Connect with us

Форекс

Еврото го достигна највисокото ниво во однос на доларот од 2015 година

Објавено

на

На светските валутни пазари еврото во однос на американскиот долар минатата седмица силно порасна, па неговиот курс го достигна највисокото ниво од јануари 2015 година.

Цената на еврото во однос на американската валута скокна минатата седмица за 1,3%, на 1.1920 долари, а во еден момент од тргувањето во петокот достигна и вредност од 1,1940 долари, што е највисокото ниво од јануари 2015 година.

 

Тоа се случи откако претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) се воздржа од коментари за валутата на конференцијата во Џексон Хол, а пазарите се грижат за влијанието на ураганот Харви врз американската економија.

 

Бидејќи по Џексон Хол фокусот останува на еврото, доларот не губи многу на пазарите. Во однос на јапонската валута, доларот зајакна, па курсот му се зголеми за 0,2%, на 109, 35 јени.

 

Меѓутоа, индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, минатата седмица се лизна за 0,9%, на 92,5 поени, што е најниското ниво за повеќе од една година.

Форекс

Централен депозитар за хартии од вредност со нов портал за следење на електронски извештаи

Објавено

на

Започнувајќи од денес, Централниот депозитар за хартии од вредност, го лансира својот најнов проект, за дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност. Дигитализацијата е во форма на портал за следење на електронски извештаи преку кои брзо и лесно се добиваат битните информации за издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.  (more…)

Продолжи со читање

Форекс

До 50% намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија!

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција, со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 1.7. – 30.9.2018 година.  (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Предности и слабости на Форекс

Објавено

на

Foreign Exchange (FOREX) се однесува на девизниот пазар. Тоа е пазар во кој се тргува со најголемите светски валути. Се смета за најголем и најликвиден пазар во светот. Не е игра на среќа, ниту пак пирамидална измама. Но, бара трпение, упорност и знаење.

Ние излиставме многу предности и слабости на ваквиот начин на тргување, но решивме да ги издвоиме најглавните и да ги споделиме со вас.

Предности на Форекс се: 

  1. Една од најдобрите страни е што не е потребна голема инвестиција. Односно не ви е потребна скапа технологија за да започнете со тргување. Доволно е да имате сопствен компјутер и стабилна интернет конекција.
  2. Форекс ви дава слобода. Не сте врзани ниту за канцаларија ниту имате директор пред кој одговарате. Сами одлучувате кога, од каде и колку ќе работите. Поентата е во тоа што Форекс е глобален, децентрализиран пазар кој работи 24 часа.
  3. Можете да заработите повеќе од една плата во месецот.

Слабости на Форекс се:

  1. Доколку не знаете точно што правите и не ги разбирате доволно добро финансиските пазари, наместо добивка, може да доживеете голема загуба.
  2. Нема кој да ве спречи да направите грешка. Ќе згрешите и многу често ќе се прашувате каде сте згрешиле. Нема да имате претпоставен и поискусен до вас, кој ќе ви ја објасни грешката. Се ќе мора да учите сами.
  3. Мора да инвестирате голем капитал, ако сакате да станете богати. Ова го зголемува ризикот.

При носење на одлука дали да започнете да тргувате, мора да бидете сигурни дека сте ментално стабилна личност и спремни да превземете поголем ризик врз себе. Колку што можете да заработите, толку можете и да изгубите. Пазарот е непредвидлив и се менува секоја секунда.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange