Connect with us

Платежни картички

Дигиталните платежни картички ќе доминираат во регионот во блиска иднина

Објавено

на

FinTech претставува подрачје кое особено брзо расте, каде се вклучени голем број на актери – од претприемачи и извршни директори до обични минувачи на улица. Причината за тоа е што новите технологии го менуваат начинот на кој вршиме трансакции, без разлика дали станува збор за едноставен и секојдневен пренос на средства или сложени процеси кај големите банки.

Еден од трендовите кој ќе доминира во финансиската индустрија во 2018 година и во блиска иднина секако е NFC (Near Field Communication) технологија која веќе го менува начинот на кој вршиме плаќања. Во многу земји се користи за да се овозможат бесконтактни плаќања при кои корисниците само ја доближуваат платежната картичка до читачот на картички. Оваа технологија исто така е вградена во најсовремените паметни телефони, што им овозможува на корисниците да го платат своето кафе со мобилен телефон без да имаат со себе платежна картичка.

Visa имплементираше дигитална картичка која овозможува брзо, ефикасно и сигурно плаќање со мобилен телефон на сите ПОС уреди и банкомати со бесконтактни читачи. Услугата за бесконтактно плаќање со мобилен телефон е овозможена благодарение на напредната HCE (Host Card Emulation) технологија.

Што претставува HCE (Host Card Emulation) технологијата?

Mastercard исто така лансираше најсовремен начин за бесконтактно плаќање преку мобилен телефон со користење на мобилна апликација наменета за корисниците на Android уреди. Со помош на оваа апликација се врши плаќање на ПОС уреди кои читаат Mastercard платежни картички и имаат бесконтактен читач. Апликацијата може да се инсталира на сите телефони со NFC (Near Field Communication) технологија која се користи за бесконтактни плаќања.

Што претставува NFC (Near Field Communication) технологијата?

Новите технологии се толку брзи што е речиси невозможно да се следат. Ова е особено застапено во финансиските дејности, каде луѓето имаат тенденција да го скратат потребното време во кое прават одредени работи.

Компаниите како Visa и Mastercard и понатаму работат на понатамошни чекори кои ќе го олеснат секојдневното купување. Иднината е дефинитивно во NFC (Near Field Communication) технологијата преку која бесконтактните плаќања се пренесуваат на носиви артикли.

Паметни часовници, прстени, наочари за сонце, мобилни апликации, дигитални паричници, стикери за телефон, алки и други “гаџети” се само дел од работите со кои во иднина ќе можете да плаќање на било кој ПОС уред или банкомат во светот со помош на визијата и развојната стратегија на интернационалните картични компании Visa и Mastercard.

Фокусот на новите биометриски решенија како отисок од прст имаат за цел да го исфрлат “од игра” внесувањето на ПИН. Иако тие процедури се многу полесни и посигурни – голем дел од клиентите сеуште се плашат од нив. Развојот на платежните трансакции е “лудило” и луѓето допрва ќе бидат воодушевени што се е можно во светот на плаќањето.

 

Осигурување

Сигурна иднина со Diners Club и Кроациа Осигурување – Живот

Објавено

на

Животот е премногу важен за да го препуштиме на случајност. Искористете ја двојната поволност: осигурување и долгорочно штедење, која Ви ја нуди полисата за животно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот и Diners Club и притоа плаќајте на 12 рати без камата! (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Mastercard заработи казна од 570 милиони евра

Објавено

на

Европската комисија ја казни компанијата за парични трансакции Mastercard со 570,6 милиони евра поради примена на регулативи кои вештачки ги зголемиле трошоците за плаќање со картички во Европа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Mastercard го менува своето препознатливо лого!

Објавено

на

Компанијата Mastercard објави дека донесена е Одлука за менување на изгледот на своето препознатливо лого. По повеќе од половина век, компанијата ќе го отстрани своето име од логото, каде како заштитен знак ќе останат само црвениот и жолт круг. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange