Connect with us

Осигурување

Анализа на раст на трендот на животно осигурување во 2017 година во Македонија

Објавено

на

Животното осигурување одамна следи многу развиен тренд во светски рамки. Во Република Македонија во последните години пазарот за животно осигурување е во подем. Компаниите го користат потенцијалот на пазарот и се обидуваат да ги придобијат клиентите. Од друга страна, заинтересираноста на граѓаните за оваа појава се повеќе расте.

Развојот на пазарот на животното осигурување во последниве неколку години навистина се развива во правилната насока, а тоа се должи на зголемената понуда на производи како и на новите компании кои се ориентираат кон пазарот на животно осигурување. Но, и покрај тоа мора да се каже дека потенцијалот на пазарот за животно осигурување не е во целост искористен. 

Според информациите од Агенцијата за супервизија на осигурување кај осигурувањето на живот заклучно со вториот квартал на 2017 година e остварена бруто полисирана премија во износ од 646,21 милиони денари (која во 2016 за истиот период изнесувала 554,31 милипни денари), што претставува пораст од 1,61%. Осигурувањето на живот учествува со 13,97% во вкупната БПП на осигурителниот сектор. Позитивниот тренд е присутен и кај двете класи на осигурувањето на живот, при што кај традиционалното осигурувањето на живот продолжува позитивниот тренд на пораст на БПП во износ од 603,04 милиони денари (минатата година во истиот период изнесувала 534,11) што претставува пораст од 12,91%, при особено изразен пораст на бројот на новосклучени договори за осигурувањето на живот од 86,44%, и тоа претежно од типот на термински договори за осигурувањето на живот (ризикп). Кај осигурувањето на живот кога инвестиционипт ризик е на товар на осигуреникот продолжува изразениот тренд со пораст од 113,75% со остварена БПП од 43,17 милипни денари (во 2016 година изнесувала 20,19), при умерен пораст на бројот на склучени договори од 8,39%.

Со цел јасно да се увиди степенот на зголемување на трендот на животното осигурување во 2017 година направена е споредба на параметрите во однос на вториот квартал во 2016 година според бројот на склучени договори и бруто полисираната премија од истите. Исто така од табелата може да се увиди и колкав е уделот на животното осигурување во вкупниот обем на пазарот на животно и неживотно осигурување повторно разгледувано по истите параметри, број на склучени договори и бруто полисирана премија.

 

                                   Бруто полисирана премија                                                     Број на склучени договори
  Втор квартал 2016 Втор квартал 2017 Промена Втор квартал 2016 Втор квартал 2017 Промена
Осигурување на живот 534.116 603.044 12.91% 4.108 7.659 86.44%
Вкупно 4.484.105 4.624.950 3,14%  583.314 624.381 7.04%
Повеќе

Осигурување

НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: Триглав започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Арт Гаши именуван за Генерален Директор на ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ по донесена одлука од Надзорниот одбор изврши промена на овластено лице – Претседател на Управен одбор и Генерален директор на друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања на пазарот

Објавено

на

Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов производ на пазарот, осигурување на малигни заболувања. Ова покритие е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување за лекување во приватни здравствени установи, кое што вклучува специјалнистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции. Наменето е за резидентниот сегмент, за индивидуални и за семејни корисници и обезбедува материјална заштита во најкритичните моменти во животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange