Connect with us

Колумни

Банкарски етички кодекс

Објавено

на

Етичкиот кодекс или кодексот на етичко однесување и работење претставува збир на морални вредности, начела, принципи и стандарди, односно корпоративни вредности и професионални стандарди кои банките формално ги пропишуваат и претставуваат облигација за секој вработен.

 

Кодексот на етика ја нагласува посветеноста кон етиката, воспоставува основи на легално и морално однесување, пропишува механизми против прекршувањата на моралните принципи и правила и истовремено превенира и детектира незаконско однесување во рамки на исполнување на работните задачи. Со почитување на овој формално донесен документ се обезбедува повисок степен на одговорност, се подобрува квалитетот во давањето на услуги, а со тоа се зголемува довербата на клиентите во начинот на кој финансиската институција работи и управува со средствата.

Кога говориме за кодексот на однесување како посебно пишан документ, особено е важно истиот да им биде презентиран на вработените, во спротивно тие нема да се грижат за нешто што никогаш не го виделе – со самото влегување на работа во банка треба да се презентира и се запознаат нововработените со содржината на овој вид документ. Исто така, дали и колку вработените ќе ги почитуваат одредбите во документот на морално однесување, зависи најмногу од ставот на врвните менаџери – доколку врвните менаџери ги почитуваат вредностите содржани во кодексот на етика, нивниот начин на однесување ќе го следат и останатите вработени во банката, и обратно.

Дополнително, неопходно е постојано надградување, осовременување и ревидирање на етичкиот кодекс, пожелно е најмалку еднаш годишно, со што би се прилагодувал документот на променетите услови на работење, новоностанатите услови во организацијата кои можат да поттикнат неморално бизнис однесување и ги апсолвира и вгради најновите правила, начела и стандарди на етичко однесување, согласно најдобрите бизнис практики.

Во продолжение следуваат најчесто дефинираните начела и принципи на бизнис етика во банките кон кои вработените мораат да се придржуваат, промовираат и целосно инкорпорираат во извршувањето на секојдневните обврски на работното место, но и надвор од него.

Изглед. Ова начело се однесува на начинот на облекување и уредноста на вработените, популарно наречен дрес код (dress code). Ова подразбира дека вработените мораат да одржуваат високо ниво на уредност и носат соодветна гардероба, која за шалтерските работници е строго дефинирана (т.н. униформи), а за останатите предвидува стил на гардероба, боја, комбинација на додатоци, итн. Така, деловната гардероба опфаќа подискретни, пастелни бои (сива, сина, тегет, црна, кафена), наместо шарени и воочливи бои, а типот на облека да биде ограничен на кошули, сакоа, пантолони, вратоврски, марами, соодветна должина на здолништа, со што спортската гардероба е строго забранета. Кога станува збор за обувки, во никој случај не смее да стане збор за спортски обувки или друг тип на обувки кои се несоодветни за деловниот изглед на банкарските работници. Светското искуство упатува и на постоење еден ден во седмицата кога е дозволен и полежерен стил на облекување, но тоа не значи спортска облека и спортски обувки. Можеби ќе Ви звучи смешно, но во многу кодекси на однесување е предвиден и степенот на телесната хигиена на вработените, со цел да се укаже и на важноста на овој аспект  за впечатокот кој го остава работникот, како општ впечаток за банката.

Тимска работа и професионална комуникација. Вработените се должни да работат во тим, кој е неопходно да се заснова врз постојана и непристрасна комуникација, без оглед на приватните односи меѓу колегите. За да постои ред, потребно е и почитување на хиерархијата, која го определува текот на информациите при остварување на комуникацијата. Не смее да постои никаква дискриминација по основ на хиерархиска положба, образование, пол или социјален статус, а особено се забранува “оговарањето” и ширењето на негативни ставови или муабети за соработниците.

Деловна тајна. Во секоја банка особено многу се инсистира на почитување на начелото на почитување на деловната тајна, без оглед дали е поврзана со податоци и информации поврзани со работникот, клиентите на банката или самата банка, бидејќи големи се штетите кои можат да произлезат од “протекување” на доверливи информации надвор од банката. Не треба да се заборави дека и после завршување на работното време сме “лицето” на банката, па и она што го говориме во неформални кругови може да и наштети на матичната организација, на нејзините клиенти и на нас самите, како вработени во истата. Скоро секоја информација е повеќе или помалку доверлива, а ако вработениот не е сигурен дали одредена информација е доверлива, треба да и даде третман како доверлива, со цел да не се доведе во опасност од нејзино откривање. Како и да е, препорачувам секоја информација која е поврзана со било кој аспект од работењето во банката, да ја третирате како деловна тајна и да не ја откривате пред лица кои немаат право да ја дознаат.

Конфликт на интереси. Вработените мораат да избегнуваат ситуации каде е можна појава на конфликт на интереси, што е особено важно да биде предвидено во кодексот на етика во банките. Основно е да не се дозволи личниот интерес (финансиски или друга форма на интерес) или на семејството, роднините, пријателите или лица со кои има или имал деловни односи некој вработен, да биде поврзан со позицијата која ја има вработениот во организацијата. Тоа значи дека при одлучувањето или исполнувањето на задачите не смее да се оствари директна или индиректна материјална или друга корист за себе, семејството или пријателите, како и за евентуален постоен паралелен бизнис кој го води вработениот, а претставува конфликт на интерес со работењето во банката. Со кодексот треба да се исклучи можноста вработениот (извршител, менаџер на пониско, повисоко или највисоко ниво) да ја искористи позицијата за стекнување корист преку остварување на бизнис релации со деловни партнери – добавувачи, купувачи, конкуренти и останати групи на интерес. Оттука, секој вработен е должен да ги пријави сите односи и подрачја кои можат да доведат до конфликт на интереси при извршувањето на работните задачи, а притоа да се дистанцира од инволвираноста во процесот   кој е предмет на тој конфликт.  

Заштита на имотот. Грижата за имотот на банката и заштитата на истиот треба да биде еден од врвните приоритети на вработените. Средствата кои ги поседува банката, но и кои секојдневно се користат, треба да бидат единствено употребувани за деловни, но не и за лични цели и потреби. Во тој смисол, банките имаат усвоено сет на политики, процедури и правила за овластено користење на средствата, а секое неовластено користење треба да биде предмет на санкции. Совесното, оправдано и умерено користење на банкарската инфраструктура е начело кое јасно им се става на знаење на банкарските работници преку имплементирање на истото во етичкиот кодекс.

Подароци. Примањето подароци како надомест за извршена услуга строго се забранува, бидејќи не може да стане збор за лична услуга, кога тоа потекнува од описот на работно место, со средства на банката и спаѓа во доменот на извршување на работните обврски и задачи. Иако е длабоко вкоренета праксата на овие простори дека треба да се даде пригоден подарок на тој кој Ви ја прави услугата, сепак тоа не е во ред и банкарскиот работник треба да го одбие таквиот надомест. Запомнете, извршувањето на работната должност не е предмет на давање подарок, но тоа ќе биде предвидено и реализирано преку политиката на награди која ја усвојува банката. Овде не станува збор за материјал за репрезентација (пенкала, нотеси, календари, приврзоци) или останати предмети со симболична вредност, кои ќе бидат дадени јавно пред останатите колеги.

Подмитување. Поврзано со претходниот принцип, но сепак со пошироко и подлабоко значење, но и влијание врз работењето на организацијата. Нулта толеранција кон примање мито, како во останатите институции, така и во банките. Примањето некаков надомест, финансиски или нефинансиски, заради остварување некаква корист или поволност поврзана со банкарското работење, строго се забрануваат и санкционираат кај банките. Земањето надомест поврзано со поволност при одредена трансакција, вработување, кредитни работи или склучување договори со купувачи/добавувачи не се толерира и истото треба да биде веднаш пријавено, а од органите на банките моментално и строго санкционирано.

Професионалност и компетентност. Кодексот на етичко однесување пропишува начела и принципи на професионалност и компетентност, кои мораат задолжително да се почитуваат од вработените. Овде се мисли на стручно, професионално, навремено, уредно, чесно и одговорно извршување на работните задачи, со што би го оправдале и заштитиле угледот на банката и во никој случај нема да придонесат кон создавање на негативен имиџ за институцијата. Професионалноста и компетентноста треба да се одржуваат во односите кон колегите, клиентите, конкуренцијата, надворешните соработници, акционерите и останатите групи, чие мислење влијае врз репутацијата на банката.

Политика. Ова е нешто од понов датум, но мошне актуелно и задолжително треба да се вклучи во кодексот на етика на вработените во банките, паралелно со порастот на актуелноста на политиката во живеењето, како во светот, така и во нашата земја. Строго и без двоумење не смее да се прави дискусија за политика и политичкото живеење на работното место, како и да се врши поделба, односно раслојување според партиска или политичка определба. Секој своите политички ставови и убедувања да ги остави пред влегување во работните простории, бидејќи ова е бизнис, а не политичка институција.

Автор: д-р Пане Илиев

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиент заглавен во експозитура на банка

Објавено

на

Стануваш наутро и сфаќаш дека денот нема да тргне на добро. Навиката ти вика користи мобилна апликација и плаќај што сакаш. Реалноста ти вика за тоа да го направиш мора да одиш да си ставиш пари на сметка. Стигаш кај најблиските банкомати, сфаќаш дека картичката што овозможува да ставиш пари од банкомат е истечена.

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

It’s a Digital, Digital world!

Објавено

на

Да, ова е дигитален свет и иако не се родивме во таков, дефинитивно ни годи!

Добар дел од компаниите и брендовите во денешницата се создадени на овој фронтиер и се пред своето време, друг дел одлично се адаптирани, но постојат и оние кои не се снаоѓаат најдобро во истиот. Затоа одвојте дел од вашето скапоцено време, за да позборуваме за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.

Ќе почнам со најинтересното и воедно најкрупното нешто кое ни се случува – социјалните медиуми. Колку и што од можеме да добиеме од нив?

Имено, на почетоците од мојата кариера со малку искуство, малку познавање на графички дизајн, малку контакти, но многу желба и идеи, социјалните мрежи беа „тука за мене“. Ми понудија начин да експериментирам во комуникацијата со различните целни групи. Открив многу интересни модели на однесување на публиката. Сето ова ме чинеше само: интернет, струја и некоја кутија цигари… Тогаш, да бидам искрен не замислував дека од оваа социјална мрежа ќе се роди цела индустрија и ќе биде еден од водечките канали застапен во буџетите. За мене на маркетинг тронот се уште беа традиционалните медиуми и пристапи. Но, еве после 10 години сум горд застапник на социјалните мрежи и дигиталните комуникации и тврдам дека нивното време допрва доаѓа.

Последните 6 години сум во автомобилската индустрија во која маркетинг буџетите драстично се намалија во изминатите 8 години. Слабата продажба и увозот на користени автомобили, значително ја отежнаа работата на луѓето и агенциите задолжени за маркетинг. Социјалните мрежи во овие „кризни времиња“ се покажаа како секирче на мраз за да се продолжи качувањето нагоре.

Секој корисник на различна социјална мрежа има различна природа или е од различен вид. Така на пример, ако го земеме просечниот корисник на најпопуларната мрежа Facebook, тој се карактеризира со потреба да му се обратите лично. Затоа ги имаме оние коментари како „cena?”„ima 38?“… Ова од вас бара поголема посветеност и ресурси, но од друга страна овозможува директно да допрете до корисникот од овој вид. Со последните новини кои овозможуваат на секој коментар да одговорите во приватна порака, апсолутно се подобрува директното обраќање и ви се овозможува на корисникот да му дадете “tailor made” понуда. Социјалните мрежи, како и корисниците се жива материја. Тие се менуваат регуларно. Она што допрва доаѓа и ќе се покаже „поживо“ од било што друго е Вештачката интелигенција. Иронично нели?

Останатите новини коа беа воведени конкретно на Facebook во последните години како Instant Articles го задржуваат корисникот на мрежата дури и кога тој мисли дека веќе излегол. Апсолутно сите истражувања покажуваат дека користењето на социјалните мрежи расте и дека порталите т.е. веб страните се борат за 30 до 60 секунди внимание кое корисникот би го потрошил на нивниот сајт и веднаш би се вратил да “скрола“ на мрежата. Ова е уште еден факт за исплатливоста на инвестицијата во платен маркетинг на социјалните мрежи.

Но, внимавајте, во буџетот секогаш да предвидите микс од Онлајн, Дигитални и Социјални медиуми. Бидејќи со дедицирање на целиот закуп само на социјални медиуми ризикувате да не добиете доволна ПР поддршка кај веб страните кои се од интерес за вашата целна група.

Друго на што морате да обратите внимание се „синовите и ќерките“ на Социјалните мрежи, т.е. таканаречените Инфлуенсери. Оваа категорија оди чекор понатаму во онаа директна комуникација и потреба за идентификација на корисниците. Да, луѓето се идолизирани и чувствуваат дека тоа можат да бидат и тие и дека тоа е нивен “cool” пријател.

Инфлуенсерите добиваат многу поголем reach во последно време особено во Македонија поради неколку факти:
Прво, по целиот скандал од бастионот на “fake news“ во светот, Титов Велес по старо, Трампов Велес по ново, Facebook значително го ограничи и го скрати reach-от на сите Facebook страни кои доаѓаат, се водат, или на било кој начин се поврзани со Македонија;
Второ, множењето на медиуми во просторот и социјалните мрежи кои ни ги донесе политичката нестабилност и политичката пропаганда, се оформија и зрачат многу медиуми кои не постојат за целта на реално, критичко известување, туку за други помалку или повеќе познати цели.

Трката за број еден социјална мрежа почнува да биде густа меѓу Facebook и „посинокот“ Instagram. Иако по број на корисници можеби доминира Facebook, во поглед на опфатот и ефектот на пораките Instagram со воведувањето на опцијата Stories, како да доби силен ветер во грбот и брзо гази напред.

Во некоја друга прилика, ќе ги споменеме и останатите социјални мрежи, некои успешни стратегии, како и моќните SEM, Programmatic и слично.
Морам да одам, имам некои постови и кампања за одобрување…

Извор: marketing365.mk

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange