Connect with us

Останато

Започна пријавувањето за престижните награди на “Sarajevo Business Bridge Awards 2018”

Објавено

на

Сараево Бизнис Форум (СБФ), водечката конференција за инвестиции во Југоисточна Европа, на 25 април ќе ги додели престижните признанија “Sarajevo Business Bridge Awards” на компаниите и поединците кои со својата работа, инвентивни идеи и вработување на млади лица придонесоа за развојот на претприемништвото и инвестициската клима во регионот.

Зависно од квалитетот на пристигнатите пријави, планирано е да се доделат награди во 6 категории, и тоа: нов бизнис/компанија на годината, бизнис/компанија на годината, претприемач на годината, компанија-вработувач на млади на годината, награда за општествено влијание и иновација на годината.

Наградите ќе бидат врачени на свечена церемонија во текот на првиот ден од одржувањето на 9-тиот годишен Сараево Бизнис Форум во присуство на светски и регионални политички и бизнис лидери, во Парламентот на Босна и Херцеговина.

„Сараево Бизнис Форум, како водечка економска бизнис платформа во регионот, има за цел да изгради подобро бизнис опкружување во целиот регион. Нашата мисија е развој на претприемништвото бидејќи само преку успешно вмрежување, развој на пазарот и вработување млади лица можеме да поттикнеме позитивни промени во нашето општество“ – изјави Амер Буквиќ, директор на ББИ банка, потенцирајќи дека конкурсот за награди е отворен за компании и поединци од регионот кои покажале исклучителни резултати во работењето и чија работа има позитивно влијание врз општеството во кое делуваат.

На овој начин СБФ дава поддршка на компаниите и поединците, а особено на компаниите кои започнале нов бизнис или вработуваат млади.

Традиционално, веќе деветта година по ред Сараево Бизнис Форумот го организира босанската ББИ банка во соработка со Исламската банка за развој (ИДБ). Покровител на деветтото издание на СБФ е Претседателството на Босна и Херцеговина со поддршка на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Советот на министри, локалните влади, Комората за надворешна трговија на БиХ, Стопанските комори на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и многу други компании од БиХ.

Минатата година овие престижни награди беа доделени на исклучителни компании и поединци од регионот. Наградата за општествено влијание на СБФ 2017 ја доби фондацијата „Хастор“, MSAN Група беше наградена за вработување млади лица, иноватор на годината во 2017 беше Горење, за нов бизнис беше прогласен HUB 387, додека за компанија на годината стручното жири на одбра HIFA Група.

Пријавите за СБФ наградите за 2018 година се отворени и компаниите и поединците може да се пријавуваат преку линкот: http://sarajevobusinessforum.com/awards.

Останато

Златото ќе не спаси ако има нова криза

Објавено

на

САД ја почнаа најголемата трговска војна во историјата и тоа со Кина, при што се очекува дека ќе има нова светска криза. Оваа криза која се заострува ќе има последици за секој граѓанин од секој дел на светот. Ова се случува во време кога неколку години по ред светската економија има раст.

Америка може светот да го втурне во рецесија, а инвеститорите веќе купуваат злато. Може да дојде до потопување на берзите и затоа парите се под ризик.

Се советува дека секој форма на штедење од пари на хартија е добро решение. Се наведува дека еврото и доларот се печатат секој ден без покритие и затоа нивната вредност паѓа.

Златото со години има позитивни резултати, и неговата цена скока. Ако пред 2000 години чинело 400 долари, денес унца е 1300. Цената на златото расте побрзо од инфлацијата и на тој начин се чува куповната моќ.

Злато се купува масовно во Германија, Австрија, Англија и Швајцарија.

Годишното производство на злато е ограничено на 2500 тони. Трошоците за експлоатација се високи, и шансите за поголемо производство се мали.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно јакне

Објавено

на

Криптовалутите денес продолжиле да јакнат. Биткоинот, прв пат од јуни, ја проби границата од 7 500 долари, според анализата на Блумберг.

Најпопуларната дигитална валута на почетокот на тргувањето пораснала за дути 3,1%, на 7 543 долари, а нешто подоцна тој раст спласнал на 0,8% во Лондон, според пресметките на агенциите.

Ривалските валути, како рипл, етерум и лајткоин, забележале мешовити резултати, но воглавно ги задржале добивките остварени ден порано.

И покрај најновото јакнење, вредноста на биткоинот и понатаму е за 30% пониска од историскиот рекорд, забележан во декември минатата година.

Продолжи со читање

Останато

Претседателот на КХВ м-р Нора Алити учествуваше на состанокот на Советот за развој на пазар на капитал

Објавено

на

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  М-р Нора Алити на 16 јули, 2018 година учествуваше на работниот состанок на Советот за развој на пазар на капитал што се одржа во Министерството за финансии.

Со Советот за развој на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски, можноста за воведување  на краудфандинг како начин за финансирање во Македонија  беше една од темите за кои се дискутираше  на Советот.

Како што беше истакнато , примената на краудфандинг, односно концептот на прибирање на средства од поголем број инвеститори за финансирање на компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Инаку, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти.

На Советот беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарските канали.

Во Советот за развој на пазарот на капитал, членови се гуверенерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела – на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange