Connect with us

Останато

Британија планира да воспостави „привремена царинска унија“ со ЕУ по Брегзит

Објавено

на

Британската влада има подготвено план за уредување царинска спогодба, што би требало да се постигне со земјите од ЕУ, по Брегзит.

Ваквиот план би требало да му обезбеди на британскиот бизнис слободна и без ограничувања трговија, со другите 27 земји членки на ЕУ. Тоа вклучува и постоењето на „привремена царинска унија“ со што би се избегнале граничните проблеми, откако Британија ќе ја напушти Унијата.

 

Британскиот бизнис подолго време бара разјаснување на условите во кои  ќе дејствува по Брегзит, а особено откако владата потврди дека Британија ке ја напушти царинската унија.

 

Царинска унија претставува територија за слободна трговија во рамките на ЕУ во кој земјите кои се дел од унијата, не воведуваат посебни даноци при увозот, една кон друга и од земји надвор од таа територија. Со европската спогодба за царинска унија, сите земји членки на ЕУ имаат иста увозна тарифа за стоките кои доаѓаат од странство.

 

Британија ке побара од ЕУ да се воспостави „привремена царинска унија“ за времето на транзицијата, откако Британците ќе се повлечат од ЕУ, на крајот од март 2019 година. Во тој период, Британија и ЕУ ќе може да почнат преговори за идните трговски односии за пстигнувањето договор за слободна трговија, што сега не може да се направи, затоа што Британија, и натаму е членка на ЕУ.

 

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange