Connect with us

Форекс

Ворен Бафет: ,,Со сигурност тврдам дека дигиталните валути ќе завршат лошо”

Објавено

на

Мислењата околу вредноста и инвестирањето во Биткоинот остануваат поделени дури и кога станува збор за најбогатите и најмоќните луѓе во светот.

Веднаш откако директорот на банката ,,ЈП Морган Чејс”, Џејми Дајмон, изјави каење што Биткоинот го нарекол измама и дека неговата моментална позиција го докажува токму спротивното, американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет, изјави дека никогаш нема да инвестира дел од своите пари во криптовалути.

„Можам да тврдам со сигурност дека дигиталните валути ќе завршат лошо“, додава Бафет во интервју за СиЕнБиСи.

Биткоинот не ги разбранува само мислењата на најбогатите, тој влијае и на светот на инвестициите со неговата константа флуктуација. Во еден момент Биткоинот ја надмина вредноста од 19 илјади долари.

Последниот негов пад од 3% го симна на вредност од  околу 13.980.

Дали навистина ќе заврши приказната наречена Биткоинот и каков би бил нејзиниот крај, останува да видиме.

Повеќе

Форекс

Годишниот промет на Македонска берза со пораст од 56,7% во 2017 година

Објавено

на

Македонска берза го објави Годишниот статистички билтен според кој прометот остварен за 2017 година изнесува 4.738.444.919 денари или 56,7% повеќе во однос на 2016 година кога изнесувал 3.023.394.172 денари.

Класичното тргување опфаќа најголем дел од прометот, односно 2.907.809.921 денари, потоа блок трансакциите 1.817.744.356 денари и јавните берзански аукции 12.890.642 денари.

Според податоците бројот на трансакциите изнесувал 16.045 што е за 25.7% повисок од 2016 каде се рализирале 12.765 трансакции.

Пазарната капитализација во 2017 година изнесуваше 136.338.756.416 денари и е повисока за 17,8% во однос на 2016 година кога изнесувала 115.710.274.852 денари.

Најтргувани акции на официјалниот пазар во 2017 година се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Гранит Скопје, Македонијатурист Скопје, Охридска банка, ТТК Банка Скопје и УНИ Банка Скопје.

Годишниот статистички билтен на Македонска берза, за периодот од 01.01 – 31.12.2017 година можете да го погледнете на линк.

Продолжи со читање

Форекс

Јужна Кореја ги забранува криптовалутите

Објавено

на

Јужна Кореја планира целосно со закон да ги забрани криптовалутите вклучувајќи го и Биткоинот поради несигурноста која ја создаваат истите.

Биткоинот и уште неколку криптовалути се соочија со пад на вредноста, кај некои од нив дури и од 10%, и во овие моменти веднаш се поставува прашањето каква врска има тоа со одлуката донесена во Јужна Кореја. Во меѓувреме, неколку процеси на тргување во Сеул оваа година, се под истрага поради затајување на данок.

Во Јужна Кореја многу мал број на луѓе поседуваат и тргуваат со криптовалути. Моментално, таму се подготвува законодавство кое во целост ќе стави клуч на ваквиот тип на размени. Една од најголемите берзи за продажба и купување на Биткоини, јужнокорејската берза Bithbumb неодамна беше цел на хакерски напад. Bithbumb е една од најголемите и најпрометните Биткоин берзи на светот, а овој случај само докажа дека порастот на вредноста на криптовалутите предизвикува интерес и внимание не само од купувачите и продавачите туку и од хакерите.

Владата на Јужна Кореја и претходно произлезе со најави дека ќе врши поинтензивен мониторинг на тргувањето со криптовалутите, во ова вклучувајќи ги и потезите за откривање на идентитетот на трговците.

 

Продолжи со читање

Форекс

Која земја е следната дестинација на,,копачите” на Биткоини?

Објавено

на

Регулативите и законите поврзани со дигиталните валути се постојана актуелна тема бидејќи се смета дека само со нивно поставување ќе може да се спречи злоупотребата на дигиталните валути и нивната вклученост во црните бизниси. Кина беше една од ветените земји кога стануваше збор за ,,копањето” на дигитални валути вклучувајќи го и Биткоинот.

Но, бидејќи ништо не е вечно, така и слободата на ,,копачите” наскоро ќе биде и повеќе од ограничена. Кинеските државни регулатори подготвуваат нови закони со кои ќе ги потиснат оние кои работат на копањето на Биткоинот. По донесувањето на оваа одлука веднаш почнува да се размислува која е следната земја каде што тие ќе може слободно да ја продолжат својата дејност.

Канада е една од земјата која се смета дека ќе биде следната дестинација на сите ,,копачи”. Се смета дека во оваа земја важат принципите на владеење на правото и постои одредена стабилност и правна ситурност дека нема одеднаш да се почувствуваат последиците врз големите компании за креирање на криптовалути кои ангажираат огромен број на компјутерски машини при што доаѓа до енормно трошење на електрична енергија.

Трошокот за создавање на Биткоин или друга криптовалута преку технологијата наречена блокчејн каде се вршат отклучувања на блокови со информации за трансакциите кои се заштитени стануваат се повисоки бидејќи се троши огромна количина на електрична енергија. 

Во Кина претежно струјата се произведува од јаглен, па затоа и е евтина. Но, сепак, најголемите последици ги сноси животната средина поради преголемото загадување.

Операциии за ,,копање” на Биткоини трошат повеќе струја од една модерна и развиена земја во светот. Бидејќи самиот процес сам по себе зависи и од системот на ладење, клучен фактор за успешните крипто-фарми е истите да се создаваат околу хидро-централите бидејќи со водата може да се креира соодветен систем на ефикасно ладење.

 

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange