Connect with us

Компании

Алкалоид АД објавува оглас за надополнување на база на потенцијални кандидати

Објавено

на

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ…

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, внимателно проследете ја следната информација:

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили и/или искуства:

– Магистри по фармација – ВСС
– Доктори по општа медицина – ВСС
– Доктори по стоматологија – ВСС
– Хемиски инженери – ВСС
– Технолошки инженери – ВСС
– Машински инженери – ВСС
– Електротехнички инженери – ВСС
– Инженери по информатика – ВСС
– Графички дизајнери – ВСС
– Специјалисти за социјални/дигитални медиуми – ВСС
– Специјалисти во Човечки ресурси – ВСС
– Лабораториски биоинженери – ВС
– Фармацевтски техничари – ССС
– Хемиски техничари – ССС
– Медицински техничари – ССС
– Електротехничари – ССС
– Машински техничари – ССС
– ИТ техничари – ССС

Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да аплицирате на еден од следните начини:

– со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и копија од сертификати и од други дипломи на електронската пошта career@alkaloid.com.mk со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати“;

– со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk

Алкалоид АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните кандидати.

Огласот е валиден до 20.02.2018 година

Компании

Тоа што е добро за газдата, не мора да значи дека е добро за купувачот!

Објавено

на

Ryanair е нискобуџетна авиокомпанија и е главен конкурент на WizzAir. Цената на авионската картата кај овие превозници е реално ниска, но ако сакате поголем багаж или да си одберете седиште треба да платите. Всушност, освен основната карта за летот, се останато се наплаќа. Но, почнавме да се прашуваме што доколку вакви цени добијат директорите на овие авиокомпании. За среќа, има вистинска случка со директорот на Ryanair. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Почина Пол Ален, ко-основачот на Microsoft

Објавено

на

Ko-основачот на Microsoft, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш го лекувал, му се вратил. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Гигантот „Sears“ замина во историјата

Објавено

на

Некогаш доминантниот американски трговски синџир „Sears“, кој го смени начинот на пазарење и животен стил на Американците, поднесе барање за банкрот.

„Sears“, 132 години стариот трговски ланец во најбогатата земја на светот, долги години се бори за опстанок, тонејќи во долгови.

Капката која ја прелеа чашата и ги натера сопствениците да побараат банкрот, бил долгот од 134 милиони долари кој доспеал денеска за наплата, а тие едноставно не се во можност да го платат.

На почетокот на летото најавија затворање на дури 78 непрофитабилни трговски објекти, од почетокот на годинава е ставен клуч на 166 продавници, а вкупните долгови на „Sears“ веќе достигнаа 5 милијарди долари.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange