Connect with us

Останато

Атлантик Група во 2017 година ги надмина плановите за раст на профитабилноста

Објавено

на

Компанијата порасна на речиси сите главни пазари и бизнис области со историски рекордни приходи во Стратешките дистрибутивни области Хрватска и Словенија.

Атлантик Група оствари вкупни приходи од продажба од 711 милиони евра во 2017 година, што претставува зголемување од 3,9 проценти во однос на претходната година. Добивката пред камати, оданочување и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 78 милиони евра, што претставува зголемување од 22,7 отсто, а нето-добивката по малцински интереси се зголеми за 69,2 отсто, на 37 милиони евра. Исклучителни резултати се постигнати кај сопствените брендови и дистрибуциското работење. Забележан е раст на сите најголеми пазари на Атлантик Група, и за прв пат на крајот на 2017 година, и покрај предизвиците, објавени се корекции на очекувањата за профитабилноста која регистрираше раст! Помеѓу брендовите кои забележаа раст се истакнуваат: Аргета и Донат Мг во Хрватска и Србија, Баркафе и Цедевита во каналот ХоРеКа, Кала, Калничка и Штарк во Хрватска и Мултивита и Донат Мг во Русија. Сите клучни брендови ги зголемија или задржаа пазарните удели, а Аргета, по Австрија минатата година, стана лидер на пазарот и во Швајцарија.

Фокус на брендовите, квалитетно управување и нови деловни можности

Со исклучителни деловни резултати минатата година беше одбележана со дезинвестирање на производствениот сегмент на спортската исхрана и се фокус на брендираниот бизнис и развојот на Мултипауер во премиум сегментот. Белгиската компанија Аминолабс ги презеде фабриките во германскиот град Блекеде и Нова Градишка со трансакција од 27 милиони евра, со нето добивка од речиси 9 милиони евра. Првиот квартал од 2017 година е обележан со напорите за стабилизирање на Агрокор, кој е најголемиот регионален малопродажен партнер на Атлантик Група. Иако приходите од продажбата на Агрокор паднаа повеќе од 15 отсто во споредба со 2016 година, падот е компнезиран со растот во продажбата на останатите купувачи, па така, минатата година на пазарите во Србија, Хрватска и Словенија е постигнат пораст од дури 5,1 отсто. Со новите договори за дистрибуција на најголемите пазари, со Ред Бул во Србија (во вредност од 5 милиони евра) и компанијата Марс во Хрватска (во вредност од 13 милиони евра), е потврда за ширењето на бизнисот со дистрибуција, како дел од долгорочната бизнис стратегија. На крајот на годината, Атлантик Група, исто така, започна со производство на деликатесните намази Аргета во САД, со амбициозен план за првично освојување на етно сегментот на овој пазар.

“Изминатата година беше предизвикувачка и исклучително успешна за Атлантик Група. Забележавме раст во речиси сите области и во сите критериуми и не само во бројки. Компанијата ги зајакна своите сопствени брендови и дистрибуција, со дезинвестирање на поголемиот дел од производството на трети страни го пренасочивме и зајакнавме фокусот кон брендовите и инициравме голем број на активности за поефикасен пристап до западноевропскиот пазар, а со еден од нашите најинтернационални брендови успеавме да зачекроиме на перспективниот американски пазар. Нашиот успех го препозна и експертската јавност, па така Атлантик во 2017 година ја доби наградата на Загрепската берза за транспарентност и квалитет при управување со инвеститорските односи, додека признанието на чадор организацијата на светски експерти за управување со човечките ресурси, ХРO Денес, за промовирање на добри практики во оваа област не вметна во групата на врвни европски компании “ – коментира Емил Тедески, претседател на Управата на Атлантик Група.

Најмногу пораснаа пијалоците, дистрибуцијата во Хрватска и пазарот Русија

На вкупниот раст на продажбата од Атлантик Група во 2017 година најмногу влијаеа Стратеешките бизнис области: Пијалоци со раст од 7,3 отсто, потоа Деликатесни намази и Здравје и нега со раст кај секоја од 7,0 отсто. Во растот на дистрибутивните области се истакнуваат Стратешката дистрибутивна област Хрватска (6,9 отсто) и Стратешката дистрибутивна област Србија (3,0 отсто). Кафето со учество од 20,7 отсто во вкупните приходи се издвојува како најголема поединечна категорија со 147 милиони евра приходи од продажба. Меѓу пазарите со најголема стапка од 23,1 отсто е растот на рускиот пазар и ЗНД земјите, додека во хрватскиот регион е забележан раст од 7,5 отсто и 3,5 отсто во Србија.

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Осигурување

СЕ ЗГОЛЕМУВА КОНКУРЕНЦИЈАТА: Заваровалница Триглав е третиот пензиски фонд на македонскиот пазар

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange