Connect with us

Колумни

Зошто е толку тешко да се излезе од комфорната зона?

Објавено

на

Сите сме слушнале за магијата која се случува таму некаде надвор од границите на нашата комфорна зона. За сите успеси кои чекаат на нас доколку успееме да излеземе од ѕидовите кои сами ги имаме изградено. Но, сета таа убава слика на еден друг исполнет живот каков што отсекогаш сме посакувале почнува да бледее кога се појавува стравот и се поставува единственото, најтешко прашање: КАКО да излеземе од нашата комфорна зона?

Што е всушност комфорната зона? Иако секој од нас си создава своја слика за комфорната зона во која се наоѓа и си ја замислува и чуствува на посебен начин сепак постои просто научно објаснување за истата. Комфорната зона не е ништо повеќе од чувството на моментална умствена безбедност каде што вашите секојдневните активности и однесувања се движат по една иста шема која го минимизира стресот и ризикот. На овој начин вие сте заштитени од превземање нови чекори, имате загарантирано (не)задоволително ниво на среќа и помалку стрес. 

Од другата страна на оваа ваша умствена идила се наоѓа стравот. Истиот оној страв кој се појавува секој пат кога барем за момент ќе помислите на отворање на вратата за излез од вашата комфорна зона. Премногу хаотична и исцрпувачка ви личи војната со истиот па затоа најчесто луѓето уште на самиот почеток, во првата битка го подигнуваат белото знаменце и стравот повторно се прогласува за победник. 

Луѓето се некогаш толку навлезени во своите комфорни зони што дури помислуваат дека  и времето е релативна работа. Додека скришно ,,ѕиркаат” во надворешниот свет секојдневно правејќи ги истите чекори кои се разбира не носат ништо ново освен потврда на дотогашниот ,,status quo” времето надвор од комфорната зона минува и не чека никого да собере храброст и да излезе од зад ѕидините. Доколку некогаш сте се нашле во оваа ситуација на умствен безизлез со истовремена желба да го победите стравот и да се впуштите во светот на вистинските можности размислете на овие нешта.

1. Пронајдете ја својата ,, зона на храброст”

Доколку зоната на стравот може да не демне насекаде околу нас зошто да не е исто толку лесно да ја пронајдеме и сопствената зона на храброст? За сите оние кои не знаат, таа се наоѓа веднаш кога ќе ја преминете таа комфорна зона. И ете, повторно истиот проблем. Комфорната зона МОРА да биде помината. Доколку се плашите да правите големи чекори не срамете се и направете мали, бебешки чекори. Не е важно темпото, важно е насоката во која истите ве водат. Морате да почнете од некаде. Зоната на храброст е многу помалку предвидлива од вашата комфорна зона, но затоа е исполнета со многу можности. Запомнете, секоја мала улога ве носи до следната поголема улога во вашите животи и никогаш не се двоумете, вистинското време за да ја направите промената е токму сега. 

2. Не го избирајте сигурното

Секојдневно сите ние донесуваме различни одлуки. Многу од нив се ситни и незначителни, но голем дел можат да променат многу нешта кај нас. Како? Еден ден пред да донесете некоја секојдневна одлука застанете на момент и размислете што ќе се случи доколку денеска одлучите нешто друго. Доколку ја промените рутината на носење одлуки и овој пат го изберете она ,,несигурното”. Одлуките кои ги сметаме за ризични и непријатни се оние од кои најмногу учиме и кои ни помагаат да ,,пораснеме” .

3. Еден ден одете си дома по различен пат

Иако можеби ова ви звучи смешно и се прашувате како тоа би ви помогнало да излезете од зоната на комфорот никогаш не потценувајте ја симболиката на нештата. Патиштата секако ќе ве однесат до вашиот дом, но, движејќи се по новиот пат вие ќе видите некои различни нешта со што ќе се прошират вашите видици. Верувајте дека ова е најлесниот начин да почнете. После тоа ќе бидете подготвени да направите и многу подрастични промени.

4. Почесто кажувајте ,,Да”

Прифаќајте ги новите нешта. Кажувајте да на истите дури и кога не сте подготвени. Верувајте дека секогаш знаете и можете да го направите тоа. Доколку работите кажете да на нови проекти дури и да не сте завршиле со претходните. Ќе ви се отворат многу нови можности и можеби ќе почнете да уживате во нешто кое никогаш претходно не сте имале шанса да го искусите.

5. Правете го она од кое што се плашите

Програмирајте ги своите мисли на нов начин. Поставете си го прашањето дали нешто ве плаши. Доколку одговорот е потврден вие МОРА да го направите тоа. Само на овој начин се совладуваат стравовите. И запомнете, тие никогаш не исчезнуваат само вие учите да управувате со нивната енергија. 

6. Научете се да верувате во себе и запомнете: ,,Утре е нов ден”

Најчесто нашите мисли се оние кои не ,,парализираат” и врзуваат во комфорната зона. Кога размислувате негативно ги креирате сите можни сценарија кои го потхрануваат стравот. Најдете го најлесниот начин за да почнете да верувате во себе. Визуелизирајте ги своите соништа и местото каде што сакате да бидете. Тоа место се наоѓа надвор од вашата комфорна зона, нели? Доколку се соочите со некои лоши работи не се затварајте се повеќе во својата зона. Запомнете дека утре е нов ден во кој ќе бидете посилни и веројатно ќе научите нешто ново. Дајте им можност на можностите.

И на крајот поставете си го прашањето: Ќе знаете ли некогаш каков е животот зад ѕидините доколку не ги срушите истите? 

 

Повеќе

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиент заглавен во експозитура на банка

Објавено

на

Стануваш наутро и сфаќаш дека денот нема да тргне на добро. Навиката ти вика користи мобилна апликација и плаќај што сакаш. Реалноста ти вика за тоа да го направиш мора да одиш да си ставиш пари на сметка. Стигаш кај најблиските банкомати, сфаќаш дека картичката што овозможува да ставиш пари од банкомат е истечена.

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

It’s a Digital, Digital world!

Објавено

на

Да, ова е дигитален свет и иако не се родивме во таков, дефинитивно ни годи!

Добар дел од компаниите и брендовите во денешницата се создадени на овој фронтиер и се пред своето време, друг дел одлично се адаптирани, но постојат и оние кои не се снаоѓаат најдобро во истиот. Затоа одвојте дел од вашето скапоцено време, за да позборуваме за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.

Ќе почнам со најинтересното и воедно најкрупното нешто кое ни се случува – социјалните медиуми. Колку и што од можеме да добиеме од нив?

Имено, на почетоците од мојата кариера со малку искуство, малку познавање на графички дизајн, малку контакти, но многу желба и идеи, социјалните мрежи беа „тука за мене“. Ми понудија начин да експериментирам во комуникацијата со различните целни групи. Открив многу интересни модели на однесување на публиката. Сето ова ме чинеше само: интернет, струја и некоја кутија цигари… Тогаш, да бидам искрен не замислував дека од оваа социјална мрежа ќе се роди цела индустрија и ќе биде еден од водечките канали застапен во буџетите. За мене на маркетинг тронот се уште беа традиционалните медиуми и пристапи. Но, еве после 10 години сум горд застапник на социјалните мрежи и дигиталните комуникации и тврдам дека нивното време допрва доаѓа.

Последните 6 години сум во автомобилската индустрија во која маркетинг буџетите драстично се намалија во изминатите 8 години. Слабата продажба и увозот на користени автомобили, значително ја отежнаа работата на луѓето и агенциите задолжени за маркетинг. Социјалните мрежи во овие „кризни времиња“ се покажаа како секирче на мраз за да се продолжи качувањето нагоре.

Секој корисник на различна социјална мрежа има различна природа или е од различен вид. Така на пример, ако го земеме просечниот корисник на најпопуларната мрежа Facebook, тој се карактеризира со потреба да му се обратите лично. Затоа ги имаме оние коментари како „cena?”„ima 38?“… Ова од вас бара поголема посветеност и ресурси, но од друга страна овозможува директно да допрете до корисникот од овој вид. Со последните новини кои овозможуваат на секој коментар да одговорите во приватна порака, апсолутно се подобрува директното обраќање и ви се овозможува на корисникот да му дадете “tailor made” понуда. Социјалните мрежи, како и корисниците се жива материја. Тие се менуваат регуларно. Она што допрва доаѓа и ќе се покаже „поживо“ од било што друго е Вештачката интелигенција. Иронично нели?

Останатите новини коа беа воведени конкретно на Facebook во последните години како Instant Articles го задржуваат корисникот на мрежата дури и кога тој мисли дека веќе излегол. Апсолутно сите истражувања покажуваат дека користењето на социјалните мрежи расте и дека порталите т.е. веб страните се борат за 30 до 60 секунди внимание кое корисникот би го потрошил на нивниот сајт и веднаш би се вратил да “скрола“ на мрежата. Ова е уште еден факт за исплатливоста на инвестицијата во платен маркетинг на социјалните мрежи.

Но, внимавајте, во буџетот секогаш да предвидите микс од Онлајн, Дигитални и Социјални медиуми. Бидејќи со дедицирање на целиот закуп само на социјални медиуми ризикувате да не добиете доволна ПР поддршка кај веб страните кои се од интерес за вашата целна група.

Друго на што морате да обратите внимание се „синовите и ќерките“ на Социјалните мрежи, т.е. таканаречените Инфлуенсери. Оваа категорија оди чекор понатаму во онаа директна комуникација и потреба за идентификација на корисниците. Да, луѓето се идолизирани и чувствуваат дека тоа можат да бидат и тие и дека тоа е нивен “cool” пријател.

Инфлуенсерите добиваат многу поголем reach во последно време особено во Македонија поради неколку факти:
Прво, по целиот скандал од бастионот на “fake news“ во светот, Титов Велес по старо, Трампов Велес по ново, Facebook значително го ограничи и го скрати reach-от на сите Facebook страни кои доаѓаат, се водат, или на било кој начин се поврзани со Македонија;
Второ, множењето на медиуми во просторот и социјалните мрежи кои ни ги донесе политичката нестабилност и политичката пропаганда, се оформија и зрачат многу медиуми кои не постојат за целта на реално, критичко известување, туку за други помалку или повеќе познати цели.

Трката за број еден социјална мрежа почнува да биде густа меѓу Facebook и „посинокот“ Instagram. Иако по број на корисници можеби доминира Facebook, во поглед на опфатот и ефектот на пораките Instagram со воведувањето на опцијата Stories, како да доби силен ветер во грбот и брзо гази напред.

Во некоја друга прилика, ќе ги споменеме и останатите социјални мрежи, некои успешни стратегии, како и моќните SEM, Programmatic и слично.
Морам да одам, имам некои постови и кампања за одобрување…

Извор: marketing365.mk

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange