Connect with us

Странски банки

Англиската централна банка ги задржа каматните стапки непроменети

Објавено

на

Англиската централна банка ја остави без промена водечката камата на нејзиниот рекорден минимум од 0,25%, како што прогнозираа и повеќето економисти по забавувањето на инфлацијата.

Комитетот за монетарна политика на институцијата гласаше да се задржи нивото на водечката камата во позадина на несигурноста за економските перспективи на Велика Британија, додека земјата се подготвува за излегувањето од ЕУ.

 

Некои економисти сметаа дека водечката камата треба да биде укината, откако во мај инфлацијата се забрза на 2,9% – доста над целното ниво од 2%. Но таа се забави до 2,6% во јуни, намалувајќи го притисокот за зголемување на каматите.

 

Истовремено банката ги намали прогнозите за економскиот раст и платите по слабиот старт на годината за економијата. Сега се предвидува економски раст од 1,7% оваа година и 1,6% за 2018-та година претходните прогнози беа за раст од 1,9% и 1,7%. Досега има малку индикатори дека растот на платите ќе се забрза, иако невработеноста е на најниско ниво од 70-тите години на минатиот век.

 

Невработеноста во Велика Британија е на 40-годишен минимум, а инфлацијата е над целта утврдена од банката. Овие факти го поддржуваат зголемувањето на каматата. Но, сепак податоците од јуни покажуваат дека економијата го забавила растот до најниско ниво од 2012-та година во првото полугодие, инфлацијата се намалила, а растот на платите останува слаб.

 

 

 

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange