Connect with us

Депозити

ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ: Иновативни програми за штедење кои ги нудат банките

Објавено

на

Кога станува збор за штедењето првично се поставуваат две прашања поврзани со тоа. Првото прашање најчесто е како да ги заштедиме парите, а второто, откако ќе заштедиме како најдобро да ги искористиме истите?

Мораме да признаеме дека е навистина тешко да одвојуваме дел од своите приходи за заштеда. Банките насекаде низ Светот нудат различни програми преку кои им помагаат на своите клиенти да ја управуваат својата заштеда. Иако можеби звучи и неверојатно, има банки кои помагаат во мисијата за штедење на пари. 

Една од поинтересните практични програми кои го помагаат штедењето е програмата на Банката на Америка чија програма е насловена како : “Задржи го кусурот”. Сите оние кои имаат отворено сметки во оваа банка можат да бидат членови на оваа програма. При купувањето со дебитната картичка на Банката на Америка крајната продажна цена се пресметува на најблиската повисока заокружена сума, а разликата директно се пренесува на штедната книшка на клиентот. 

Многумина си поставуваат конкретни цели за кои сакаат да ги заштедат своите пари. Capital One е онлајн банка која им олеснува на корисниците да ги организираат и дисциплинираат своите заштеди со цел да ја остварат поставената цел. Можете да отворите до 25 штедни сметки со различни поставени цели како “500 долари за подароци за празниците кои следуваат”, или “2000 долари за одмор”. На овие сметки можете да внесувате колку ќе издвоите без разлика дали на неделно или месечно ниво, а автоматската алатка за следење на вашите цели пресметува уште колку време и колку вложени средства ви се потребни до остварување на вашите поставени цели. Доколку имате вие самите поставено целна дата до која што треба да ги остварите целите оваа алатка константно ќе ве потсетува на тоа пресметувајќи ги износите кои ќе бидат потребни да ги уплаќате на неделно или месечно ниво.

Помеѓу многуте сервиси кои нудат поддршка на своите клиенти во процесот на штедењето е и Citigroup кој претставува мултинационален  инвестиционен финансиски сервис. Овој сервис поаѓа од фактот дека за да започне процесот на штедење најпрво е потребно добра организација на средствата кои ви се на располагање во моментот. Целта е да видите каде го трошите вашиот приход и каде можете да скратите со цел да заштедите. Преку алатките на оваа групација можете да направите месечни буџети и свои категории каде што ги трошите средставата. Овој сервис има за задача да ве извести преку испраќање на соодветен е-маил во моментите кога смета дека неразумно сте ги потрошиле своите пари или кога ќе забележи дека се приближувате до границата која што не треба да ја поминете.

Многу често банките имаат т.н промотивни програми за штедење. Ова се програми кои тие ги нудат само во еден ограничен период во кој доколку се одлучите да го започнете своето штедење банката дополнително ве наградува и го помага истиот процес. Условите најчесто се клиентите по отварањето на сметката да пренесат одреден депозит на истата кој нема да ја менува состојбата во следните месец или два и за возврат ќе добијат одредена сума на средства од страна на банката. Salem Five Bank е исто така американска банка која нуди ваква слична програма за своите клиенти. Со секое отварање на сметка во оваа банка клиентите добиваат подарок VISA картичка со дополнителни 100 долари. За да ја добијат оваа картица клиетите треба да уплатат еден директен депозит, да направат 6 онлајн трансакции во износ од над 25 долари или пак да направат 20 трансакции со дебитната картичка секое во износ од над 5 долари во рок од 60 дена. 

Во последно време станува многу актуелно штедењето за деца. Родителите започнуваат со штедење на средства уште од најмала возраст на детето и токму затоа банките воведуваат и програми за детско штедење. Со напредокот на технологијата, постојаното плаќање со картици или онлајн извршените трансакции претставуваат потешкотија при обидот да се објасни на децата важноста на парите бидејќи тие немаат никаков допир со нив и не можат да создадат претстава како се трошат средствата. ASB која е една од водечките банки во Нов Зеланд смислила интересен начин преку забава да го долови на децата процесот на трошење и штедење на парите. Состојбата на сметката на детето е претставена на екранот на еден апарат во форма на слонче кои испушта звуци и се движи секој пат кога ќе бидат извадени средства од сметката. Ова слонче е некој вид на модерна касичка бидејќи овозможува т.н “магичен” вид на штедење со тоа што сите виртуелни парички од мобилната апликација која е достапна се префрлаат на сметката на слончето која што е всушност штедната книшна на детето. Нормално, целата контрола ја има родителот и преку самото слонче не е можно да се извршуваат трансакции, но сепак е еден интересен начин за на детето да му се објасни целата суштина за важноста на штедењето. 

Иако несомнено фактот дека организацијата на средствата игра огромна улога во процесот на штедење  сепак многу често пред да почнеме да штедиме треба убаво да ги истражиме сите опции кои ни се понудени и да ги разгледаме програмите на банките кои често може да ни помогнат полесно и побрзо да ги исполниме своите цели. 

Депозити

Твојот депозит ќе добие премиум третман во Халкбанк

Објавено

на

Искористете ги атрактивните каматни стапки со новиот промотивен производ на Халкбанк АД Скопје .

  • Минимален износ на вложување : 3.000 МКД /50 ЕУР
  • Начин на исплата на камата: на крај на период на орочување или месечно
  • Тип на каматна стапка: фиксна ,
  • Рок на орочување: 13 и 24 месеци
  • Метод на пресметката на камата:  пропорционален (28/31-365/366)
  • Реорочување: При доспевање депозитот не се реорочува односно согласно договорот
  • Делумно повлекување на средствата: не е дозволено  пред истекот на периодот на орочување
  • Дополнителни уплати: На депозитот не може да се вршат дополнителни уплати пред истекот на датумот на доспевање
  • Предвремено раскинување: при предвремено раскинување на договорот на депозитот се пресметува камата по видување според тарифата на Банката, за целото време во кое средствата биле орочени. При тоа, депонент е должен да ја врати на Банката разликата меѓу исплатената и новопресметаната камата, или Банката истата ќе ја одбие од основниот влог.

Промените на депозитите можете во секое време да ги следите преку електронско банкарство.

Доколку сѐ уште немате трансакциска сметка посетете ја најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје и бидете дел од семејството.

 

Продолжи со читање

Депозити

ТТК Банка ги намали каматните стапки на девизните депозити

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје од вчера ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра до 0,30 процентни поени. Како што стои во соопштението од банката, потегот е во согласност со пазарните услови, а новите каматни стапки ќе важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити.

Што се однесува до постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, новата каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на договорот.

Инаку, каматните стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите.

Промотивната понуда на девизниот депозит ЕВРО ФИКС 15 за штедење во евра на 15 месеци со фиксна каматна стапка од 1,3% годишно е со важност до 30.9.2018 година.

Продолжи со читање

Депозити

Штеди и уживај во сите сезони со летниот депозит на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка го промовираше својот Летен депозит под наслов Штеди и уживај во сите сезони! (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange