Connect with us

Форекс

Драгонкард – нова дебитна картичка која овозможува размена на криптовалути со пари

Објавено

на

Нов старт-ап бизнис од Лондон, ,,London Block Exchange” (LBX) лансира припејд картичка поврзана со апликација која ќе им овозможува на луѓето да чуваат и да трошат криптовалути на територијата на Велика Британија.

LBX започна со својата работа во вторникот. Неговите цели се да овозможи размена на фунти во криптовалути и да лансира VISA припејд кредитна картичка наречена ,,Драгонкард,, која ќе им овозможи на луѓето криптовалутите Биткоин, Етериум, Монеро, Рипл и Литкоин, да ги разменат во фунти и да ги трошат во Велика Британија. За почетокот размената ќе биде овозможена само за овие криптовалути, а од компанијата велат дека натака ќе работат на додавање и на други криптовалути кои ќе можат да се разменат.

VISA картичката ќе биде направена од Wavecrest, производител на картички со седиште во Гибралтар. Таа ќе биде поврзана со апликација која ќе им овозможи на корисниците да купуваат и користат криптовалути како и да ги разменуваат преку LBX. Клиентите ќе може да повлекуваат пари од картичката, а криптовалутите ќе бидат претворени во фунти во моментот на повлекување на парите.

,,Лондон треба да биде главен финансиски центар, а моментално е спротивност на тоа, односно, е тешко место на кое инвеститорите може да влезат и да тргуваат на пазарот на криптовалути. Нашата цел е да го промениме тоа преку отстранување на бариерите за пристап на пазарот и со тоа што ќе им помогнеме на луѓето да имаат доверба во она што ние веруваме дека е иднината на парите” – вели Ben Dives основачот на LBX.

Изршен директор на оваа компанија е Adam Bryant кој има поминато 18 години во Credit Suisse и две години во UBS пред да се приклучи на тимот на LBX.

На клиентите ќе им биде наплаќано по 5% провизија при купување и продавање на криптовалути преку оваа платформа, а надоместокот за Драгонкард ќе биде 20 фунти.

Иако LBX е првата компанија во Велика Британија која нуди ваков тип на криптовалутна картичка поради експлозивниот интерес за криптовалутите во 2017 година голема е веројатноста на пазарот наскоро да се појават и конкурентни компании.

 

Форекс

Годишниот промет на Македонска берза со пораст од 56,7% во 2017 година

Објавено

на

Македонска берза го објави Годишниот статистички билтен според кој прометот остварен за 2017 година изнесува 4.738.444.919 денари или 56,7% повеќе во однос на 2016 година кога изнесувал 3.023.394.172 денари.

Класичното тргување опфаќа најголем дел од прометот, односно 2.907.809.921 денари, потоа блок трансакциите 1.817.744.356 денари и јавните берзански аукции 12.890.642 денари.

Според податоците бројот на трансакциите изнесувал 16.045 што е за 25.7% повисок од 2016 каде се рализирале 12.765 трансакции.

Пазарната капитализација во 2017 година изнесуваше 136.338.756.416 денари и е повисока за 17,8% во однос на 2016 година кога изнесувала 115.710.274.852 денари.

Најтргувани акции на официјалниот пазар во 2017 година се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Гранит Скопје, Македонијатурист Скопје, Охридска банка, ТТК Банка Скопје и УНИ Банка Скопје.

Годишниот статистички билтен на Македонска берза, за периодот од 01.01 – 31.12.2017 година можете да го погледнете на линк.

Продолжи со читање

Форекс

Јужна Кореја ги забранува криптовалутите

Објавено

на

Јужна Кореја планира целосно со закон да ги забрани криптовалутите вклучувајќи го и Биткоинот поради несигурноста која ја создаваат истите.

Биткоинот и уште неколку криптовалути се соочија со пад на вредноста, кај некои од нив дури и од 10%, и во овие моменти веднаш се поставува прашањето каква врска има тоа со одлуката донесена во Јужна Кореја. Во меѓувреме, неколку процеси на тргување во Сеул оваа година, се под истрага поради затајување на данок.

Во Јужна Кореја многу мал број на луѓе поседуваат и тргуваат со криптовалути. Моментално, таму се подготвува законодавство кое во целост ќе стави клуч на ваквиот тип на размени. Една од најголемите берзи за продажба и купување на Биткоини, јужнокорејската берза Bithbumb неодамна беше цел на хакерски напад. Bithbumb е една од најголемите и најпрометните Биткоин берзи на светот, а овој случај само докажа дека порастот на вредноста на криптовалутите предизвикува интерес и внимание не само од купувачите и продавачите туку и од хакерите.

Владата на Јужна Кореја и претходно произлезе со најави дека ќе врши поинтензивен мониторинг на тргувањето со криптовалутите, во ова вклучувајќи ги и потезите за откривање на идентитетот на трговците.

 

Продолжи со читање

Форекс

Ворен Бафет: ,,Со сигурност тврдам дека дигиталните валути ќе завршат лошо”

Објавено

на

Мислењата околу вредноста и инвестирањето во Биткоинот остануваат поделени дури и кога станува збор за најбогатите и најмоќните луѓе во светот.

Веднаш откако директорот на банката ,,ЈП Морган Чејс”, Џејми Дајмон, изјави каење што Биткоинот го нарекол измама и дека неговата моментална позиција го докажува токму спротивното, американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет, изјави дека никогаш нема да инвестира дел од своите пари во криптовалути.

„Можам да тврдам со сигурност дека дигиталните валути ќе завршат лошо“, додава Бафет во интервју за СиЕнБиСи.

Биткоинот не ги разбранува само мислењата на најбогатите, тој влијае и на светот на инвестициите со неговата константа флуктуација. Во еден момент Биткоинот ја надмина вредноста од 19 илјади долари.

Последниот негов пад од 3% го симна на вредност од  околу 13.980.

Дали навистина ќе заврши приказната наречена Биткоинот и каков би бил нејзиниот крај, останува да видиме.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange