Connect with us

Колумни

Вашиот ПИН, Ве молам!

Објавено

на

Добро бе луѓе, до кога мислите да си ги кажувате пиновите од вашите картици на глас пред сите на каса? Дали некогаш воопшто сте размислиле колку самите вие придонесувате за можна злоупотреба на вашите платежни картички?

 

  1. Сега во мода се бесконтактните картици, банкарите на големо ги промовираат и нудат на клиентите, вршат бесплатна замена на обичните чип картици со бесконтактни, демек овие понова технологија полесно се плаќа, а уствари приказната е дека банките “лапаат” поголема провизија ако таква картица пројде на нивни ПОС терминал (interchange fee). И така, бројот на бесконтактни картици расте (според податок на НБРМ заклучно со јуни 2017 во Македонија има вкупно 357.300 картици).
  1. Освен картиците, банките ја модернизираат и базата на ПОС уреди со тоа што и нив ги заменуваат да читаат бесконтактни картици за да може овие 357.300 картици да функционираат во државава. Така, картиците од брендот Mastercard можат да плаќаат до 750 МКД без внесување на ПИН, додека Visa се малку полиберални и кај нив бесконтактните плаќања се до 1.100 МКД. Може да се плаќа бесконтактно (само со доближување на картичката) и над овие износи ама тука треба да го внесеш ПИН-от. Иначе, износиве погоре важат само за Македонија, ако одите во странство сигурно е друг максималниот износ на бесконтактно плаќање без внесување на ПИН, бидејќи Mastercard и Visa го дефинираат овој износ различно за секоја земја според одредени карактеристики кои ги анализираат. НБРМ си води статистика за се па видовме дека во Македонија заклучно со јуни 2017 има 13.551 бесконтактни уреди.
  1. По дефиниција, бесконтактните картички можете да ги користите секаде каде што ќе забележите некој од симболите за бесконтактно плаќање, ама не е се така лесно како што изгледа. Бесконтактните картички се широко прифатени кај голем број трговци (ресторани, кафулиња, бензински станици, продавници од секаков вид, супермаркети и на многу други места)…ама сите знаеме каква борба е со некој вработени прво додека му објасниш на продавачот дека картицата е бескотактна, па он ти намига ко демек уживај знам и пак ти ја тера по старински метод со читање на чип и внесување на ПИН. Абе, а што се деси со бесконтактното плаќање…уживај вака сигурно е, што ти мења 10 секунди плус (тебе ако не ти мења мене ми мења, башка не сакам да го внесувам пинот кога имам опција да не го внесувам).
  1. Да ги искараме малку и банките, дека не е се кај нивните вработени совршено па многу често се дешава само да им го тупнат ПОС уредот у некој маркет или кафиќ па друже знаеш ти како се користи…Да, да уживај (а, поима нема). И после не знаеле вработените бесконтактно да ти поминат трансакција – па како ќе знаат! Тоа ти е исто како да те стават у шанк и да ти речат знаеш како се прави кафе, на маса 2 имаш две макијата и едно нес нематено. АПЕЛ, кога се носи ПОС уредот на локација да се направи соодветна обука на тие што ќе бидат затекнати на лице место, како да го користат уредот, дупликат, сторно, како да провери историја на трансакции, контактна бесконтактна, плаќање на рати итн…за да немаме мака после ние клиентите со објаснување. Оставете упатство едно да се потсети ако подзаборави зошто кај нас ПОС се користи само кога нема кеш…зошто нели кеш поевтино е малце, поготово на Пластичарска стрит 🙂
  1. Искрено, тоа со ПИН-овите и кажувањето на глас ми е смрт. Абе да не се мрдне на каса или било кај да подаде рака да го внесе ПИН-от ако веќе мора туку се дере на глас ко демек само он/а плаќа со картица и си го кажува ПИН-от за касиер-кава/продавач-ка да го внесе. Леле, што сакам да ја заборави така картицата па да почнат да стигаат СМС пораки со трансакции (ако користи СМС нели, дека тоа скапо е дури 50-60 МКД), па да се чуди после што се десило. А исто е многу јако и тоа со каблите…мислам дека со ПОС уред идат најкратките можни кабли што постојат, па за да платиш во некој маркет на пример (еве Џамбо ќе го земам сега актуелен е пред НГ) треба прво да се претвориш во касиер, да влезеш кај што седи за да го внесеш нормално ПИН-от или ти го вади уредот на лента и ПИН-от внесување на ачик пред сите да го видат кој е, може и на некој видео бим оди пренос за ако случајно некој не видел…ДЕЧКИ, побарајте си ПИН падови да може како луѓе да си внесуваме ПИН-ови и никој да не ги гледа. Ќе рече некој па нека плати бесконтактно – ама оди да те видам купи у Џамбо до 750 МКД нешто.
  1. Се радувам кога ќе ја подадам картицата и таман да кажам дека е бесконтактна (зошто сум навикнал повеќе да не знаат, отколку да знаат да ја користат таа можност) оп веќе отиде трансакцијата без ПИН без ништо, СМС порака титка на мобилен успешна трансакција…јас ВООДУШЕВЕН – човеков знае за бесконтактна технологија WOW. А, реално нема некоја филозофија во тоа никој учен не се родил сите сме почнале од исто и сме учеле одредени работи во животот, зависи кој што го интересирало.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Бесконтактната технологија е супер, немам ништо против ама мора да имаме стратегија на ниво на банкарски сектор и на ниво на држава дека како таква ќе ја развиваме. Прво, да ги користиме ПОС уредите, не да даваме попуст ако плати некој во кеш зошто така сите губиме, после тоа да се научиме како се користат картиците наједноставно, да знаеме кои дополнителни услуги да ги користиме од нашата банка за да се заштитиме (eBanking, mBanking – за да провериме одма резервации, СМС – за да ни стигне одма порака дека сме купиле нешто па дури и да не сме купиле ништо ќе ни каже дека некој ни ја користи картицата без наша дозвола, ако картицата има 3D Secure да знаеме какви се заштити ни носи тоа…итн. Јас искрено нигде не сум видел некоја работилница, обука за користење на бесконтактна технологија на картици или па нешто уште по advanced што е, а, ни треба, верувајте. 

 

И на крај, но не најмалку битно да читаме кориснички совети и совети за заштита од злоупотреба бидејќи ако нешто се деси непосакувано после е касно, долга е процедурата и носи многу нервози…а, ние секако ја обвинуваме Банката – нема самите себеси да се обвинуваме, а реално најголем дел од вината е кај нас.

 

До следната колумна, Ве поздравувам…

 

(Филип)

 

Колумни

8 причини зошто сакате да ја напуштите работата

Објавено

на

Кога одите на интервју за нова работна позиција, треба да бидете подготвени да одговорите на прашањата зошто ја напуштате работата или зошто го оставивте претходниот работодавач. Наместо да се фокусираме на минатото – и какви било негативни искуства – вашиот одговор треба да ја отвори вратата за дискусија за тоа зошто оваа нова позиција е совршена работа за вас.

Содржината на вашиот одговор ќе зависи од тоа дали сте заминале доброволно или сте биле замолени да заминете, важно е да одговорите на начин што ве фрла во позитивно светло. Начинот и причините за да ја напуштите работата и да најдете нова, треба да бидат водени од вашите цели, но има неколку клучни аспекти кои мора да ги знаете и за другата страна.

Ние извдоивме неколку клучни аспекти кои треба да ги запазите:

  • Ако им кажете дека сакате кариерно да растете, тие мислат дека имате скриена политичка агенда.
  • Ако им кажете дека вашиот шеф е неправеден, тие ќе мислат дека имате проблеми со авторитетот.
  • Ако им кажете дека не сте задоволни со тековната плата, тие ќе мислат дека сте алчни.
  • Ако им кажете дека не се согласувате со некого, ќе мислат дека е тешко да работите во тим.
  • Ако кажете дека сакате да бидете поблиску до дома за да поминете повеќе време со вашето семејство, тие ќе мислат дека сте мрзливи.
  • Ако им кажете дека барате поголеми предизвици, тие ќе мислат дека не сте искрени.
  • Ако им кажете дека сакате да стекнете нови вештини, тие ќе мислат дека ќе ги напуштите кога ќе завршите со стекнување.
  • Ако им кажете дека тие се тие го иницирале контактот со вас и дека сте заинтересирани, ќе мислат дека се правите паметни.

Вистината е дека сите горенаведени причини се валидни и се вистинските причини зошто добрите луѓе се откажуваат. Едноставно ако сте квалитетни во своето работење и знаете дека можете да постигнете повеќе, ќе сакате нови и поголеми предизвици

Паметна тактика е да ја го промените прашањето и наместо да одговорите зошто сакате да си одите од работното место, да одговорите што го прави подобро новото работно место.

Продолжи со читање

Колумни

Жените со ниски потпетици се попродуктивни

Објавено

на

Жените секогаш се облекуваат елегантно за своето работно место, особено ако постои кодекс на облекување во нивните компании. Меѓутоа, тоа што ги разликува сите една од друга се потпетиците што ги носат, докажано е во најновите истражувања за женската продуктивност.

Најпродуктивни се оние жени кои не носат потпетици и не чувствуваат тежина од работењето. На крајот од работното време се многу поопуштени и релаксирани од останатите.

Вторите по ред се жени кои носат ниски потпетици. Удобноста докажано ја зголемува продуктивноста, а има ли поубаво нешто од удобни чевли?“, стои во резултатите од ова истражување.

Значи, пасијата на жените за купување на потпетици всушност е осигурување за нивната удобност и продуктивност.

Продолжи со читање

Колумни

Дали можеме да им веруваме на банките?

Објавено

на

На наједноставно ниво, довербата обезбедува врската помеѓу познатото и непознатото и ни овозможува да се поврземе со други луѓе и идеи.

Довербата во банките може да се подели на три нивоа;

  • Основни очекувања – дали банката ќе ги штити моите пари и мојот идентитет и моите финансиски информации;
  • Ветувања – дали банката ќе ги почитува ветувањата што ги направи, експлицитно или поинаку, во однос на основните услуги;
  • Основни вредности – дали банката е способна да ја прави вистинската работа за своите клиенти, дури и ако тоа значи помал приход по трансакција.

Банките треба да испорачуваат доверба кај своите клиенти на сите нивоа, но тоа е третото, зачувување на основните вредности е најважно. Првите две едноставно се сметаат за стандардни. За жал, ова е местото каде што повеќето институции не успеваат, особено кога нивните бизнис модели вклучуваат внатрешни субвенции на повеќе клиенти.

Банките имаат проблем со довербата, но начинот на кој довербата е перцепирана од општеството исто така се менува. Пријателите, сајтови за оценување, колегите, блоговите и медиумите се нови извори на доверба. Преку засилување и агрегација, технологијата ги комбинира овие извори на информации за да им овозможи на банките да изградат репутација.

Што значи ова за банките? На ниво на поединецот, довербата се воспоставува преку дејства, а не зборови. Затоа, секоја клиент преку интеракција треба да изгради доверба и да ја даде на банката.

Не постои средишна основа. Секоја интеракција го гради брендот или го уништува. Лојалноста е реципрочна врска која успева на взаемна доверба и разбирање. За Банките нема подобро место за почеток отколку со демонстрирање дека им веруваат на своите клиенти.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange