Connect with us

Странски банки

Бугарски инвестициски фонд купува 85% од уделот во Теленор банка

Објавено

на

Теленор банка постигнаа договор за стратешко партнерство со бугарскиот инвестициски фонд “River Styxx Capital”.

Според договорот, бугарскиот фонд ќе купи 85% од уделот во Теленор банка, додека Теленор ќе задржи 15% од сопственоста.

 

Со инвестирањето во стратешкото партнерство со Теленор банка, овој инвестициски фонд за прв пат влегува на пазарот во Србија.

 

Инвестицијата во Теленор банка, е одлична прилика за нас да влеземе на атрактивниот српски пазар. Ние сме убедени во натамошниот развој и успех на Теленор банка, затоа што ќе се темели на потрошувачките и финансиските експертизи на “River Styxx Capital”, искуството на Теленор во корисничката поддршка и дистрибуција, како и на единствениот профил на Теленор банка, како преводник на финансиско-технолошки иновации во регионот” , изјави Елвин Гури, генерален директор на инвестицискиот фонд.

 

Банката ќе продолжи да вложува напори и ресурси со цел да ја задржи својата водечка позиција како прва целосно мобилна онлајн банка во Југоисточна Европа.

 

Странски банки

Приходите на ,, Goldman Sachs ” се зголемија за 40%

Објавено

на

„Goldman Sachs“ – Aмериканската банка, објави раст на добивката од 40% во второто тримесечје или до 2,57 милијарди долари, што е над очекувањата на аналитичарите благодарение на најдобрите од очекуваните приходи од инвестициската и лизинг дивизија, објави „CNBC“.

Добивката по акција од 5,98 долари ја надмина прогнозата на аналитичарите од „Thomson Reuters“ за заработка по акција од 4,66 долари.

Приходите на aмериканската банка „Goldman Sachs“ се зголемиле за 19% до 9,40 милијарди долари при првичните очекувања од 8,74 милијарди долари. Некаматните трошоци на американското инвестициско банкарство забележаа раст од 24% до 2,66 милијарди долари, наспроти година порано поради одвојување на повеќе средства за различни правни и судски постапки.

Тоа е околу 200 милиони повеќе од предвидените од страна на аналитичарите.

„Силното претставување на сите основни бизниси доведоа до нашите најдобри резултати за првото полугодие од годината по девет години“, изјави главниот извршен директор на „Goldman Sachs“ Лојд Бланкфејн.

Тој додаде дека банката е добро позиционирана да инвестира во атрактивни можности за да ги задоволи потребите на своите клиенти и да продолжи да генерира раст на финансискиот резултат.Но, „Goldman Sachs“ е на крстопат. По 12-годишно управување на инвестициската банка Бланкфејн е на пат да биде наследен од сегашниот главен оперативен директор, Дејвид Соломон.

Од почетокот на годината акциите на „Goldman Sachs“ поевтинуваат за 9,2%, а за време на денешната берзанска сесија благо се зголемија со 0,41%.

Продолжи со читање

Странски банки

Deutsche Bank ги надмина очекувањата на аналитичарите за профит двојно!

Објавено

на

Финансиската институција објави добивка во вториот квартал од речиси 700 милиони евра, а аналитичарите очекуваа заработка пред даноци од 321 милиони евра и нето добивка од 159 милиони евра. Ова е далеку над прогнозата на банката за нето добивка од 400 милиони евра. Податоците беа објавени девет дена однапред. Со ова германската банка Deutsche Bank ги изненади позитивно аналитичари откако забележа профит во вториот квартал, што двојно ги зголеми очекувањата. Ова им дава на доверителите шанса да здивнат по серијата лоши вести.

„Раководството верува дека овие резултати ја покажуваат одржливоста на франшизата“, велат од Deutsche Bank. Аналитичарите брзо укажаа дека импресивните резултати се чини дека се диктирани од вонредните околности и дека реалните приходи може да бидат под очекувањата.

Бројките во вториот квартал се нешто пониски од оние за истиот период од минатата година. Акциите на банката се зголемија за речиси 7% кратко пред 14 часот по македонско време. Цената на акциите на банката, која во понеделникот достигна 10,5 евра, е далеку под вредноста од 15,95 евра со која се тргуваа со акциите пред една година.Позитивните резултати беа објавени три месеци откако извршниот директор Кристијан Зивинг ја презеде функцијата од Џон Крајан со ветување за побрзо намалување на трошоците и подлабока реформа на одделот за инвестициско банкарство.

Deutsche Bank очекува приходите за вториот квартал да бидат околу 6,6 милијарди евра – 200 милиони повеќе од очекуваното, што може да ги увери стравувањата дека намалувањето на трошоците може да има непропорционален ефект врз неговата база на приходи. Според експертите, приходот исто така вклучува износ од околу 100 милиони евра, што е од продажбата на средства и техничките еднократни ефекти.Најдобрата вест во извештајот на банката е дека по трет пат во седум квартали финансиската институција успеа да ги исполни очекувањата. Главниот финансиски директор на Deutsche Bank, Џејмс фон Молтке, даде сигнал за ваквите очекувања, велејќи на финансиската конференција на „Goldman“, дека банката е задоволна од консензусните предвидувања.

„Deutsche Bank“ рече дека очекува оперативните трошоци, без интерес, да бидат 5,8 милијарди евра, за разлика од околу 6 милијарди евра од аналитичарите.

Продолжи со читање

Странски банки

Bank of America ја зголеми добивката

Објавено

на

Вкупните кредити се зголемија за 2%, додека одделенијата за банкарство на потрошувачи и управување со богатството се зголемија за 7%.

Неодамнешните потези од страна на регулаторите и политичарите за намалување на даночните стапки во голема мера ги фаворизираат американските банки, но загриженоста за ескалирачката трговска војна помеѓу САД и Кина предизвика сомневање за идниот раст на кредитите.

Акциите на „Bank of America“ се зголемија за 1% во пред-трговијата.

Нето добивката се зголеми на 6,47 милијарди американски долари во вториот квартал од 4,75 милијарди долари пред една година, што укажува на пораст од над 36 отсто.

Заработката по акција изнесува 63 центи, додека една година порано таа изнесуваше 44 центи.

Без еднократни ефекти, профитот изнесуваше 64 центи по акција, во споредба со просечната прогноза од 57 центи по акција, вели „Томсон Ројтерс“.

Неинтересните трошоци се намалија за 5%, а даночните трошоци се намалуваат за дури 43%.

Приходите паднаа за 1% на 22,76 милијарди долари. За споредба, приходите претходната година вклучуваа бонус пред оданочување од 793 милиони долари од продажбата на неамериканскиот бизнис со потрошувачки картички.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange