Connect with us

Осигурување

Донација од Еуролинк за дечињата од Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас

Објавено

на

Вчера, во Битола, беше доделена донација на 76 таблети за дечињата од Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола од страна на претставници на Еуролинк Осигурување.

 

Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола веќе 70 години активно работи, со рехабилитација и образование на децата со оштетен слух, говор, глас. Во заводот се регистрирани 76 деца од целата држaва, од кои 36 се интернатски сместени. Во однос на типот и степенот на попреченост во институцијата се опфатени деца со оштетен слух, деца со аутизам, деца со интелектуална попреченост и деца со комбинирани пречки во развојот – мултихендикепирани деца.

“Потребата од таблети како наставни помагала е од посебен интерес за овие ученици, со што ќе им се олесни пристапот во совладување на наставната програма. Со оглед дека нема соодветни учебници за децата со посебни потреби, тие секојдневно се изложени во текот на наставата со визуелно прикажување на тоа што се учи. Таблетите се со можност за соодветни апликации за игри и стручна настава наменети за учениците кои се опфатени во заводот, а се со различен тип на попреченост, со што воедно и ќе се компензира недостигот на информации од наставната програма. Таблетите претставуваат одлична можност и за меѓусебна комуникација меѓу децата, надвор од училишните активности. Во таа насока, оваа донација е за нивна лична употреба” − изјави г-ѓа Маре Стојменовска Мицева, директор на Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола.

“Во годината кога Еуролинк слави 15 години од своето постоење, продолжуваме да го даваме својот придонес во поддршка и унапредување на образованието, овој пат за децата со оштетен слух, говор и глас за да им го олесниме пристапот во совладување на воспитно – образовната програма, да им овозможиме еднакви можности за развој, како и на другите нивни врсници” – изјави Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк Осигурување.

Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

Домашни банки

Хуманитарен настан на Халк банка и Кроациа осигурување живот

Објавено

на

Утре, од 11 до 14 часот во Градски парк во Скопје кај познатата „школка“ со многу музика, забава и награди за оние кои сакаат да се испробаат на „тркалото на среќата“, Халк банка ќе ја промовира својата нова понуда – „ризико“ кредити со животно осигурување која ја реализира во партнерство со Кроациа Осигурување живот.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Соништата на нашите деца се сериозна инвестиција

Објавено

на

Септември со себе го донесе почетокот на новата учебна година, а на прагот е и почетокот на новата академска година.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.

Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.

Ексклузивноста на овој производ се состои во поврзаноста на штедната и осигурителната компонента. Со полисата за Коко – Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина.

ПРИДОБИВКИ:

  • Обезбедете за Вашите најмили остварување на соништата, квалитетно високо образование, олеснување на зачекорувањето во самостоен  живот;
  • Штедна компонента – Сите средства кои ги вложувате се повратни.
  • Заштитено со девизна клаузула
  • Осигурување за целото времетраење на договорот
  • Финансиски сигурна иднина за Вашите најмили
  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години.
  • Можност за избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата Дирекција

Полисата КОКО детско штедно осигурување има бројни дополнителни поволности. Една од тие бенефиции е и подарокот за завршено средно образование на детето со одличен успех. Полисата за Коко детско штедно осигурување претставува целосен пакет за осигурување на Вашето дете со истовремено долгорочно и сигурно штедење. Уплатата за оваа полиса може да изнесува и само 1.200,00 денари месечно. 

Дополнително, самата полиса претставува и потенцијален билет за патување во Дизниленд. Имено, сите деца кои во текот на годината ќе станат осигуреници на Кроациа Осигурување – Живот, стануваат учесници во наградната игра „Коко Ве води во Дизниленд“ и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор се избира на крајот од годината.

Со полисата за детско штедно осигурување родителите се стекнуваат со право на користење на CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Croatia картичка за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од  300 локации низ цела Македонија. Ова може да биде начин Вие да заштедите за полисата за Коко детско штедно осигурување.

Покрај основните карактеристики, кои подразбираат детско штедење со истовремено осигурување, овој производ го карактеризира и осигурителна компонента во случај на смрт на Договорувачот (лицето кое ја врши уплатата). Оваа осигурителна компонента гарантира исплата на Договорената осигурена сума, односно сумата која сакал Договорувачот да ја заштеди, без обврска да се продолжи со плаќање на полисата.

За дополнителни информаци поврзани со понудата контактирајте со нашите телефонските оператори на телефонскиот број 071 345 746. Операторите се достапни и за Вибер комуникација.

Продолжи со читање

Домашни банки

Банкосигурување настан: Сигурно е да си осигуран!

Објавено

на

Во свет полн со предизвици и непредвидливи моменти, Сигурно е да си осигуран! (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange