Connect with us

Наградни игри

Доделени наградите од наградната игра на Охридска банка Сосиете Женерал „За чист град пазари со нашата Мастеркард“

Објавено

на

По повод иницијативата за чист град и еко средина, Охридска банка Сосиете Женерал на 23 февруари 2018 година, во Дирекцијата на Банката ги додели наградите од наградната игра „За чист град пазари со нашата Мастеркард“ наменета за сите иматели на картички.

Официјалното извлекување на добитниците на награда се одржа на 21.02.2018 година, во просториите на Банката, во присуство на трочлена комисија, составена од двајца вработени во Банката и овластен Нотар.

Според правилата, право на учество во наградната игра имаа сите клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал, иматели на дебитните картички Маестро и Матеркард стандард дебит, со кои требаше да се направат најмалку 20 трансакции од кои минимум една трансакција направена со Мастеркард стандард дебит картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања.

Со доделување на вкупно 70 велосипеди, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш покажа дека како општествено-одговорна компанија, се грижи за животната средина, за чистиот воздух и се обидува да влијае за подигање на јавната свест за промена на навиките на граѓаните за употреба на алтернативни средства за јавен транспорт, а со тоа се придонесува и до заштита на животната средина.

Благодарение на оваа иницијатива и на успешната наградна игра, денес имаме 70 нови велосипеди на улиците низ Македонија кои освен што ќе го подобрат урбаниот лик на населените места и градовите, туку ќе делуваат и локално за почиста околина.

Нe радува што добитниците на велосипеди од различни возрасни групи и различни населени места од земјава, изјавија дека ентузијастички ќе ги користат велосипедите за рекреативни и туристички потреби, но и како алтернативно средство за превоз.

Имињата на добитните се објавени на веб страната на Охридска банка Сосиете Женерал www.ohridskabanka.mk.

Наградни игри

Наградна игра на НЛБ Банка: „Активирај NLB Pay и освој Samsung S9!“

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 05.12.2018 до 15.01.2019 година организира наградна игра за сите корисници на NLB Pay мобилниот паричник.   (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Министерството за финансии за прв пат организира ФинХакатон!

Објавено

на

Министерството за финансии на Република Македонија во соработка со Фондот за иновации за првпат организира ФинХакатон. Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Креираните алатки ќе треба да ги доближуваат јавните финансии до граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Извлечени добитниците од годишната анкета на Стопанска Банка АД Скопје – 2018

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги извлече добитниците кои учествуваа и комплетно ја одговорија годишната анкета на Банката за 2018 година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange