Connect with us

НБРМ

Анализа на ефектите од новите извозно ориентирани компании во домашната економија

Објавено

на

Во рамки на Дирекцијата за монетарна политика и истражување e изготвена анализа во чијшто фокус се ефектите од работењето на новите извозно ориентирани компании врз домашната економија, соопштија од Народната банка на Република Македонија.

Оцените покажуваат дека компаниите во индустриските зони придонесуваат за раст на вкупната додадена вредност во економијата за 2,3 п.п. од збирниот номинален раст од 16,9% во периодот 2014 – 2016 година.

 

Со анализата се проценуваат и индиректните ефекти од овие компании преку нивните набавки од субјекти на домашниот пазар, како и опортунитетните фискални трошоци.

 

Сумирано, анализата на трошоците и придобивките упатува на позитивен збирен ефект на овие компании во периодот 2013 -2016 година од околу 660 милиони евра, или во просек 2,1% од БДП.

 

Од аспект на билансот на плаќања, збирниот ефект од тековните и финансиските трансакции на компаниите упатува на создавање нето девизни приливи во домашната економија од 8,6% од БДП во периодот 2008 – 2016 година, при што 4,8% од БДП се резултат на позитивниот ефект врз тековните трансакции, а 3,8% од БДП од финансиските нето-приливи создадени од овие компании.

 

Комплетната Анализа на ефектите од новите извозно ориентирани компании во домашната економија можете да ја погледнете ТУКА.

НБРМ

НБРМ: монетарна и финансиска усогласеност со најновите меѓународни и европски стандарди

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во текот на јули и август 2018 година, ќе објави податоци од монетарната статистика, статистиката на останатите финансиски институции и статистиката на каматните стапки, по нова методологија. Методолошките промени се направени заради усогласување со препораките од новообјавениот Прирачник и упатство за монетарна и финансиска статистика на Меѓународниот монетарен фонд од 2016 година (MFSMCG – IMF, 2016) и Техничката мисија на ММФ од областа на монетарната и финансиската статистика во НБРМ од 2015 година и придонесуваат за обезбедување квалитетни и конзистентни статистички податоци усогласени со највисоките меѓународни и европски статистички стандарди.

Податоците за одделните статистики ќе бидат објавени во согласност со утврдениот Календар на објавување, а истовремено заради обезбедување конзистентност, ќе бидат објавени и ревидирани временски серии податоци. Динамиката на објавување, по одделни статистики, е следнава:

  • Монетарна статистика: на 20 јули 2018 година, со објавување на податоците за јуни 2018 година, ќе се објави и ревидирана серија податоци за периодот од јануари 2009 година до мај 2018 година;
  • Статистика на каматните стапки: на 31 јули 2018 година, со објавување на податоците за јуни 2018 година, ќе се објави и ревидирана серија на податоци за периодот од 2005 година до мај 2018 година;
  • Статистика на останатите финансиски институции: на 31 август 2018 година, со објавување на податоците за вториот квартал на 2018 година, ќе се објави и ревизија на податоците за првиот квартал на 2018 година;
  • Биланси и прегледи на финансиските институции: на 31 август 2018 година, со објавување на податоците за вториот квартал на 2018 година, ќе се објават и ревидирани податоци за депозитните институции за периодот од првиот квартал од 2012 година до првиот квартал од 2018 година и за останатите финансиски институции за првиот квартал од 2018 година.

НБРМ, покрај податоците, ќе објави и информација за клучните методолошки промени, како и нови методолошки објаснувања.

Продолжи со читање

НБРМ

Нов работен материјал во издание на НБРМ

Објавено

на

„Влијанието на политиката на квантитативно олеснување на ЕЦБ врз капиталните текови во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа“ од гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, м-р Ана Митреска и д-р Султанија Бојчева-Терзијан.

Овој материјал е обид за емпириска оцена на ефектите од политиката на квантитативното олеснување на ЕЦБ врз капиталните приливи во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Со оглед на трговската и финансиската поврзаност на овие земји со еврозоната, би се очекувало дека креираната ликвидност од страна на ЕЦБ ќе предизвика и зголемување на обемот на нивните капитални приливи. Оваа хипотеза, авторките на работниот материјал, емпириски ја тестираат преку оцена на ефектите од промените во билансот на ЕЦБ врз одделните видови капитални приливи во избраната група земји.

Наспроти првичните очекувања, резултатите презентирани во материјалот, не ја потврдуваат оваа врска, но покажуваат значително влијание на одредени фундаментални фактори, како што се доходот и каматните стапки, врз капиталните приливи во регионот. Воедно, оцените упатуваат на негативно влијание од глобалната криза врз приливите на капитал, што веројатно и оневозможува поголем ефект од монетарното олеснување на ЕЦБ. Единствен исклучок е надворешното задолжување на државата, што се совпаѓа со контрацикличната фискална политика и растот на јавниот долг по избувнувањето на глобалната криза.

Повеќе информации може да најдете тука.

Продолжи со читање

НБРМ

Покана за 30. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

На 26 септември 2018 година (среда), во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 30. сесија на Клубот на истражувачите.

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 5 септември 2018 година (среда).

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачи, можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на веб-страницата на НБРМ  www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange