Connect with us

Лични финансии

Го знаете ли правилото за 10% заштеда?

Објавено

на

Според правилото на 10% заштеда вие треба да одделувате по околу 10% од вашата заработка доколку сакате да имате одредена заштеда при пензионирање. Доколку сакате да почнете да штедите, а немате идеја како да го изведете тоа и колкава сума да одделувате тогаш ова правило може да биде одлична почетка точка по која што ќе се раководите. 

Во реалноста, колку повеќе заработувате и колку подоцна започнете со штедење толку повеќе треба да штедите. Доколку започнете во вашите 20ти и константно заштедувате по 10% од сите приходи кои ќе ги заработите тогаш правилото на 10% заштеда сигурно ќе функционира. Но, колку луѓе во своите 20ти размислуваат на штедење и го практикуваат тоа?

Повеќето луѓе почнуваат сериозно да размислуваат на штедење во своите 40ти-50ти години бидејќи сметаат дека времето за пензионирање веќе се наближува. Доколку се пронајдете во оваа ситуација, а вашата кариера е во добра позиција и заработувате доволно тогаш доколку заштедувате по 10% од истата веројатно нема да ви биде доволно. Но сепак, било која сума која што ќе ја заштедите е подобро од ништо.

Зошто правилото на 10% заштеда не функционира кај сите?

Секој од нас има различна финансиска ситуација, брачен статус или кариера и речиси е невозможно ова едно правило на 10% да одговара на секоја ситуација. Доколку навистина заработувате повисока сума на пари тогаш вие ќе треба да заштедите повеќе од 10% од вашите приходи со цел да го задржите вашиот начин на живот и после пензионирањето. Или доколку не сте подготвени на тоа, вашата алтернатива би била да ги намалите очекувањата за после пензионирањето и да се задоволите со помала куќа, поевтин автомобил и слично. 

Што доколку не можете да да штедите по 10% од вашата заработка?

Немојте да се обесхрабрувате и да се откажувате. Разгледајте ја ситуацијата и поставете си цел која сакате да ја исполните. Доколку се опоравувате од некој немил настан кој ви се случил ќе биде потребно време за да ги доведете финансиите во ред, бидете трпеливи.

Дали 10% од заработката може да биде многу висока сума?

10% од вашата заработка треба да е совршено доволна сума за вашата заштеда. Факт е дека некои луѓе штедат премногу. Под премногу се подразбира да имаат повеќе од доволно средства после пензионирањето за да можат да продолжат со истиот начин на живот, дури и подобар од оној кој го имале и претходно без никакви грижи. Луѓето кои се наоѓаат во оваа ситуација и продолжуваат дополнително да штедат секоја година може да се рече дека штедат повеќе од потребното. Така, исто како што е тешко некои луѓе да се натераат да штедат повеќе овие луѓе е тешко да се натераат да потрошат повеќе и да си дозволат одредени задоволства во животот.

 

 

Лични финансии

На што ја трошиме платата?

Објавено

на

Парите што влегуваат во домаќинствата најчесто се од плата или пензија, а освен за храна, комуналии и домување, граѓаните се повеќе пари трошат на отплата на кредитите. Според најновите податоци кои се однесуваат за 2017 година, секое домаќинство троши за кредитни рати, дури 4% од вкупните месечни примања, во просек. Овој процент расте од година в година што упатува секако на зголемената задолженост на македонските домаќинства.

Податоците од Државниот завод за статстика кои ги обработи и Народната банка во најновиот извештај покажуваат дека ако се анализираат приливите, расположливите парични средства на домаќинствата во најголем дел се однесуваат на редовни и повремени примања од работен однос и старосни, инвалидски и семејни пензии. Значително помал дел зафаќаат примањата од постојани или повремени хонорарни активности и нетопримањата од земјоделството.

Инаку соодносот помеѓу употребените и расположливите пари на домаќинствата во 2017 година е речиси непроменет и веќе втора последователна година искористените не ги апсорбираат во целост расположливите парични средства, што создава простор за остварување повисоки заштеди.

 

Продолжи со читање

Лични финансии

Банкарите од Вол Стрит и нивните “мали„ плати

Објавено

на

Една од големите причини зошто многу луѓе сакаат да работат на Вол Стрит е што платата е прилично висока.

На основа на информациите од 1.236 финансиски професионалци од Њујорк, се проценува дека просечната плата и бонусите за професионалците од Вол Стрит се движи отприлика вака:

-Аналитичарите имаат најниска плата од 91.000 долари и бонуси од 37.000 долари;

-Помошниците земаат 124.000 долари плата и 70.000 долари бонуси;

-Потпретседателите просечно земаат 181.000 долари плата и 135.000 бонуси;

-Директорот зема 256.000 долари плата и 263.000 долари бонуси;

-Генералниот директор зема 364.000 плата и 463.000 долари бонуси.

На сликата е јасно претставено дека многу често бонусите може да ги надминат приходите. 

 

Продолжи со читање

Лични финансии

Колку заработуваат светските лидери?

Објавено

на

Јавноста го следи секој чекор на шефовите на државите и влади и често се на удар на критика, со обвинувања дека заработуваат енормно високи пари.

Германската канцеларка Ангела Меркел прима месечна плата од 27 794 евра, односно 333.528 евра, годишно, вклучувајќи и пратенички примања.

Францускиот претседател Емануел Макрон има нешто помала плата – според податоци на сајтот на Европа1 од мај 2017, заработува 14 910 евра месечно. Неговиот претходник Франсоа Оланд се изборил за намалување на претседателската плата.

Ли Хсијен Лунг, премеирот на Сингапур, е најдобро платен шеф на држава на светот. Според податоците на весникот Велт, заработува 1,4 милиони евра годишно. Семејството на премиерот со децении владее со Сингапур.

Претседателот на Боливија Ево Моралес, ја преполовил сопствената плата во 2006 година. Заработува 1850 евра .

Доналд Трамп претседателот на Америка заработува 33 000 амеркански долари месечно, т.е. 345 000 евра годишно. Бидејќи веќе беше мултимилионер пред да стане шеф на белата куќа, парите од претседателската плата секои три месеци им ги подарува на американските паркови, како и за различни владини сектори.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange