Connect with us

Странски банки

ЕЦБ изрече парична казна за ирската банка “Permanent TSB”

Објавено

на

Европската Централна банка изрече парична казна за ирската банка “Permanent TSB”, поради неисполнување на барања поврзани за ликвидноста, што е прва ваква казна откако во 2014 ЕЦБ ја презема улогата супервизор на банките во еврозoната, објавија британските медиуми.

Од ЕЦБ очекуваат банките во еврозоната да одржат доволно ниво на високо ликвидни средства како би ја покриле разликата помеѓу очекуваните парични приливи и одливи во период од 30 дена.

 

Вкупниот износ на парична казна на “PTSB” се однесува на неуспехот да се исполнат две барања за ликвидност на ЕЦБ во периодот од 27 октомври 2015 до 26 април 2016 година, рече ЕЦБ. Исто така, додаде дека поради овие два случаи, состојбата на ликвидноста на ирските банки не се промени и дека проблемите се решени во меѓувреме.

 

Како што е соопштено од ЕЦБ, “Permanent TSB” е казнета со вкупно 2,5 милиони евра поради неисполнување на бараниот коефициент во периодот меѓу октомври 2015 година и април 2016 година.

 

Во светло на финансискатa криза од 2008 година, во еврозoната се воведени построги правила за ликвидноста за да се спречи повторување на ситуацијата која ирскиот банкарски систем го испрати на работ на колапс.

Странски банки

Credit Agricole оствари 6,8 милијарди евра нето приход во 2018 година

Објавено

на

Втората по големина француска банка по пазарна вредност, Credit Agricole SA оствари нето приход од 6,8 милијарди евра во 2018 година, што претставува зголемување од 4,7% во споредба со претходната 2017 година.

Одлично ниво на превземања на клиентите во текот на годината, особено во банкарството на мало во Франција и Италија (1,8 милиони во нови деловни односи) и продолжување на успешната работа во крос-продажбата ги неутрализира негативните ефекти на ниските каматни стапки, слабиот економски раст во Европа и неповолното пазарно окружување во последниот квартал, при што Банката оствари раст на приходите.

Во согласност со среднорочниот план на “стратешките амбиции 2020”, стабилниот, разновиден и профитабилен бизнис модел на Групацијата доведе до органски раст во сите деловни линии, главно, преку синергија помеѓу специјализирани деловни линии и малопродажната мрежа и  обезбеди високо ниво на оперативна ефикасност и со тоа создавање на услови за нови инвестиции во развој.

S&P Global Ratings на 19 октомври 2018 година, го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Credit Agricole SA и нејзините главни подружници за еден степен од А до А + со стабилен изглед.

Финансиска стабилност е дополнително зголемена во четвртиот квартал, со истовремено подобрување на адекватноста на капиталот CET1 од 0,1 процентни поени на 15,0%, што е за 550 базични поени повеќе од барањата на регулаторот.

Продолжи со читање

Странски банки

Кинеските банки одобрија рекордни 3.230 милијарди јуани за кредити

Објавено

на

Кинеските банки одобриле рекорден износ на кредити во јануари, бидејќи државата се обидува да ги поттикне инвестициите и да го спречи острото забавување на растот на економијата.

Банките одобрија рекордни 3,230 милијарди јуани (476,87 милијарди долари) нови кредити во јануари, што е далеку повеќе од очекувањата и притоа надминубајќи го рекордот од 2,900 милијарди јуани од јануари 2018 година, објави агенција Ројтерс.

Аналитичарите интервјуирани од агенцијата предвидуваа дека во јануари ќе бидат одобрени 2.800 милијарди јуани нови кредити, во споредба со 1.080 милијарди јуани од декември.

Според извештајот на Националната банка на Кина, побарувачката за заеми остро се зголеми во корпоративниот сектор, а пораст има и кај домаќинствата.

Корпоративните заеми пораснаа на 2.580 милијарди јуани од 473.3 милијарди јуани во декември, додека кредитите за домаќинствата се зголемија на 989.8 милијарди јуани од претходните 450.4 милијарди јуани за изминатиот месец.

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката и дивидендата на Credit Agricole се повисоки од очекувањата

Објавено

на

Credit Agricole SA, втората по големина француска банка по пазарна вредност, во последниот квартал (Q4) 2018, забележа поголем профит од очекувањата на аналитичарите, по зголемувањето на приходите од продажба и намалените трошоци за данок.

Нето добивката на банката со седиште во Париз во последниот квартал изнесува 1 милијарда евра, во споредба со профитот од 387 милиони евра за истиот период од 2017 година, кога банката прокнижи 400 милиони евра во даночни такси.

Добивката пред оданочување се зголеми за 6,5% и изнесува 1,38 милијарди евра. Приходите од продажба во Q4 се зголемиле за 4,3% за период од една година и изнесуваа вкупно 4,85 милијарди евра.

Од банката најавија и исплата на дивиденда за минатата година во износ од 0,69 евра по акција, што е подобро од очекувањата на аналитичарите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange