Connect with us

Интервјуа

Интервју ИВА МАРКОВСКА: Банкарството и технологијата одат рака под рака

Објавено

на

Разговараме со Ива Марковска, Менаџер за Односи со Јавност на Хуавеи Технолоџис Македонија. Ива е дипломиран економист на Универзитетот Св Кириј и Методиј во Скопје. Образованието го продолжува во Бизнис Школата за Организациски Менаџмент на ТАГ во Виена, Австрија. Својата кариера ја започнува во 2009 година во Вип оператор, каде работи 6 години. За време на својата работа во Вип оператор поминува еден месец во Випнет д.о.о. во Загреб, Хрватска.

 

Во компанијата Huawei Technologies работи од 2015 година, во подружницата на Huawei vo Mакедонија, со краток престој од 3 месеци во подружницата на Huawei во Софија. Дополнително е посветена на осовременување на семејниот бизнис кој е успешна приказна веќе 20 години.

Банкарство: Како ја гледате поврзаноста помеѓу банкарството и технологијата?

Ива Марковска: Банките се позиционирани како извор на стабилност и сигурност со векови. Секоја промена на нивниот бизнис мора да се изврши на начин што ќе избегне да се предизвика загриженост кај клиентите. Правењето промени лесно и безболно е дел од работата на банката, но ова може да создаде впечаток дека банките се неприлагодливи на промени и “слепи” за технолошкиот напредок.
За надворешниот свет изгледа како мантра на банкарскиот сектор да е “Ако не се скрши, не го поправај”. Но, реалноста е дека зад сцената, банките се иновативни и усвојуваат нови технологии за различните аспекти на нивниот бизнис. Банкарството и технологијата одат рака под рака во текот на децениите.
Еден пример за тоа се безготовинските плаќања. Кредитните картички, најзначајната форма на безготовинско плаќање, постојат повеќе од 60 години. Дебитни картички се појавија пред околу 30 години, овозможувајќи директни трансакции до и од банкарските сметки на клиентите – без вклучен кредит. Компаниите со кредитни картички сега нудат “swipe” и технологија на допир кои ги прават услугите што им се нудат на клиентите полесни и побрзи од кога било досега. И сега, скоро секаде во светот сето тоа е достапно со апликација за паметни телефони, што ги прави пластичните картички да станат застарени  во иднина.

Банкарство: Кои се главните предизвици со кои се соочува финансискиот сектор кога станува збор за дигитализација и cloud технологија?

Ива Марковска: Финансиските институции се соочуваат со три главни предизвици во текот на дигиталната трансформација: како да обезбедат channel услуги, како да додадат нови профити и како да ги контролираат трошоците. Прво, добивање на популарност на off-site банкарските услуги, банките имаат потреба да користат нови технологии за да изградат систем на финансиски услуги, да развијат онлајн предности и да обезбедат конзистентно искуство за клиентите во текот на целиот животен циклус. Второ, банките треба проактивно да воведат иновативни технологии (на пример, IoT (internet of Things)) за да ги трансформираат своите традиционални финансиски производи, да го подобрат нивниот процес на услуга и да бараат нови извори на профит. Трето, банките треба да ги трансформираат своите традиционални ИТ платформи, да ги пренесат своите деловни структури во cloud, да ја направат технологијата поедноставна и да ги намалат трошоците и да инвестираат во насока на овозможување бизнис трансформација.

Банкарство: Кои се главните производи и решенија на Huawei за финансискиот сектор?

Ива Марковска: Huawei им помага на финансиските институции побрзо да се дигитализираат на три нивоа: трансформација на платформа, иновации на производи и channel услуги. За поддршка на трансформацијата на платформата, Huawei го испорачува првиот 32-socket x86 сервер и финансиско cloud решеније во банкарската индустријата. Во однос на иновациите на производите, Huawei воведува иновативни производи, како што се користење на големи податоци за борба против fraud (измами). Во врска со channel услугите, Huawei обезбедува Virtual Teller Machine (VTM).

Банкарство: Што е планот на Huawei за иновирање на нови технологии, како што се контрола на ризикот во реално време?

Ива Марковска: Финансиското решение на Huawei за податоци овозможува обработка против fraud (измами) во реално време. Решението го поместува традиционалниот начин на следење на измами за контрола на fraud за време на обработката на податоците и интегрира обработка на големи податоци во реално време во финансиски услуги. Земете онлајн трансакција како пример. Кога е-трансакција се активира, таа прво оди во системот за анти-fraud во реално време, кој ќе процени дали трансакцијата е измама врз основа на модел на правило. Ако трансакцијата се чини дека е измама, системот ќе направи појдовен повик за потврда, ќе ја прекине трансакцијата, ќе го пријави случајот до надлежните органи за ракување или ќе преземе други мерки за контрола во случај. Кога сите сомнежи се исчистени, трансакцијата ќе оди во основниот систем за да врши плаќања. Според нашиот разговор со клиентите, латентноста на крајот од крајната финансиска трансакција треба да биде помала од 1 секунда. Инаку тоа негативно ќе влијае на искуството на клиентите. Бидејќи јадрото на системот треба 600ms за обработка на трансакцијата, остава помалку од 300ms за големата платформа за податоци за примена на различни деловни правила. Ова бара голема платформа за податоци, за обработка на голем број на истовремени трансакции.

Банкарство: Што спред вас е важно да се направи за одржлив бизнис?

Ива Марковска: Банките треба да се осигураат дека нивните услуги и производи се достапни на клиентите во секое времеи на сите канали. Корисничкото искуство (user experience) е многу важно. Секој бизнис има позитивни придобивки од богато корисничко искуство. За поддршка на ова ниво на свесност и одговорност, банките треба да гледаат подалеку од своите традиционални предности кон партнерства со поагилна платформа на технологија.

Интервјуа

Интервју СОЊА ПАНЕВСКА: Банкоосигурувањето претставува „win-win“ стратегија за банките и за осигурителните компании

Објавено

на

Банкоосигурувањето има потекло од францускиот збор Banque (банка) и Assurance (осигурување), во англиската терминологија е прифатена како Bancassurance. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и ВинерЛајф Осигурување

Објавено

на

Во пресрет на десетгодишнината од основањето на Шпаркасе Банка на пазарот во Македонија имавме можност да дознаеме повеќе за производите кои банката ги нуди во делот на банкоосигурувањето. Партнер на банката во доменот на животното осигурување е компанијата Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Во изминатиов период од особена важност за банките и осигурителните компании е банкоосигурувањето. Во Македонија се создадоа повеќе партнерства на банки и осигурителни компании, преку кои им се нудат многу поволни иновативни производи на клиентите.

Деловното партнерството помеѓу две реномирани компании со долгогодишен успех во своето работење, Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје датира од 2012 година и веќе шест години успешно функционира на пазарот.

Поразговаравме со Катерина Петровска, Раководител на Дирекција за маркетинг во Охридска Банка Сосиете Женерал.

Банкарство.мк: Што точно претставуава банкоосигурувањето?

Катерина: Со овој назив се именуваат производите кои претставуваат микс од банкарски производи и животно осигурување, при што осигурувањето значи заштита на клиентот во случај на осигурен настан – смрт, губење на деловна способност или траен инвалидитет. При настанување на осигурен настан, долгот кон банката го подмирува осигурителната компанија, така што клиентот или најблиското семејство на клиентот е ослободено од долгот кон банката.

Банкарство.мк: Каква е придобивката на клиентите од овој тип на осигурување, при подигнување на кредит во банка?

Катерина: Клиентите со користењето на банкарски производи со осигурителна компонента, добиваат заштита во случај на немил настан, долгот кон банката да не падне на нивен товар или на товар на најблиските, туку да биде целосно подмирен од страна на осигурителната компанија. Клиентите се повеќе го прифаќаат овој производ и ги препознаваат бенефитите од користење на кредитно животно осигурување со оглед дека истото значи посигурна иднина за нив и нивните најблиски, а самиот трошок е вклучен во месечната рата на кредитите и на тој начин минимално влијае на нивниот буџет.

Банкарство.мк: Охридска Банка е единствената банка која во моментов на клиентите им нуди можност покрај осигурувањето при подигнување на кредит (потрошувачки, станбен, хипотекарен…), да можат да го осигураат и искористениот износ кај кредитните картички и дозволеното пречекорување. Можеме ли во иднина да очекуваме некоја нова иновативна понуда?

Катерина: Охридска Банка Сосиете Женерал постојано работи на зголемување на својата понуда како во делот на банкарските производи и услуги така и во комбинирање на банкарските со осигурителните производи.

Најновите производи кои претставуваат спој на животно осигурување и банкарски производи се осигурување на трансакциска сметка и осигурување на депозит кои како концепт нудат итна поткрепа и можност за повеќе полиси. Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат вкупен надомест со максимален лимит до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 3.000 еур по полиса за осигурувањето на депозит, согласно условите на осигурувањето. Клиентот може да аплицира за максимум три полиси, и оттука максималниот осигуран износ тројно би се зголемил.

Корисниците на картички на Охридска банка Сосиете Женерал, истовремено бесплатно добиваат осигурување на картички – “IN-cards“ со кое сите МастерКард и ВИЗА платежни картички – се покриени со неколку осигурителни покритија.

Осигурувањето на картичките е неживотно осигурување на клиентите и вклучува одредени настани кои се покриени и се надополнуваат во зависност од типот на картичката (на пример: надомест за изгубен багаж при патување).

Освен што ваквото осигурување е компатибилно решение во однос на патничкото осигурување, вклучените придобивки овозможуваат: осигурување што е валидно веднаш без потреба од апликација и без дополнителни трошоци, финансиска безбедност за имателот на картичката и неговото семејството во случај на осигурен настан, покриеност за неограничен број на патувања, медицинска помош, осигурен багаж и многу друго.

Банкарство.мк: Зошто ваквите партнерства се важни и за банките и за осигурителните компании и како влијаат врз целокупниот финансиски сектор?

Катерина: Бенефит од ваквите партнерства, покрај претходно наведените за клиентите, имаат секако и банките и осигурителните компании. За банките, можноста за вклучување на осигурителните производи во својата понуда значи збогатување на палетата на производи, заштита од ненаплата на побарувања при настанување на осигуран случај, финансиски бенефит и зголемување на задоволството на клиените поради овозможувње на нивна заштита со производите од кредитно животно осигурување.

За осигурителните компании ваквите производи исто така значат збогатување на понудата, зголемување на дистрибутивната и продажна мрежа, а со тоа и зголемување на портфолиото на клиенти, диверзификација на ризикот и крајно подобри финансиски резултати.

Банкарство.мк: Колкав е степенот на развиеност на банкоосигурувањето во светот и дали банкоосигурувањето во Р.Македонија се движи во таа насока?

Катерина: Постојат многу разлики во однос на развојот на банкоосигурувањето во светот и истото зависи во голем дел од регулативата како и од најразлични културолошки и социодемографски фактори, но евидентен е глобален тренд на раст на значењето на банкоосигурувањето. Во некои европски земји, банкоосигурувањето е главен канал за продажба на животното осигурување.

Во Р.Македонија од пионерскиот чекор на Охридска Банка Сосете Женерал во 2012 година со воведување на првиот ваков производ – кредитно животно осигурување, до денес евидентен е постојан раст на понуда на ваков тип на производи и воведување на производот од страна на повеќе банки на пазарот, така што можеме да кажеме дека степенот на развој и свесноста на клиентите за постоењето и за бенефитите од овој производ е на солидно ниво и во одредени случаи има и пресудно влијание за изборот на производот кој ќе го користи клиентот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange