Connect with us

Колумни

Бидете продуктивни, не само присутни на работното место

Објавено

на

Бидете продуктивни, зголемете ја продуктивноста – често слушаме од нашите претпоставени, па се трудиме да го исполниме тоа.

 

Продуктивноста се определува на повеќе начини – сооднос на произведеното и вложениот труд, барање да се оствари одредено количество услуги или производи со помал потрошок на напор (труд), создадена вредност во однос на потрошено време, но како и да се дефинира упатува на едно нешто, а тоа е да се зголеми вредноста на создаденото со помалку вложено време, односно помалку потрошен труд во насока на ист обем, или исто потрошено време, а поголем излезен елемент. Бидејќи не сме овде да теоретизираме, но да бидеме практични, затоа да прејдеме на конкретни совети за зголемување на продуктивноста, лична и колективна.

Приоритет. Најпрво, мора да се одредат и подредат според важност обврските за следниот работен ден – не е се подеднакво важно за бизнисот и не е се подеднакво опасно ако не се заврши навреме. Ако утрешните обврски се стават во компјутерот или се запишат во роковникот, однапред сте завршиле дел од задачата – ментално скицирате што и како треба да се исполни, а мозокот потсвесно во текот на ноќта прави шема на реализирање на обврските. Утредента кога ќе пристигнете на работното место, нам ален е стресот бидејќи веќе знаете во голем дел што треба да се направи, а за непредвидените и ненадејни обврски би имале дел од времето. Тоа не значи дека во текот на цело попладне треба да мислите на утрешните обврски, но доволно е само пред спиење да се присетите кои задачи ви претстојат следниот работен ден.

Мала пауза. Претпоставените, многу често и скоро секогаш, сметаат дека вработениот треба цело време да седи на работното биро и да го држи погледот вперен во компјутер или друг вид документација. Сосема погрешно – повремена мала пауза позитивно влијае на продуктивноста. Јас сум од оние кои на 25-30 минути седење пред компјутерот имам потреба барем да станам и отидам до апаратот за вода или направам крукче во канцеларијата. Така, се “регенерирам” и правам мал “рифреш”, за да потоа поенергично и поефикасно ја извршувам задачата. Совет: на половина час работа тргнете се на минута-две од столчето, без оглед како на тоа ќе гледаат колегите или претпоставениот, кои тоа истото не го прават за да изгледа дека се презафатени, па наместо тоа мини паузата ја користат вперувајќи го погледот бесцелно во некој дел од работните материјали или мониторот, со што дополнително го заморуваат мозокот и ја намалуваат продуктивноста.

Работење различни задачи наизменично. Во денешно време практикуваме да се пофалиме дека сме способни да извршуваме повеќе задачи истовремено, но тоа влијае обратнопропорционално на продуктивноста. Треба да се прави разлика помеѓу мултитаскинг – от и наизменично вршење на повеќе задачи; вторoтo влијае позитивно на продуктивноста. Наизменичното извршување на различни задачи ја намалува монотонијата, врши “разбранување” на мозочните функции, а со тоа и зголемување на степенот на продуктивност. Особено ова има влијание ако некоја задача Ви се чини помалку интересна, па наместо да чекате да Ви дојде инспирација или желба да ја завршите, префрлете се на онаа што е поинтересна, па откако ќе го завршите интересниот дел од работата, вратете се на оној “подосадниот”. Така, сатисфакцијата од добро завршениот дел од задачата ќе Ви даде сили да го завршите и она што претходно за кратко сте го одложиле.

Користење слушалки. Како љубопитни единки, својствено за нас е насочување на слухот кон муабетите кои се прават во канцеларијата, без оглед дали сакаме или не. Не само што тоа ни го одвлекува вниманието, туку и многу често не тера да се вклучиме во муабетите, кои се се само не поврзани со работата. За да се избегне оваа замка, но и да не влијае на продуктивноста, Ви советувам да користите слушалки при работењето. Така, од една страна сте изолирани од шумовите во средината кои го одземаат вниманието, а од друга страна слушате музика која релаксира и ја поттикнува концентрацијата. Иако постојат претпоставени кои се против ова решение, нивните аргументи дека така нема да чуете телефон или потешко ќе комуницирате со колегите не “држат вода” – се повеќе комуникацијата оди преку електронска пошта или преку мобилен телефон, кои не верувам дека можете да ги игнорирате, погледот Ви е постојано вперен во мониторот, а и мобилниот телефон Ви е секогаш до Вас и по навика постојано погледнувате во него.

Електронска пошта. Значителен дел од времето на работа посветуваме на проверување на електронската пошта, што ја намалува концентрацијата врз тековната работна задача, одзема време, а преку потрошеното време се намалува и продуктивноста. Затоа, обидете се тоа да го правите во подолги временски интервали, на два-три часа, а не по инерција да кликнувате на икончето за пошта постојано. Иако известувањата на мејлот се појавуваат на екранот, тоа не значи дека мора веднаш да се отвори пораката, да се прочита и постапи по нејзе. Доколку е нешто итно и особено важно, најдобро е да биде пропратено со повик од претпоставениот за да се даде приоритет. Во спротивно, оставајќи ја напола завршена работата за да го прочитате и постапите по мејлот, се оддалечувате од тековниот проблем, го пренасочувате вниманието, барате време за концентрација на новиот момент и кога ќе се свестите, поминало драгоцено време, кое ќе Ви треба многу повеќе за да подоцна се вратите на старата задача и ја завршите.

Рокови. Настојувајте да си наметнувате лични рокови за извршување на задачата и нека тоа биде еден вид натпревар во кој треба да победите. Независно од официјалниот рок кога треба да биде завршена задачата, поставете свој, кој треба да биде пократок, а времето кое ќе го заштедите нека биде награда која можете да ја искористите како сакате, без оглед дали ќе биде мало размрдување низ канцеларијата, освежителен напиток или земање ужина. Така, преку внатрешен, личен натпревар ќе се присилите да дадете се од себе, ќе почувствувате возбуда и директно со тоа ќе влијаете врз продуктивноста. Немојте да покажете дека умеете да ги завршувате задачите пред рокот, само ќе добивате нови и нови, но наместо тоа, дискретно и без многу манифестации, искористете си ја кратката пауза, која ќе ви ја обнови енергијата и ќе придонесе кон успешен старт на следната задача.

Работни состаноци. Што помалку состаноци, толку подобро. Можеби звучи нелогично, но во голем дел од случаите непотребно време се губи на организирање и реализација на работни состаноци, што придонесува кон намалување на продуктивноста. Пред да започне состанокот вработените се подготвуваат, ментално и технички, потоа присуствуваат на состанокот кој може да се развлече и стане неефективен, за да на крај се толкува и дискутира што и како сакал да каже претпоставениот со она што го изнесол на состанокот. Наместо тоа, треба да се настојува состаноците да се одржуваат поретко, и тоа во случаи кога се работи за некој нов момент или проект за компанијата, а за секоја помала или со ограничен делокруг на влијание задача во работната едница, тоа да се сведе на лични инструкции со поединечните извршители, па и без физичко присуство, но преку телефон, електронска пошта, Viber, Skype.

Тимска работа. Одредени задачи, кои се покомплексни и бараат диверзифицирано знаење, упатуваат на работење во тим. Правилно структурираниот тим, составен од соодветни извршители, ја зголемува продуктивноста преку скратување на времето и напорот за завршување на зададената обврска, а гарантира подобри резултати. Ова не значи дека секоја задача треба да се работи во тим. Ако природата на работата бара поединечен ангажман, непотребното формирање тим може да значи загуба на време, а со тоа и намалување на продуктивноста. Искусниот работник знае кога може сам, а кога мора да побара дополнителна помош од колегите за исполнување на работните обврски. Основно овде е да се надмине егото и да се признае дека ни е потребна помош и дека секоја задача не можеме сами да ја завршиме – така ќе ги “ослободиме” и колегите да ја побараат нашата помош кога им е потребна.

Вашата задача е на прво место. Често, добронамерните колеги, сакајќи да помогнат, се дистанцираат од моменталните обврски и се посветуваат на задачата на колегата. Во ред е да се помогне, но сопствените работни задачи не се помалку важни од оние на колегите, секој одговара за сопствените резултати. Помагајте, но тоа нека биде повеќе преку инструкции како колегите да ја завршат задачата, што нема да влијае на Вашиот работен процес и личната продуктивност, а истовремено ќе се дистанцирате од одговорноста која треба да ја носи колегата, па и реченицата од типот “Не работев сам, колегата беше вклучен” ќе изостане. Ова не би било толку опасно доколку не потекнува од нашиот менталитет, каде почесто се споделуваат грешките отколку заслугите, па зошто да бидете одговорни за нешто кое не е Ваша задача.

Социјална сфера. Ова можеби нема да Ви се допадне, но има значителна улога при детерминирање на продуктивноста, а се однесува на времето кое се троши за приватни телефонски разговори и прелистување на социјални мрежи на смартфоните. Можеби не сме свесни, но голем дел од работниот ден ни поминува во примање и испраќање повици до членовите на семејството и пријателите. Овде се зборува за тривијални, секојдневни активности, кои одземаат време и не отргнуваат и деконцентрираат од задачите на кои моментално работиме. Особено е тоа изразено кај фамилијарните колеги, кои мораат да добијат детален извештај што децата јаделе, какви оценки добиле, итн. Иако во голем дел од компаниите е забранет пристапот до социјалните мрежи преку службените компјутери, вработените најчесто пристапуваат преку своите смартфони, што ја “поткопува” продуктивноста и работниот учинок. Затоа, обидете се да се воздржите од несуштински муабети по телефон, но тоа нека се прави само во нужни случаи. А, социјалните мрежи се однесуваат на приватната сфера, што нема допирна точка со службениот дел од денот.

Автор: д-р Пане Илиев

Колумни

Кога плаќаме со картичка трошиме повеќе

Објавено

на

Платежните картички, како иновација, се одличен изум кој заменува носење на многу кеш во себе, што им го олеснува и поедноставува животот и плаќањето на луѓето. Но, како и секој друг изум кој не е и не може да биде совршен, така и платежните картички си имаат мани.

Кога плаќате со кеш, физички давате банкноти, па сте принудени да размислувате за сумата. Но, лесно е да ја поминете картичката кога сумата е само број и потоа морате до крајот на месецот да се справувате со трошењето.

Па како да го избегнете претераното трошење со кредитната картичка? Очигледно, носењето повеќе кеш е лесно решение, но плаќањето со кеш не е секогаш опција. Наместо да го менувате начинот на трошење, обидете се да го смените начинот на размислување.

Професорите по маркетинг, Промотеш Чатерџи и Рандал Роуз се запрашале да не е можеби затоа што плаќањето со кредитна картичка всушност го менува начинот на кој ги перципираме продуктите. Нивната хипотеза била дека кредитните картички ве тераат да се фокусирате на бенефитите од продуктот, додека кешот прави да се фокусирате на тоа колку чини. Една студија од 2011 година покажа дека тоа е точно.

Продолжи со читање

Колумни

10 кредитни заповеди

Објавено

на

Ако имате намера во иднина да купувате куќа, стан, автомобил или нешто слично, мода да преземете одредени мерки за да бидете подготвени кога ќе дојде време за тоа. Еве ги десетте кредитни заповеди на кои упатува сајтот Каматица.

1. Плаќајте ги сметките на време
Не е случајно што токму ова е првата заповед. Еден од најголемите фактори кои влијаат на вашиот кедитен ранг е токму вашето кредитно минато. Задоцнетите отплати можат да направат голем проблем. За да се потрудите вашиот кредитен ранг да биде по ваша желба, плаќајте ги сметките на
време. Олеснете си го тоа со автоматско паќање на сметките.

2.Чувајте ги личните податоци
Преземете мерки за да си го заштитите идентитетот. Бидете скржави со вашите лични податоци за да не станете жртва на измама. Не можете целосно да спречите кражба на идентитетот, но можете да преземете одредени чекори за да ја намалите таа веројатност. Тоа значи дека треба да ги следите својата кредитна картичка и сметките во банка многу внимателно.

3. Бидете информирани
Знајте каде сте. Погрижете се да бидете упатени во својот кредитен ранг за да не бидете непријатно изненадени кога ќе сакате да купите куќа, да изнајмите стан или да купите автомобил. Исто така, би требало да ги имате копиите на вашиот кредитен извештај. Ако најдете грешки, оспорете ги.

4. Бидете проактивни
Не чекајте оние на кои им должите да почнат да го наплатуваат долгот. Ако не можете да ги издвоите ниту минималните рати за отплата на кредитот, повикајте ги своите кредитори или кредитен советник. Нека дознаат дека имате проблем, но дека сте сериозни во врска со плаќањето на хипотеката, заемот и слично. Исто така. можете да направите план на отплата кој ќе се вклопи во вашата моментална состојба и да избегнете дополнителна наплата или извршители.

5. Откажување на старите кредитни картички
Вашиот кредитен ранг е делумно заснован на вашето кредитно минато. Затоа, пред да ги откажете старите кредитни картички, размислете што ќе му направи тоа на вашиот кредитен ранг. Тоа не значи дека никогаш не би требало да откажете кредитна картичка, но би требало да бидете свесни за
влијанието што тоа би го имало.

6. Купувајте внимателно на кредит
Можеби не сакате премногу големи промени одеднаш. Кога сакате да купувате по најповолна цена кога позајмувате, ќе треба да бидете свесни дека премногу побарувања од вашиот кредит може да го оштетат вашиот кредитен ранг. Потрудете се да разберете како функционира тоа, пред да се
впуштите во кредитна лумперајка.

7. Користете ги кредитните картички одговорно
Пластиката може да биде примамлива за купување повеќе работи отколку што можете да си дозволите. Но, обидете се да размислувате за купување со кредитна картичка на ист начин како што размислувате за купувањето со готовина. Не би требало да потрошите повеќе од тоа што имате. Ваша цел нека биде избалансираност на кредитот во целина секој месец.

8. Плаќајте повеќе од минимумот
Вашиот кредитен извештај ќе ви покаже колку должите вкупно на картичката, а колку тој месец. Но, немојте да бидете водени од месечниот долг и да го плаќате само минимумот, зашто ќе платите повисока камата. Избегнувајте ги минималните отплати, освен ако навистина немате кеш или ако го користите таканаречениот метод на лавина за исплата на долгот, а тоа е минимални отплати на сите картички, освен на онаа која се обидувате да ја отплатите во тој момент.

9. Контролирајте ги финансиите
Преземете мерки за да ги следите своите трошоци, да направите буџет и да живеете во склад со своите можности. Имајте финансиска цел, како на кратки, така и на долги патеки, на чие остварување ќе работите.

10. Проверувајте го нивото на задолженост
Сакате да бидете сигурни да не ја минувате крајната висина на кредитот, а најдобро е да не користите повеќе од 30 отсто од дозволениот кредит. Ако секогаш сте на граница да го преминете кредитниот лимит, вашиот кредитен рејтинг ќе биде оштетен и ќе влезете во групата на високо ризични. Исто така, имајте го на ум соодносот на долгот и приходите. Не сакате да претерате. Како додаток на стресот поради парите кои може да ги снема, можат да ви одбијат нови позајмици или пониска камата.

Продолжи со читање

Колумни

6 причини поради кои треба да ја смените банката?

Објавено

на

Постојат работи кои можеме и работи кои не можаме да ги толерираме. Некои од нив говорат дека можеби дошло време да се смени банката Ова се неколку причини за да го направите тоа.

  1. Надокнади, такси
    Банките им наплатуваат на клиентите надокнади за одредени производи и услуги кои ги користат и не ги користат. Некои можеби и не сте ги забележале. Ако имате високи или неочекувани трошоци, на пример, на сметките за одржување, високи трансакциски провизии, високи камати, можеби е време да размислите за промена. Овие трошоци можат бргу да се соберат и да се прикажат на вашата сметка. Можеби ќе можете да ги елиминирате ако разговарате со својот банкарски службеник, но одете вооружени со знаење каде можете да добиете подобра понуда.
  2. Достапност
    Банкарските услуги треба да бидат според вашите потреби. Всушност, тоа се ваши пари, така што би требало да можете да ги користите кога и како што сакате. Во секој момент треба да имате пристап до своите пари. Тоа е една од најважмните работи при изборот на банка. .

Ако сакате готовина за вас е важно да бидете сигурни дека можете да ги подигнете своите пари во секој момент. Распоредот на банкомати и на експозитури на банките е од пресудно значење при нејзиниот избор.

Ако сакате да го следите секој свој налог каде и да сте, за тоа ви е потребна функција како мобилно банкарство и онлајн трансакции. Банката која ја бирате мора да ги има тие можности, а притоа да не ги наплатува дополнително.

  1. Кориснички сервис
    Некои банки изгледа не го ставаат на прво место односот со клиентите. Ако се чувствувате невидливо на шалтерите, референтите за кредити или претставниците на корисничкиот сервис не го сослушале адекватно вашиот проблем, можеби е време да се разгледува промена на банката и барање на онаа која ќе ви понуди попријатно банкарско искуство. Исто така, проверете дали СОС линијата или онлајн сервисот ви се на располагање 24/7.
  2. Не го следи движењето на каматите
    Сакате можност да заработите фер каматна стапка на своите штедни сметки. Немојте да ја пропуштите приликата парите кои веќе ги имате за вас да заработат дополнителни пари. Ако вашата банка не дава пристојни камати на заштедите, тоа е можеби уште една причина да размислите за промена.
  3. Сигурност
    Ако агенцијата за осигурување на депозитите не ја осигурува вашата банка, сметајте го тоа за црвено светло. Оваа организација е одговорна за осигурување на парите кои се во банките, вклучувајќи ги и заштедите. Важно е да се уверите дека вашите пари се на сигурно.
  4. Промени во начинот на живот
    Ако неодамна сте имале промена на вашата одговорност на работа, на работното место, на брачната состојба или финасиската, на здравјето, можеби ќе морате да разгледате нови банкарски можности. Кога вашите банкарски потреби се менуваат, тоа е добро време повторно да процените дали вашата банка и понатаму ги задоцволува тие потреби. .

На пример, ако вашата банка нема најдобри каматни стапки на хипотекарните кредити, а вие оваа година планирате да купите стан, можеби ќе сакате да ја разгледате можноста за преминување во банка која дава подобра понуда.

Ако се одлучите да направите промена, важно е да споредите повеќе банки и да ја пронајдете најдобрата понуда која не подразбира високи трошоци и ги има на располагање опциите кои вам во моментот ви се потребни.

При преминувањето во друга банка задолжително затворете ги сите сметки и намирете ги сите обврски кон претходната банка.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange