Connect with us

Форекс

ЕЦБ со предлог да се оданочува и регулира Биткоинот

Објавено

на

Биткоинот веќе одамна се смета за најдобрата алатка за перење пари и претставува предмет на шпекулации. Со цел да се спречат сите ,,сиви” процеси во чија позадина стои Биткоинот потребно е истиот да се регулира.

Евалд Новотни,  член на Управниот одбор на Европската Централна Банка и гувернер на Австриската централна банка смета дека владите мора да донесат закон за оданочување на Биткоинот.

,,Би требало да се применува основното правило кое важи за сите останати финансиски трансакции, сите учесници би требало да го објават својот идентитет. Потребен е данок на додадена вредност за Биткоинот имајќи предвид дека не станува збор за класична валута” – додава тој

Оваа дигитална валута им создава проблеми на централните банки бидејќи на сите кои сакаат да влезат во ,,бизнисот,, на перење пари им овозможува да ги избегнат строгите прописи кои важат за традиционалниот финансиски систем.

 

Домашни банки

Ќе успее ли конверзијата на приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје во обични?

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје на ден 12.12.2018 година ќе одржи собрание на акционери кое ќе биде особено значајно за акционерите кои имаат приоритетни акции. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Ангела Меркел со “шлаканица” за еврото!

Објавено

на

Германската канцеларка Ангела Меркел откако ја соопшти својата одлука да не се кандидира за претседателка на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на претстојните изборите кои ќе се одржат во декември, ја потона европската валута на рекорден минимун во последниве два месеци. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Централен депозитар за хартии од вредност со нов портал за следење на електронски извештаи

Објавено

на

Започнувајќи од денес, Централниот депозитар за хартии од вредност, го лансира својот најнов проект, за дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност. Дигитализацијата е во форма на портал за следење на електронски извештаи преку кои брзо и лесно се добиваат битните информации за издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange