Connect with us

Колумни

Електронски шалтер?

Објавено

на

Сакале да признаеме или не тоа е иднината…кога ќе размислиш подобро тоа е веќе минато во некои иновативно напредни земји…но ние зборуваме за Македонија. Тука малку побавно се одвиваат работите и сеуште требаат многу аргументи кои се ЗА користење на електронско банкарство.

 

1. Личност на возраст до 40 години ако влезе во експозитура на Банка и му даде на референтот на шалтер едно “туце” налози за плаќање (било за струја, вода, кредитна картица, кредит, полиса за животно осигурување, итн…) тогаш треба провизијата за тие налози да биде 5 пати поскапа од стандардниот тарифник. ЗОШТО? Затоа што не е ОК млад, образован човек во овој динамичен свет да губи дел од драгоценото време за чекање да му дојде редното бројче, да бара место за паркинг, да се расправа со “само да прашам нешто” клиенти итн…

 

2. Ми стигнува платата на сметка, си ги знам тековните обврски…седнувам дома како господин отварам PC после работа или пред да си легнам и една по една си ги ликвидирам обврските. Дел си префрлам на штедна книшка, дел враќам долг кон другар или родител, плаќам режиски трошоци, плаќам полиса за животно осигурување, рата за автоодговорност и зелен картон и среќен можам да кажам дека за 10 минути сум ги завршил сите финансиски обврски што ги имам за месецот. Толку е едноставно! Не сакам да помислам дека има такви клиенти кои викаат “Се плаќа апликацијата” како изговор за да не ја користат. Ова другово хартиеново не се плаќа директно…ама индиректно малку посолено ќе го платите.

 

3. Статистиката на НБРМ ни дава податок дека од вкупно 57.446.973 безготовински трансакции во 2016 година, 34.127.349 се во хартиена форма или на шалтерите на банките (59,4%), додека 23.319.624 трансакции се во електронска форма (40,6%). Притоа, распределбата на електронските налози по медиуми е следна:

– мобилен телефон: 1,0%

– банкомат: 0,3%

– компјутер: 98,7%

Само за напомена, во електронските трансакции не влегуваат оние плаќања со картичка на ПОС, интернет итн. Статистиката се однесува конкретно на безготовински плаќања во банка или преку алтернативните канали кои се на располагање. Значи не е баш сјајна ситуацијата со користењето на овие алтернативни канали, треба уште многу да се работи на обука на населението и совладување на препреките и ограничувањата.

 

4. Мора да се “пофалат” и вработените во Банка кои треба иницијално – првиот пат малку повеќе минути да ти посветат за да ти објаснат како се инсталира, активира, користи апликацијата (било електронско или мобилно банкарство). Нема шанси, мора се да знаеш од моментот на влегување во експозитура…каков клиент си ти ако не знаеш како се инсталира и користи нивната технологија. И универзалниот одговор на најголемиот дел од банкарите е “Ако имате било каков проблем, јавете се на бројот на веб страната се ќе ви објаснат колегите”. Неколку причини се клучни за таквиот однос и тоа:

  • нема никаква контрола на работењето;
  • пола од вработените ни самите не ги користат овие алтернативни канали и не знаат да објаснат или надминат проблем;
  • зошто јас кога може некој друг.

Да нема лутење, секоја чест на исклучоците кои се спротивни од ова погоре и искрено се трудат на клиентот колку што можат повеќе да му помогнат (а, не дека му помагаат само си ја вршат работата за која се платени). Едно големо БРАВО за овие личности, затоа што банкарот е “доктор” за трансакциска сметка…замисли болен си и докторот ти вика, јави се на тој бројот на веб (подобро и да не замислуваме натаму).

 

5. Математиката е мошне едноставна. Во секој случај користењето на електронско/мобилно банкарство е поисплатливо од плаќањето на шалтер, во продолжение ќе наведеме пет предности. Прво, затоа што провизијата за налози секогаш е пониска преку електронско/мобилно банкарство, отколку ако одиш и плаќаш во експозитура. Второ, кога одиш во експозитура имаш дополнителен трошок за паркинг и гориво (скоро секаде се плаќа паркинг). Трето, изгубено драгоцено време кое секогаш може да се искористи за друга намена. Четврто, референтот во експозитура не треба да знае што плаќаш и колку плаќаш – се зависи од самиот тебе. Петто, си имаш онлине проверка на се во истиот момент кога ќе посакаш.

 

6. Изводи по пошта. Не можам никако да разберам како може подобра опција да е изводот да го чекаш да ти стигне во поштенско сандаче – испечатен. Јас да сум поштар намерно би ги “губел” хартиените изводи се додека не се освестат луѓето и не почнат да користат online извод.

 

НАРАВОУЧЕНИЕ: Апел до помладите, кога ќе треба да донесете одлука со која банка ќе соработувате – одберете ја онаа која е најиновативна. Бидете мангупи, не се појавувајте во банка – а завршувајте си ги сите обврски. Користете ги сите FinTech услуги, ќе дојде време кога сите ќе зависиме од тоа (ако веќе не зависиме). Дури и кога ви треба информација за некој кредит или друг производ за кои треба да ги споредите условите во неколку банки, денес веб страните содржат доволно информации за да имате јасна слика, а поголем дел од банките имаат online аплицирање за производи. Буквално СЕ можете да правите ONLINE!

 

Не заборавајте да читате совети за безбедно користење на апликациите и постојано да се усовршувате, бидејќи верувајте дека тоа е иднината за сите.

 

До следната колумна, Ве поздравувам…

 

(Филип)

Повеќе

Колумни

8 причини зошто сакате да ја напуштите работата

Објавено

на

Кога одите на интервју за нова работна позиција, треба да бидете подготвени да одговорите на прашањата зошто ја напуштате работата или зошто го оставивте претходниот работодавач. Наместо да се фокусираме на минатото – и какви било негативни искуства – вашиот одговор треба да ја отвори вратата за дискусија за тоа зошто оваа нова позиција е совршена работа за вас.

Содржината на вашиот одговор ќе зависи од тоа дали сте заминале доброволно или сте биле замолени да заминете, важно е да одговорите на начин што ве фрла во позитивно светло. Начинот и причините за да ја напуштите работата и да најдете нова, треба да бидат водени од вашите цели, но има неколку клучни аспекти кои мора да ги знаете и за другата страна.

Ние извдоивме неколку клучни аспекти кои треба да ги запазите:

  • Ако им кажете дека сакате кариерно да растете, тие мислат дека имате скриена политичка агенда.
  • Ако им кажете дека вашиот шеф е неправеден, тие ќе мислат дека имате проблеми со авторитетот.
  • Ако им кажете дека не сте задоволни со тековната плата, тие ќе мислат дека сте алчни.
  • Ако им кажете дека не се согласувате со некого, ќе мислат дека е тешко да работите во тим.
  • Ако кажете дека сакате да бидете поблиску до дома за да поминете повеќе време со вашето семејство, тие ќе мислат дека сте мрзливи.
  • Ако им кажете дека барате поголеми предизвици, тие ќе мислат дека не сте искрени.
  • Ако им кажете дека сакате да стекнете нови вештини, тие ќе мислат дека ќе ги напуштите кога ќе завршите со стекнување.
  • Ако им кажете дека тие се тие го иницирале контактот со вас и дека сте заинтересирани, ќе мислат дека се правите паметни.

Вистината е дека сите горенаведени причини се валидни и се вистинските причини зошто добрите луѓе се откажуваат. Едноставно ако сте квалитетни во своето работење и знаете дека можете да постигнете повеќе, ќе сакате нови и поголеми предизвици

Паметна тактика е да ја го промените прашањето и наместо да одговорите зошто сакате да си одите од работното место, да одговорите што го прави подобро новото работно место.

Продолжи со читање

Колумни

Жените со ниски потпетици се попродуктивни

Објавено

на

Жените секогаш се облекуваат елегантно за своето работно место, особено ако постои кодекс на облекување во нивните компании. Меѓутоа, тоа што ги разликува сите една од друга се потпетиците што ги носат, докажано е во најновите истражувања за женската продуктивност.

Најпродуктивни се оние жени кои не носат потпетици и не чувствуваат тежина од работењето. На крајот од работното време се многу поопуштени и релаксирани од останатите.

Вторите по ред се жени кои носат ниски потпетици. Удобноста докажано ја зголемува продуктивноста, а има ли поубаво нешто од удобни чевли?“, стои во резултатите од ова истражување.

Значи, пасијата на жените за купување на потпетици всушност е осигурување за нивната удобност и продуктивност.

Продолжи со читање

Колумни

Дали можеме да им веруваме на банките?

Објавено

на

На наједноставно ниво, довербата обезбедува врската помеѓу познатото и непознатото и ни овозможува да се поврземе со други луѓе и идеи.

Довербата во банките може да се подели на три нивоа;

  • Основни очекувања – дали банката ќе ги штити моите пари и мојот идентитет и моите финансиски информации;
  • Ветувања – дали банката ќе ги почитува ветувањата што ги направи, експлицитно или поинаку, во однос на основните услуги;
  • Основни вредности – дали банката е способна да ја прави вистинската работа за своите клиенти, дури и ако тоа значи помал приход по трансакција.

Банките треба да испорачуваат доверба кај своите клиенти на сите нивоа, но тоа е третото, зачувување на основните вредности е најважно. Првите две едноставно се сметаат за стандардни. За жал, ова е местото каде што повеќето институции не успеваат, особено кога нивните бизнис модели вклучуваат внатрешни субвенции на повеќе клиенти.

Банките имаат проблем со довербата, но начинот на кој довербата е перцепирана од општеството исто така се менува. Пријателите, сајтови за оценување, колегите, блоговите и медиумите се нови извори на доверба. Преку засилување и агрегација, технологијата ги комбинира овие извори на информации за да им овозможи на банките да изградат репутација.

Што значи ова за банките? На ниво на поединецот, довербата се воспоставува преку дејства, а не зборови. Затоа, секоја клиент преку интеракција треба да изгради доверба и да ја даде на банката.

Не постои средишна основа. Секоја интеракција го гради брендот или го уништува. Лојалноста е реципрочна врска која успева на взаемна доверба и разбирање. За Банките нема подобро место за почеток отколку со демонстрирање дека им веруваат на своите клиенти.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange