Connect with us

Сметки

Еуростандард банка воведува дневно – ноќен трезор

Објавено

на

Еуростандард банка ја воведе 24 часовната услуга дневно – ноќен трезор, преку која деловните клиенти ќе можат да ја депонираат својата готовина во банката во кое било време, во текот на целиот ден и ноќ.

 

Оваа нова услуга ќе им овозможи на деловните клиенти на банката практично решение за работа со дневните готовински средства, а со тоа и поефикасно искористување на работното време и навремена реализација на обврските од платниот промет.

Дневно – ноќниот трезор е всушност самопослужен уред – сеф во кој деловните клиенти ќе можат да ги депонираат или уплатат средствата во домашна валута на сигурно место и кога ним најмногу им одговара. Особено е погоден за сите деловни клиенти кои секојдневно располагаат со готовински средства, а нивното работно време не соодветствува на работното време на банката.

Депонирањето на средствата во дневно – ноќниот трезор се врши преку внес на готовината во сигурносен сеф, преку надворешниот сигурносен отвор (каса), кој се користи со помош на електронска картичка, која ќе ја добие секој корисник на услугата за негова идентификација. Депонираните средства ќе му бидат достапни на корисникот на дневно-ноќниот трезор на неговата трансакциска сметка, следниот работен ден.

За непречено и сигурно функционирање на дневно – ноќниот трезор, преземени се соодветни безбедносни и сигурносни мерки за зашитита од страна на банката, а во прво време услугата дневно – ноќен трезор ќе биде достапна само во централата на банката.

Оваа услуга промотивно ќе биде бесплатна до крајот на 2017 година.

Оваа услуга претставува особено важен чекор од аспект на флексибилноста на работењето на банката и нејзината ориентација кон потребите на клиентите и грижата за нивниот успех и поголема ефикасност во реализацијата на платниот промет и другите банкарски услуги“, изјавија од банката.

Сметки

Стопанска банка а.д Битола пушти во употреба два нови банкомати

Објавено

на

Стопанска банка а.д Битола со цел проширување на својата мрежа на банкомати и обезбедување на поголема достапност на своите услуги пушти во употреба два нови банкомати. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

М-р Драган Радески [КИБС]: Инстант-плаќањата се во центарот на новите платежни трендови!

Објавено

на

Содржината е преземена од специјализираното списание на Академија за банкарство и информатичка технологија „е-Банкар“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензионерско уживање со “Пензија на 1-ви” од Стопанска Банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти, пред се пензионерите, дека со почеток од 1-ви февруари 2019, ќе започне да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД – Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange