финансиска безбедност за имателот на картичката и неговото семејството во случај на осигурен настан, покриеност за неограничен број на патувања, медицинска помош, осигурен багаж и многу друго.

Банкарство.мк: Зошто ваквите партнерства се важни и за банките и за осигурителните компании и како влијаат врз целокупниот финансиски сектор?

Катерина: Бенефит од ваквите партнерства, покрај претходно наведените за клиентите, имаат секако и банките и осигурителните компании. За банките, можноста за вклучување на осигурителните производи во својата понуда значи збогатување на палетата на производи, заштита од ненаплата на побарувања при настанување на осигуран случај, финансиски бенефит и зголемување на задоволството на клиените поради овозможувње на нивна заштита со производите од кредитно животно осигурување.

За осигурителните компании ваквите производи исто така значат збогатување на понудата, зголемување на дистрибутивната и продажна мрежа, а со тоа и зголемување на портфолиото на клиенти, диверзификација на ризикот и крајно подобри финансиски резултати.

Банкарство.мк: Колкав е степенот на развиеност на банкоосигурувањето во светот и дали банкоосигурувањето во Р.Македонија се движи во таа насока?

Катерина: Постојат многу разлики во однос на развојот на банкоосигурувањето во светот и истото зависи во голем дел од регулативата како и од најразлични културолошки и социодемографски фактори, но евидентен е глобален тренд на раст на значењето на банкоосигурувањето. Во некои европски земји, банкоосигурувањето е главен канал за продажба на животното осигурување.

Во Р.Македонија од пионерскиот чекор на Охридска Банка Сосете Женерал во 2012 година со воведување на првиот ваков производ – кредитно животно осигурување, до денес евидентен е постојан раст на понуда на ваков тип на производи и воведување на производот од страна на повеќе банки на пазарот, така што можеме да кажеме дека степенот на развој и свесноста на клиентите за постоењето и за бенефитите од овој производ е на солидно ниво и во одредени случаи има и пресудно влијание за изборот на производот кој ќе го користи клиентот.

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу НЛБ Банка и Кроациа Осигурување – Живот

Објавено

на

Во изминатиов период од особена важност за банките и осигурителните компании е банкоосигурувањето. Во Македонија се создадоа повеќе партнерства на банки и осигурителни компании, преку кои им се нудат многу поволни иновативни производи на клиентите.

Веќе подолго време на пазарот опстојува и успешно функционира партнерството помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Кроациа Осигурување – Живот.

Поразговаравме со Љупка Ѓоргиевска, Директор на Сектор за развој на понуда и маркетинг во НЛБ Банка АД Скопје и Христина Џамбазовска Анастасов, Директорот на Сектор за деловни операции и потпорни процеси во Кроациа Осигурување – Живот. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange