Connect with us

Електронско банкарство

Во Македонија само 8% од граѓаните користат електронско банкарство

Објавено

на

Според последните спроведени истражувања во Република Македонија само 8% од граѓаните користат електронско банкарство. Пониски удели од нас во користењето на овој тип на банкарство имаат само Црна Гора 4%, Бугарија 5% и Романија 7%.

Иако во земјава во последните десет години уделот на интернет банкарството е двојно зголемен во однос на 2009 година кога изнесувал само 4%, сепак Македонија многу заостанува во однос на другите европски земји. На ниво на Европа, над 50% од граѓаните користат интернет банкарство и ги искористуваат новите, поедноставни начини на плаќање со кои се избегнуваат чекањата и користењето на готови пари.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, интернет-банкарството е најзастапено во Данска (90 отсто од луѓето на возраст од 16 до 74 години се изјасниле дека го користат) и Холандија (89 отсто), по што следат другите нордиски земји, Финска (87 отсто) и Шведска (86 отсто). Од другите земји на Балканот, интернет банкарство користат 16% од населението во Србија, 33% во Хрватска, 39% во Словенија и 23% во Турција.

Овој тип на банкарство е најчесто популарно кај помладото и образовано население. Република Македонија и покрај напредокот и порастот во процентот на користење интернет банкарство сепак заостанува во овој поглед и треба да работи на искористување на целосните капацитети за користење и да тендира кон се поголема употреба на овој тип банкарство со цел олеснување на сите работни процеси.

 

Електронско банкарство

TOPSI Pay – 24 часа Банка во Вашиот телефон!

Објавено

на

Иновативните решенија од Стопанска банка постојано го олеснуваат вашето секојдневие. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ Банка воведе најсовремен начин на плаќање: NLB Pay – мобилен паричник

Објавено

на

На настанот одржан на 19.09.2018 година, НЛБ Банка ја промовираше новата услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата. NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.

На настанот се обрати Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје: „Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по навика не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата кои ги вршат нашите клиенти. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник.”

NLB Pay апликацијата е достапна за преземање од Google Play store.Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Информативна работилница за царинските постапки и извоз во е-трговијaта

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со едукативни работилници и обуки чија цел е поттикнување на растот и развојот на е-трговијата во земјата. Темите коишто ќе бидат опфатени со обуките и едукативните работилници произлегоа од потребите на е-трговците изнесени при изготвувањето на сеопфатната Анализа за е-трговијата во Македонија, објавена од страна на Асоцијацијата во средината на оваа година.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange