Connect with us

Форекс

Биткоинот достига историски максимум

Објавено

на

Најпопуларната криптовалута – Биткоин во неделата го обнови своето историско ниво, па неговата вредност достигна до 4.225 долари за единица. 

Биткоинот за прв пат во историјата ја надмина вредноста од 4.000 долари на светските берзи и донесе скок од највисоки 10% за само еден ден на тргување. 

 

Цените флуктуираа, па од максималните 4.225 сегашната вредност на биткоинот е околу 4.100 долари. 

 

Според оваа вредност на берзите Биткоинот има пазарна доминација во делот на криптовалутите и вкупна проценета вредност од 137 милијарди долари. За да бидат бројките уште поимпресивни станува збор за скок на вредноста за 11 милијарди долари во само два дена. 

 

Последниот раст е како резултат на донесените промени “Segwit2x” кои треба да ги олеснат трансакциите, кои станаа проблем поради големата популарност на валутата.

 

Нагорната линија за биткоинот не сопира и по поделбата на криптовалутата на два сегмента од што произлезе биткоин кеш чија поединечна вредност, пак, опадна за 8%.

Форекс

Доларот зајакна, “мини колапс” на швајцарските франци

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност поради зголемената загриженост дека преговорите меѓу САД и Кина нема да го олеснат трговскиот спор помеѓу најголемите светски економии. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Гордана Дамеска ќе биде претседател на Одборот на директори на ЦДХВ

Објавено

на

Централен депозитар за хартии од вредност, преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза ја информираше јавноста за избор на претседател на Одборот на директори и независен – неизвршен член на Одборот на директори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Најтргувани акции за јануари се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол

Објавено

на

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019 година. Според податоците од извештајот, за периодот од 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 година за 24,63%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange