Connect with us

Останато

Асоцијација на менаџери на Македонија го одржа ексклузивниот настан со Дарко Мирковиќ

Објавено

на

Во понеделник, 12 февруари, во хотел Арка во Скопје во организација на Асоцијацијата на менаџери на Македонија, за прв пат во Македонија, се одржа ексклузивен настан од страна на најдобриот мотивациски говорник на Балканот, Дарко Мирковиќ.

„Асоцијацијата на менаџери на Македонија низ годината ќе организира бројни настани кои ќе ги исполнуваат нашите стратешки цели како создавање и одржување на деловна мрежа со други здруженија и институции во земјата и во странство, активно учество во процесите за унапредување на економскиот, работниот и општествениот амбиент и воспоставување на професионални стандарди во областа на менаџерската професија и донесување на етички кодекс. Членовите и заинтересираните идни членови има што да очекуваат од нас во наредниот период.“ – истакна Маја Ристова, претседател на Асоцијација на менаџери на Македонија.

„Ми претставува голема чест и задоволство да 0станам во контакт со сите кои би дошле на настанот, и да продолжиме заедно да разменува искуства. Сите тие се луѓе со искуства и резултати, и некогаш само една идеја може на некој од нив да им ја подобри кариерата. Асоцијацијата на менаџери секогаш ќе се труди на своите членови да им помогне со слични проекти, и јас сакам да го дадам својот придонес.“ – рече Дарко Мирковиќ.

Вештините и способностите на Дарко Мирковиќ се препознаени од Брајан Трејси, еден од најголемите лидери од областа за развој на човечките потенцијали.

Останато

Поддршка од „Бортас“ за младите претприемачи за купување на деловен простор

Објавено

на

Градежната компанија „Бортас“ започнува нов проект  за поддршка на сите микро, мали и средни претпријатија што се во потрага по сопствен деловен простор.

Препознавајќи го капацитетот и потенцијалот на сите што сакаат да започнат нов бизнис, оваа градежна компанија им нуди грејс-период од 6 месеци на сите претприемачи кои сакаат да купат деловен простор.  Овој период од 6 месеци, како што велат од компанијата, е доволен новиот претприемач да почне со развивање на својот бизнис и да стекне право да аплицира за кредит во некоја од комерцијалните банки за да го купи просторот што го користи во грејс-периодот. Од градежната компанија „Бортас“, која на пазарот опстојува 28 години, велат дека имаат одлична соработка со комерцијалните банки кај нас и дека на своите клиенти секогаш  им се достапни за консултација и поддршка во водење на целиот процес- од избор на соодветен простор, преку аплицирање за кредит, до добивање имотен лист.

Идејата за овој проект потекнува од фактот што започнувањето сопствен бизнис бара сериозна инвестиција, а високите цени за закуп на деловен простор дополнително го оптоваруваат буџетот на ново формираната компанија. Со проектот, градежната фирма „Бортас“ нуди намалување на почетните трошоци на новите претприемачи, по реалксирано планирање на средствата со кои располагаат  и избегнување на трошоците за закуп на деловен простор со пренасочување на истите во трајна инвестиција.

Во програмата за поддршка на млади и креативни бизниси, посебен акцент е ставен на социјално одговорните претприемачи, за кои „Бортас“ нуди посебни услови и поволности.

„Иако проектот е наменет за сите млади претприемачи што сакаат да започнат нов бизнис, во програмата посебно ги издвојуваме оние претприемачи кои својот бизнис го развиваат во насока на социјално одговорен бизнис. За сите претпријатија кои преку своето работење вршат позитивен импакт врз општествената заедница, а со тоа се активно вклучени во развојот на социјалната економија во земјата, нудиме значително пониски цени за м², а за новоотворените социјално одговорни компании, грејс- период од цели 12 месеци. Со ова, сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме младите претприемачи да размислуваат поодговорно во креирањето на својата бизнис-стратегија, а со своето натамошно работење да влијаат позитивно врз создавањето поздраво и поодговорно општество.“ – вели Бојана Бораниева од „Бортас“.

Со своето 28-годишно постоење и силно изградено чувство за одговорно претприемништво,  градежната фирма „Бортас“ отсекогаш ги поставувала и подобрувала стандардите за квалитетна градба и хумано живеење. Со овој проект од компанијата се надеваат дека ќе влијаат и на останатите големи компании – двигатели на економските процеси во земјава, да го стават одговорното работење пред профитот.

Повеќе информации во врска со целиот проект можете да добиете на +389 2 322 76 25 или на www.bortas.com.mk

Продолжи со читање

Останато

ЕУ предлага реформи на Светската трговска организација

Објавено

на

Европската комисија предложи серија реформи на Светската трговска организација (СТО), со цел нејзина модернизација и прилагодување на современите пракси во трговијата.

Предлозите на ЕУ за реформи доаѓаат по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ќе ја напушти СТО, доколку таа не се реформири, обвинувајќи при тоа дека САД не добиваат праведен третман од страна на Организацијата.

Како мерка на притисок, САД го блокираа усвојувањето на механизмот на СТО за надминување на трговските спорови, со што го парализираа целиот процес.

– Механизмот на СТО полека се движи кон застој. СТО веројатно се наоѓа во најголемата криза досега, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром, истакнувајќи дека правилата на Оргаизацијата не ги следеле технолошките промени и обемот на модерната трговија.

Како пример, таа посочи дека важечките правила на СТО недоволно ги регулираат прашањата за субвенциите доделени на претпријатија во државна сопственост, а и воопшто не ја покриваат трговијата по елекстонски пат.

Малмстром нагласи дека ЕУ решила да предложи реформи на СТО токму поради ваквите недостатоци, а не за да ги задоволи барањата на САД.

Предлозите на Еврокомисијата вклучуваат промени на правилата за доделување на субвенции кои придонесуваат за нарушување на пазарните фер услови, подобрување на транспарентноста и зголемување на ефикасноста на механизмот за надминување на трговските спорови, со цел да се деблокирање процесот на негово воспоставување.

За да бидат спроведени предложените реформи на ЕУ, тие треба да бидат прифатени и одоберни од сите 164 земји членки на СТО.

Малмстром соопшти дека за предложените реформи од страна на ЕУ, веќе започнале разговори со Кина, а следната недела ќе има средби и со американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и со јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

Тензиите во глобалната трговија ескалираа последниве месеци со одлуката на САД за воведување високи царини за увоз на челик и алуминиум, како и за зголмување на цариинските стапки за увоз на голем број кинески прозиводи. На ваквите мерки на САД, засегнатите страни одговорија со контрамерки поврзани со увозот на американски производи.

Продолжи со читање

Останато

Кредитите од ЕИБ за мали и средни претпријатија со камата до 3,5 проценти

Објавено

на

На македонските мали и средни компании од денеска им е достапна поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) што ќе се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот и 11 деловни банки.

Се очекува до крајот на месецот да бидат потпишани договорите со деловните банки, а од средината на следниот месец да почне и аплицирањето од компаниите за добивање кредити.

Кредитите ќе се доделуваат во транши од по пет милиони евра, а компаниите ќе можат да учествуваат со проекти во вредност од шест илјади евра до три милиони евра.

Кредитната линија ќе биде достапна во наредните две години, односно до повлекувањето на сите транши. Се очекува да биде понудена по пониски каматни стапки, односно со каматна стапка од околу 3,5 отсто и ќе има рок за враќање од 12 години со грејс-период од две до четири години во зависност од проектот.

Кредитната линија ќе може да се користи за инвестиции, набавка на опрема, градежни материјали, машини, транспортни средства, финансирање на обртни средства…

Заменик-директорот на ЕИБ, Ендрју МекДауел, истакна дека со оваа кредитна линија се поддржува приближувањето на земјава кон ЕУ и најави дека имаат намера во иднина да се фокусираат на поддршка на транспортот, енергијата и заштитата на животната средина.

– Како што се забрзува процесот на интеграција  со ЕУ присутноста на ЕИБ ќе се зголемува… Нашата поддршка во изминатите години придонела да се создадат околу 6.000 нови работи места во вашата земја во речиси 2.000 мали и средни компании, рече Мекдауел.

Досега вкупната поддршка од ЕИБ за земјава изнесува 450 милиони евра.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange