Connect with us

Домашни банки

Драгољуб Арсовски продаде 3.000 обични акции од ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје преку известување на Македонска берза информира дека претседателот на Управниот одбор на банката, д-р Драгољуб Арсовски продаде 3.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје.

Драгољуб Арсовски е претседател на Управниот одбор на ТТК Банка речиси 10 години со постојан реизбор. Тој по неколкугодишно вложување во акциите на Банката, се реши да се ослободи од поголема количина на акумулираните акции и притоа да се стекне со паричен капитал од околу 50 илјади евра сразмерно гледано на актуелната просечна цена на една акција на ТТК Банка на Македонска берза.

Драгољуб Арсовски од неговото назначување за претседател на Управниот одбор на ТТК Банка се стекна со над 1000 обични акции со право на глас што е под 1% од основната главнина на друштвото. Во текот на изминатите години, д-р Арсовски речиси редовно се стекнуваше со нови акционерски удели и преземаше акции. Последен пат кога презеде акционерски удел беше во 2014 кога се стекна со 1000 акции на ТТК Банка, а истата количина ја презеде и во 2013 година. Арсовски најмногу акции, дури 2.136 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје, презеде во текот на ноември 2013 година.

Според моменталните показатели на Македонска берза просечната вредност на акцијата на ТТК Банка изнесува околу 1000 денари.

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал банка ја прошири својата мрежа на експозитури во Кисела Вода, Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange