Connect with us

Останато

Граѓаните веќе нема да поднесуваат годишни даночни пријави

Објавено

на

Граѓаните повеќе нема да треба даночните пријави да ги носат на шалтерите во УЈП. Пред неколку дена Владата донесе одлука за промена на начинот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите.

 

УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и компјутерски да му ги достави. Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци. Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

“Тоа значи дека УЈП ќе предлага годишна даночна пријава во електрнска форма која ќе се вика пред пополнување за да може граѓанинот да направи проверка на податоците. Се работи за подобрување на систем кој значително ќе помогне за намалување на гужвите на шалтерите, и ако добро профункционира значително ќе помогне и за зголемување на приходите во буџетото по овој основ” – рече Павле Гацов, економски аналитичар.

Гацов смета дека со новиот начин на поднесување на даночните пријави нема да се отвори простор за малверазии.

“Како и до сега така и со новиот систем со кои практично граѓаните се ослободуваат од обврската да одат на шалтер се предвидува секој кој ќе се обиде да сокрие дел од приходите остварени во текот на годината, да превземе голем ризик и може да се најде на црната листа на управата за јавни приходи” – додаде тој.

Гацов очекува новиот систем да биде добро направен и да има капацитет да опслужува над 300 илјади граѓани кои ќе имаат обврска да поднесат годишна даночна пријва и да нема откажување на системот како што неколку пати тоа се случува при поднесувњето на годишните даночни биланси од страна на сметководствените бироа.

Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година.

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange