Connect with us

Наградни игри

За чист град пазари со Mastercard на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Купувајте со дебитните Maestro и Mastercard картички на Охридска банка Сосиете Женерал учествувајте во наградната игра за почист град и станете потенцијален добитник на еден од седумдесетте велосипеди.

 

Од денес започнува најновата наградна игра во организација на Охридска банка Сосиете Женерал за корисниците на дебитните картички од брендот Mastercard. Како награда банката доделува седумдесет велосипеди.

Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на која било од дебитните картички од програмата на Mastercard, издадени од Банката: Maestro, Mastercard Debit Standard и Mastercard Debit Gold.

Правилата за учество им овозможуваат на сите корисници на дебитните картички од брендот Mastercard да учествуваат во наградната игра со направени најмалку 20 трансакции од кои минимум една трансакција да биде направена со Mastercard Debit Standard картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања. Како валидни трансакции се сметаат трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место на територијата на Република Македонија, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку интернет.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда, со тоа што на секои дополнителни 20 трансакции, од кои минимум една трансакција со Mastercard Debit Standard, името на корисникот на картичката уште еднаш ќе се појавува како можен добитник, со што се зголемуваат шансите за награда.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 21.2.2018 г. со почеток во 10:00 ч., во просториите на Охридска банка АД Скопје, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници.

Повеќе информации за наградната игра, клиентите можат да најдат на веб страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата.

Наградни игри

Министерството за финансии за прв пат организира ФинХакатон!

Објавено

на

Министерството за финансии на Република Македонија во соработка со Фондот за иновации за првпат организира ФинХакатон. Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Креираните алатки ќе треба да ги доближуваат јавните финансии до граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Извлечени добитниците од годишната анкета на Стопанска Банка АД Скопје – 2018

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги извлече добитниците кои учествуваа и комплетно ја одговорија годишната анкета на Банката за 2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Добитници на наградна игра „ЈАС ЦРТАМ – КОКО МЕ НАГРАДУВА“ на Кроациа Осигурување – Живот

Објавено

на

Крокодилчето Коко, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот организира едукативни и креативни работилници кои ќе им овозможат на децата преку дружење и забава да се стекнат со многу нови знаења. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange