Connect with us

Останато

Ако ги изгубите документите ја губите историјата на вашата компанија, деловна и финансиска, ја губите контролата и безбедноста

Објавено

на

Што би се случило доколку ги изгубиме семејните фотографии? Би изчезнале и сеќавањата од специјалните моменти. Ако ги изгубиме личните документи, писмата, дипломите, како да губиме и дел од себе, или во најмала рака се ни се комплицира, и мораме да влеземе во административниот лавиринт, кој секако многу ќе не измори. 

Ќе се согласите, губењето на личните работи, не е пријатно, но без тоа и може некако да се живее!

Замислете да работите во компанија или некоја институција, потребни ви се документите од минатите години, кои сте ги чувале во регистри/папки, првично во вашата канцеларија, па сте ги преместиле во компаниските подруми, и кога ви се најмногу потребни -ги нема! Се изгубиле,  можеби се украдени или уништени од временски непогоди или поради несоодветно чување.

Нервозата во тој момент е најмалиот проблем! Ја губите историјата на вашата компанија, деловна и финансиска, ја губите контролата и безбедноста на вашата компанија.

Доколку пак работите во секторот здравство, како да дијагностицирате одредена болест и да препишете соодветни медикаменти ако не ја знаете историјата на еден пациент. Може да се случи да препишете лек кој може да предизвика уште поголеми компликации и контраефекти.

Како може еден суд да функционира ако нема модерна архива на документи?! Како може една држава да извршува инспекциски надзор или истраги доколку нема документи – докази. Како ќе ги утврдува фактите? Едноставно неможе да функционира целиот државен апарт.

Ова се можеби микро примери, но замислете што би значело да се изгуби она што претставува општествено  и културно богатство на една земја. Историски податоци од минатиот век, вредни црковни ракописи, писма од народноослободителните војни, прозни дела, преданија, митови, се она што претставува културно наследство. А народ без историја и култура, без фактографија и сочувани оригинални документи, за вековната борба и докажување, е ништо. Тоа е како дрво без корени, кое за кратко време би се исушило, како човечко тело без вода, кое за неколку дена би дехидрирало.

Одговорноста е кај носителите на раководни функции. А одлуки не треба да се носат кога штетата че настане, туку напротив, плански и на долг рок да се зачувуваат документите. Работата е едноставна, ако не сакаме ваква реалност, мора да имаме уредна, безбедна и модерна, физичка и електронска архива на сите документи кои ни се потребни за работа. Тоа на долг рок тоа носи сигурност, безбедност и секако континуитет во работата. Овозможува брзо и ефикасно да се добие еден документ, без притоа да мора да се стане од работното биро, и да се оди по ходници, катови и подруми за барање на документите. Без да доживуваме стресови ако нешто нема! Електронската архива обезбедува највисока безбедност и комплетна контрола над документите.

Интерсен е фактот дека кога бараме документ, нас не ни треба документот туку информациите што се напишани на тој документ? Потребен ние е систем на архивирање кој многу организирано и ефикасно, електронски ги копира информациите и ги доставува без физички да се движи документот.  Кој обезбедува неколку степени на безбедност, и повеќе нивоа на контрола.

Токму таков е и системот за архивирање Инбох.  Спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира 3 технологии. Инбох не е 100% физичка архива ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност. Инбох е изграден по модел на американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION.  За  5 години постоење, создаде капацитет од 35.000 м3 специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од  бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технологија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за ренгенски и други транспарентни документи.

Останато

Македонска делегација со успех на Светскиот Инвестициски Форум 2019

Објавено

на

На годишаната сесија на Свестскиот Инвестициски Форум на Бизнис Ангели (WBAF), кој се одржува во периодот 17-19 февруари во Истанбул, Турција, Македонската делегација предводена од страна на Сенаторот на WBAF за Македонија, проф. д-р Леонид Наков, како и од министерот д-р Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија постигна значаен успех.

За прв пат во историјата на македонското учество на овие Форуми на најголемите приватни инвеститори на неформален ризичен капитал, WBAF избра еден македонски иновативен бизнис – PowerAD од Струмица, кој е успешно оценет и селектиран во групата на 50 напредни, конкуренти стат-ап бизниси од целиот свет, а кои на Форумот ќе добијат ексклузивна директна можност за финансирање на сопствената бизнис идеја од многубројните инвеститоти присутни на годинешниот Форум, кои потекнуваат од европските и светски мрежи на бизнис ангели.

„Целосно сме убедени дека овој успех ќе охрабри и многубројни останати македонски носители на иновативни и конкурентни идеи да ги развиваат своите развојни проекти според моделите на WBAF кои поттикнуваат одржлив организациски развој“, изјави Наков.

Ксенија Вангелова, директор на BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации истакна дека голем успех е што стат ап-от PowerAD од Струмица се најде меѓу првите 50 иноватори старт ап бизниси на Светскиот Форум во огромна конкуренција и додаде дека ова е само почетокот на презентирање на македонските иновативни идеи како потенцијал за вложување од инвеститори и можност за раст на македонските претприемачки проекти.

Продолжи со читање

Останато

Еднаш банкар, цел живот банкар

Објавено

на

Успешен банкар со иницијали Б.П., уште пред 8 години се стекнал со правото на целосна старосна пензија, но поради лична желба и финансиски потреби продолжил да работи како банкарски советник и во својата 73-та година од животот.

Тој паралелно примал и пензија и плата како советник, пред од своите пријатели пензионери да дознае дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, не смее да работи повеќе од пет години, по пензионирањето.

Тој бил поканет, откако официјално го напуштил своето работно место во банката, да остане во Надзорниот одбор, но не му било јасно дали може да ја прифати функцијата ако и дефинитивно замине во пензија. Во банката му објасниле дека должината на стажот сега кога веќе е пензионер, зависи само од неговата здравствена состојба и желба за работа, но “вечниот” банкар сакал да се осигура дека тоа е така.

Банкарот признал дека не е правник и дека не знае сам да го протолкува Законот за пензиско и инвалидско осигурување, но изјавил дека е способен за работа, се додека го држи здравјето и додека има желба за работа. Неговото работно време не е ограничено и не мора да стравува од пазарната инспекција која би можела да го казни работодавачот.

Тој се мотивирал да продолжи да работи, откако прочитал дека хрватските пензионери покренале иницијатива и започнале да работат во локален синџир на продавници за храна по четири часа на ден.

На прашањето колку најдолго пензионерите можат да работат и по пензионирањето и дали постои ограничување во години, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одговори дека не постојат законски ограничувања во однос на траењето на работниот однос на пензионери.

Пензионерите кои имаат желба за работа и по пензионирањето, може без ограничување повторно да се вработат во Договор со работодавачот, а платата ќе им се исплаќа по основ на договор за авторско дело, и тие притоа непречено ќе може да добијат и пензија.

Па така, банкарот кој освен што е пензионер, член е и на Надзорниот одбор на банката, не е обврзан секоја година да аплицира во Фондот на ПИО за да му се издаде потврда за продолжување на работниот однос.

Продолжи со читање

Криптовалути

Symantec предупредува за постоење на скриени апликации кои “копаат” криптовалути

Објавено

на

Компанијата Symantec објави нов безбедносен извештај во кој предупредува за постоење на осум малициозни апликации коишто се пронајдени во склоп на Windows 10 апликацијата во официјалната продавница, Microsoft Store.

Се работи за апликации кои беа објавени во Microsoft Store помеѓу април и декември 2018 година и содржат компонента којашто служи за “копање” на криптовалутата Монеро, а тоа корисниците кои ја инсталирале Windows 10 апликацијата, не го знаеле. Спорните апликации во просек имале и повеќе од 2.000 рецензии, а веројатно и напумпани оценки.

Самите апликации биле претставени како нови интернет пребарувачи, алатки за репродукција на мултимедијални содржини и за преземање содржини од интернет, како и водичи за оптимизација на батериите. Се верува дека зад сите овие апликации стои еден  ист програмер или група на програмери.

По добивањето на деталите за овие малициозни апликации, Мајкрософт веднаш ги повлече од продажба.

Имињата на осумте контроверзни апликации за кои алармира Symantec се:

  1. Fast-search Lite,
  2. Battery Optimizer (Tutorials),
  3. VPN Browser,
  4. Downloader for YouTube Videos,
  5. Clean Master (Tutorials),
  6. FastTube,
  7. Findoo Browser 2019,
  8. Findoo Mobile & Desktop Search.
Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange