Connect with us

НБРМ

Издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик” од серијата „Хороскопски знаци” („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/18).

Кованата пара „Бик” од серијата  „Хороскопски знаци” ги има следниве карактеристики:

–       на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Бик. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018″. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија” и „100 денари”.

–       на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на бик од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum”, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на бикот и неговото соѕвездие, претставена на монетата, е претставена и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак бик. Во долниот дел е претставена глава на златен бик, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – TAURUS, а на левата страна, ознаката Ag925.

Кованата пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Бик” изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска .

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ и ЕЦБ склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата. Согласно со неговите одредби, соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски информации, имајќи ја предвид домашната и меѓународната регулатива, вклучително и Основните принципи за ефикасна банкарска супервизија донесени од Базелскиот комитет. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ ги претстави успешните реформи на НБРМ во доменот на статистиката на финансиските сметки

Објавено

на

Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), како меѓународна организација чијашто мисија е да го поддржи развојот на капацитетите на финансиските службеници во Југоисточна Европа, деновиве ги претстави реформите и резултатите коишто Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки. Притоа, НБРМ преку веб-платформата на ЦЕФ ги сподели своите искуства од овој значаен реформски процес, и тоа од започнувањето на овие активности во 2007 година па до сега. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange