Connect with us

Домашни банки

ДИВИДЕНДА: Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 180 денари по акција

Објавено

на

Комерцијална банка, преку повикот за Годишно собрание ја објави предлог – одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2017 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 27.02.2018 година.

Дивидендата за 1 (една) обична акција ќе изнесува 180 денари, односно 18% во однос на номинална вредност од 1.000 денари.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 04.04.2018 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2017 година, е 19.04.2018 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2017 година е 17.04.2018 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2017 година е 18.04.2018 година. Исплатата на дивиденда за 2017 година ќе започне на 30.04.2018 година. Дивидендата за 2017 година ќе се исплатува во готово.

Годишното собрание на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 04.04.2018година (среда), со почеток во 12.00 часот, во Скопје, во Сити Мол, (ул. Љубљанска бр.4), на II кат, во Сала број 4 –  „Комерцијална банка“.

 

Домашни банки

АНКЕТА: Избор на БАНКА НА ГОДИНАТА – 2018 година

Објавено

на

Крајот на годината е вистинско време да се сумираат резултатите и да се анализира постигнатиот успех во работењето за 2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Синдикатот на Шпаркасе Банка и Државниот студентски дом организираа акција за садење на 100 садници

Објавено

на

Во текот на денешниот ден, Синдикалната организација при Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Државниот студентски дом – Скопје организираше акција за садење на повеќе од 100 садници во рамките на студентските домови “Гоце Делчев” и “Стефан Наумов – Стив”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ – настан на Комерцијална банка

Објавено

на

Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 5.12.2018 година се одржа настан „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за корпоративните клиенти на Банката. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange