Connect with us

Платежни картички

Американската компанија “Vantiv” го купува британскиот ривал “Worldpay” за 10.4 милијарди долари

Објавено

на

Американската компанијата “Vantiv” која се занимава со процесирање на кредитни картички, постигна договор за купување на британскиот ривал “Worldpay” за 10.4 милијарди долари, во обид да создаде глобална платежна централа вредна 29 милијарди долари.

Потегот на “Vantiv”, претставува едено од најголемите преземања на британска фирма од минатогодишното гласање за Брегзит, и е дел од еден бран на спојувања на платежни компании, кога потрошувачите се оддалечуваат од готовински трансакции, а се приближуваат до дигитални плаќања.

 

Компаниите како “Vantiv” со силно присуство во САД, се борат да воспостават глобално влијание врз платежниот сектор, кој сега е профитабилен и брзо растечки, но исто така се соочува со конкуренција од новодојдените кои се обидуваат да го нарушат начинот на кој се платени трговците.

 

Акциите во WorldPay, најголемиот провајдер за плаќање на Велика Британија, се зголемија за 1,28% на 388,5 пени, по објавување на договорот во средата, што претставува второто најголемо преземање на британската компанија оваа година. 

 

Нашата здружена компанија ќе има неспоредлив обем, сеопфатен пакет на решенија и светски достигнувања за да направиме глобална платежна централа“, рече Чарлс Дракер, претседател и извршен директор на “Vantiv”, додавајќи дека договорот ќе донесе бенефиции во однос на големината и технологија.

 

Акционерите на “WorldPay” ќе поседуваат околу 43%, додека инвеститорите на “Vantiv” ќе имаат 57% од здружената компанија, чија проформа-вредност изнесува повеќе од 22 милијарди фунти.

 

Повеќе

Платежни картички

Бонус од 5% со Американ Експрес картичките на бензинските станици ОКТА

Објавено

на

Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и Окта АД – Скопје, корисниците на Американ Експрес картичките, имаат можност да добијат 5% бонус со секое купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања „Твој Бонус” ќе трае во текот на месеците јули, август и септември. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Одлична поволност за корисниците на кредитни картички од Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје мисли на своите клиенти, објавувајќи ја промотивната понуда за сите корисници на кредитни картички од Банката. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Отисокот од прст ќе го замени пинот на картиците

Објавено

на

На банкарски картички со чипови и пински кодови кои сопствениците ги имаат направено кога плаќаат и повлекуваат пари им се одбројани деновите бидејќи банките наскоро ќе се префрлат на издавање на биометриски платежни картички, пишува British Miror.

Со биометриски картички, сè што треба да направите е да отидете до банката и да оставите отисок од вашиот прст.

Овој отпечаток е снимен само на платежна картичка, така што никој не може да ги користи отпечатокот и картичката без дозвола на сопственикот.

Кога плаќате во продавницата, треба да го ставите показалецот на картичката во слот-машина за да го одобрите плаќањето, објаснува весникот.

Продавниците нема да мора да ги менуваат машините за плаќање, бидејќи новите биометриски платежни картички ќе можат да се користат на тековните платежни терминали.

Први кои произвеле вакви картици и успеале да ги патентираат се MasterCard. Од компанијата тврдат дека се одлучиле за ваков тип на картички бидејќи не може да се пробијат и отисокот е многу технички да се реплицира (практички невозможно).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange