Connect with us

Електронско банкарство

Е-готовина – нова услуга за подигнување пари од банкомат без картичка

Објавено

на

Граѓаните на Хрватска добија можност да подигнат пари од банкомат без картичка, со користење мобилен телефон.

Хрватската поштенска банка прва во Хрватска ја претстави услугата е-готовина, подигнување пари на банкомат без картичка.

Услугата на корисниците на мобилно банкарство им овозможува едноставно подигнување готовина на 344 банкомати низ Хрватска од Хрватската поштенска банка, со внесување код од мобилната апликација.

„Технологијата ги менува животите и бизнис потребите, а ние сме подготвени да понудиме нови, модерни услуги важни за нашите клиенти“ – вели Младен Мрвењ, член на Управата на HPB задолжен за информатика.

За користење на услугата доволно е да се пријавите на мобилната апликација на банката, да одберете износ и еднократниот код да го внесете во банкоматот.

Најавено е дека услугата е – готовина на почетокот на 2018 година може да биде проширена и со опција за брзо праќање пари на друго лице само со бирање контакт од телефонскиот именик.

Електронско банкарство

Кина вели дека отфрлањето на физички пари е нелегално поради популарноста на е-плаќањата

Објавено

на

Кинеската централна банка во понеделникот предупреди дека отфрлањето на готовина како форма на плаќање е нелегално, велејќи дека ваквите практики на крајот би можеле да предизвикаат губење на довербата во физички пари и неправедно кон оние кои не се навикнати на електронско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

мБанкаКо, нова мобилна апликација за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Во организација на Комерцијална банка, ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“,  наменет за правни лица, во среда, 5 декември 2018 година, со почеток од 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Бонус програмата на Халкбанк со поддршка за развојот на е-трговијата во Македонија!

Објавено

на

Бонус програмата на Халкбанк овозможува корисниците на кредитни картички од брендот Mastercard и Visa, издадени на физички лица да собираат бонус поени при трансакции на веб продавници кои користат виртуелен терминал од банката.

Притоа, поените кои ќе ги соберете имате можност да ги користите при плаќања во мрежата на POS терминали од Халкбанк.

Пресметката на бонус поените е едноставна, бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

АКТИВНИ БОНУС КАМПАЊИ: СОБИРАЈТЕ БОНУС ПОЕНИ ПРИ КУПУВАЊЕ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦИ!

Листа со активни веб продавници (.pdf документ)

Собирајте 5% бонус поени со секоја трансакција направена со кредитна картичка на Веб Продавниците кои користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје.

Кампањата стартува на 03.12.2018 (понеделник) во 09:00 часот и ќе биде активна до 10.12.2018 година.

Искористените поени се ставаат на располагање на кредитната картичка на клиентот во Халкбанк за сите трансакции направени на POS терминалите и e-commerce мрежата на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange