Connect with us

Странски банки

Дали роботите ќе ги заменат и банкарите?

Објавено

на

Британската банка RBS (Royal Bank of Scotland) го “ангажираше” аватарот Кора, која изгледа како вистинска личност и веќе ги прави првите работни активности за да им помогне на клиентите.

Банката, која неодамна најави дека ќе укине неколку илјади работни места, планира да ја “вработи” Кора засекогаш доколку успешно ја заврши пробната работа, пренесува Ројтерс.

Овој дигитален вработен одговара на едноставни прашања околу подигнување на кредит или чекори кои би требало да ги преземе корисникот ако ја изгуби картичката.

Целта поради која е “вработена” е намалување на времето на чекање.

Експериментот на оваа британска банка е најновиот потег во банкарската индустрија со цел прилагодување кон променливиот однос на клиентите и брзите технолошки промени.

Во банката се обедени дека Кора, одговарајќи на поедноставните прашања може да ги ослободи “колегите”, со цел тие да се занимаваат со покомплексни прашања.

Странски банки

Кинеските банки одобрија рекордни 3.230 милијарди јуани за кредити

Објавено

на

Кинеските банки одобриле рекорден износ на кредити во јануари, бидејќи државата се обидува да ги поттикне инвестициите и да го спречи острото забавување на растот на економијата.

Банките одобрија рекордни 3,230 милијарди јуани (476,87 милијарди долари) нови кредити во јануари, што е далеку повеќе од очекувањата и притоа надминубајќи го рекордот од 2,900 милијарди јуани од јануари 2018 година, објави агенција Ројтерс.

Аналитичарите интервјуирани од агенцијата предвидуваа дека во јануари ќе бидат одобрени 2.800 милијарди јуани нови кредити, во споредба со 1.080 милијарди јуани од декември.

Според извештајот на Националната банка на Кина, побарувачката за заеми остро се зголеми во корпоративниот сектор, а пораст има и кај домаќинствата.

Корпоративните заеми пораснаа на 2.580 милијарди јуани од 473.3 милијарди јуани во декември, додека кредитите за домаќинствата се зголемија на 989.8 милијарди јуани од претходните 450.4 милијарди јуани за изминатиот месец.

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката и дивидендата на Credit Agricole се повисоки од очекувањата

Објавено

на

Credit Agricole SA, втората по големина француска банка по пазарна вредност, во последниот квартал (Q4) 2018, забележа поголем профит од очекувањата на аналитичарите, по зголемувањето на приходите од продажба и намалените трошоци за данок.

Нето добивката на банката со седиште во Париз во последниот квартал изнесува 1 милијарда евра, во споредба со профитот од 387 милиони евра за истиот период од 2017 година, кога банката прокнижи 400 милиони евра во даночни такси.

Добивката пред оданочување се зголеми за 6,5% и изнесува 1,38 милијарди евра. Приходите од продажба во Q4 се зголемиле за 4,3% за период од една година и изнесуваа вкупно 4,85 милијарди евра.

Од банката најавија и исплата на дивиденда за минатата година во износ од 0,69 евра по акција, што е подобро од очекувањата на аналитичарите.

Продолжи со читање

Странски банки

JPMorgan е првата американска банка со своја криптовалута

Објавено

на

Американската банка “JPMorgan” е првата банка во САД која што воведува сопствена криптовалута.

Оваа американска банка секојдневно врши трансакции вредни повеќе од 6.000 милијарди долари, за корпорации низ целиот свет, во рамките на своето енормно работење со платежни трансакции.

Во еден експеримент кој ќе биде лансиран за неколку месеци, мал дел од овие трансакции ќе се направат преку иновативната “JPM монета”, дигитален токен направен од њујоршките банкари за брзо извршување на плаќањата помеѓу клиентите, пренесува CNBC.

JPMorgan се подготвува за иднината во која финансиското работење, од прекугранични плаќања до издавање корпоративен долг, ќе се одвива преку блокчеин технологија. Тоа е технологија на бази на податоци која стана позната по својата прва криптовалута – Биткоинот.

Но, со цел оваа иднина да стане реалност, “JPMorgan” треба да најде начин за трансфер на парите со иста вртоглава брзина со која во моментов електронски се потпишуваат договори и се извршуваат трансакции, наместо да се потпира на стара технологија, како што се т.н. “Жичани трансфери” (S.W.I.F.T).

Откако успешно ќе се завршат тестирањата во сферата на меѓународните плаќања, ова ќе биде една од првите апликации во реалниот свет за една криптовалута во банкарската индустрија.

Секоја “JPM монета” ќе се разменува за еден американски долар, така што нејзината вредност нема да се менува, што е слично со концептот на т.н. “стабилни” монети.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange