Connect with us

Останато

Безос, Гејтс и Закерберг изгубија 4,5 милијарди долари

Објавено

на

Војната со зборови што ја водат САД и Северна Кореја ги чинеше Џеф Безос, Марк Закерберг и Бил Гејтс 4,5 милијарди долари откако паднаа акциите поради зголемување на тензиите меѓу двете земји.

Безос, Гејтс и Закерберг претрпеле огромни загуби затоа што инвеститорите почнале да ги продаваат нивните удели и да бараат сигурни влогови, како што е златото.

 

Најголем губитник е основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој неодамна на кратко стана најбогат човек во светот. За само неколку часа тој изгубил две милијарди долари.

 

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, е посиромашен за 1,6 милијарда, а Гејтс изгубил 850 милиони долари од вредноста на неговиот удел во „Мајкрософт“.

 

Акциите на повеќе американски компании почнаа да паѓаат кога американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Северна Кореја дека ќе се соочи со оган и бес каков што светот не видел досега ако продолжи да им се заканува на САД.

Останато

Златото ќе не спаси ако има нова криза

Објавено

на

САД ја почнаа најголемата трговска војна во историјата и тоа со Кина, при што се очекува дека ќе има нова светска криза. Оваа криза која се заострува ќе има последици за секој граѓанин од секој дел на светот. Ова се случува во време кога неколку години по ред светската економија има раст.

Америка може светот да го втурне во рецесија, а инвеститорите веќе купуваат злато. Може да дојде до потопување на берзите и затоа парите се под ризик.

Се советува дека секој форма на штедење од пари на хартија е добро решение. Се наведува дека еврото и доларот се печатат секој ден без покритие и затоа нивната вредност паѓа.

Златото со години има позитивни резултати, и неговата цена скока. Ако пред 2000 години чинело 400 долари, денес унца е 1300. Цената на златото расте побрзо од инфлацијата и на тој начин се чува куповната моќ.

Злато се купува масовно во Германија, Австрија, Англија и Швајцарија.

Годишното производство на злато е ограничено на 2500 тони. Трошоците за експлоатација се високи, и шансите за поголемо производство се мали.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно јакне

Објавено

на

Криптовалутите денес продолжиле да јакнат. Биткоинот, прв пат од јуни, ја проби границата од 7 500 долари, според анализата на Блумберг.

Најпопуларната дигитална валута на почетокот на тргувањето пораснала за дути 3,1%, на 7 543 долари, а нешто подоцна тој раст спласнал на 0,8% во Лондон, според пресметките на агенциите.

Ривалските валути, како рипл, етерум и лајткоин, забележале мешовити резултати, но воглавно ги задржале добивките остварени ден порано.

И покрај најновото јакнење, вредноста на биткоинот и понатаму е за 30% пониска од историскиот рекорд, забележан во декември минатата година.

Продолжи со читање

Останато

Претседателот на КХВ м-р Нора Алити учествуваше на состанокот на Советот за развој на пазар на капитал

Објавено

на

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  М-р Нора Алити на 16 јули, 2018 година учествуваше на работниот состанок на Советот за развој на пазар на капитал што се одржа во Министерството за финансии.

Со Советот за развој на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски, можноста за воведување  на краудфандинг како начин за финансирање во Македонија  беше една од темите за кои се дискутираше  на Советот.

Како што беше истакнато , примената на краудфандинг, односно концептот на прибирање на средства од поголем број инвеститори за финансирање на компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Инаку, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти.

На Советот беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарските канали.

Во Советот за развој на пазарот на капитал, членови се гуверенерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела – на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange