Connect with us

Електронско банкарство

Адико банка и Вибер воведоа “Addiko Chat Banking”

Објавено

на

Адико банка ја претстави услугата “Addiko Chat Banking“, иновативна и на пазарот во регионот прва услуга за финансиски трансакции кои се извршуваат преку Вибер.

 

“Addiko Chat Banking” претставува дигитална услуга која преку Вибер, една од глобално најпопуларните комуникациски платформи, им овозможува на корисниците директно да контактираат со банката, а дополнително и да реализираат едноставни плаќања. На овој начин, платформата која се користи за разговори и праќање пораки се претвара во дигитална апликација со чија помош клиентот може да провери салдо на својата сметка во банка, да плати сметки или да врши проверка на трансакциите.

Адико банка е првата банка во Србија и една од ретките во светот која овозможува плаќање преку Вибер. Со воведувањето на новата услуга, банката продолжи со модернизација и дигитализација на своите услуги. Користењето на банкарските услуги е прилагодено согласно потребите на клиентите, при што банката на едноставен и ефикасен начин одговара на секојдневните потреби на клиентите.

Свесни дека финансиските институции и услуги кои се нудат мора да се прилагодат на потребите на клиентите, во изминатата година направивме голем исчекор кон дигитализација, го унапредивме интернет и мобилното банкарство и на тој начин овозможивме низа дигитални услуги кои наидоа на одличен одзив кај клиентите. Но, тука нема да застанеме. Податокот кој вели дека откако ја променивме апликацијата за мобилно банкарство, бројот на корисници се зголеми шесткратно потврдува дека сме на вистинскиот пат. Сакаме клиентите во целост да ја почувствуваат предноста од користење на мобилната платформа, оттука услугата Addiko Chat Banking“, како и соработката со Вибер, се само една од низата планирани активности во овој сегмент“, рече Иван Радојчиќ, претседател на извршниот одбор на Адико банка.

Адико банка со гордост објавува дека е првата банка од регионот на централна и истична Европа која соработува со бренд како Вибер со цел развој на оваа услуга, преку која тимот на банката ќе има можност директно да комуницира со клиентите на кои ќе им нуди можност за модерни и едноставни начини на плаќање.

Визијата на Вибер одсекогаш била да поврзува луѓе, без разлика кои се или од каде се. Процесот на развој на апликацијата од размена на пораки до комуникациска платформа беше нареден чекор во оваа стратегија. Преку чет ботови, секој корисник може да побара информации, преку кои на брз и сигурен начин ќе управува со неопходните услуги“, рече Атанас Раиков од Ракутен Вибер.

Електронско банкарство

Кина вели дека отфрлањето на физички пари е нелегално поради популарноста на е-плаќањата

Објавено

на

Кинеската централна банка во понеделникот предупреди дека отфрлањето на готовина како форма на плаќање е нелегално, велејќи дека ваквите практики на крајот би можеле да предизвикаат губење на довербата во физички пари и неправедно кон оние кои не се навикнати на електронско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

мБанкаКо, нова мобилна апликација за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Во организација на Комерцијална банка, ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“,  наменет за правни лица, во среда, 5 декември 2018 година, со почеток од 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Бонус програмата на Халкбанк со поддршка за развојот на е-трговијата во Македонија!

Објавено

на

Бонус програмата на Халкбанк овозможува корисниците на кредитни картички од брендот Mastercard и Visa, издадени на физички лица да собираат бонус поени при трансакции на веб продавници кои користат виртуелен терминал од банката.

Притоа, поените кои ќе ги соберете имате можност да ги користите при плаќања во мрежата на POS терминали од Халкбанк.

Пресметката на бонус поените е едноставна, бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

АКТИВНИ БОНУС КАМПАЊИ: СОБИРАЈТЕ БОНУС ПОЕНИ ПРИ КУПУВАЊЕ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦИ!

Листа со активни веб продавници (.pdf документ)

Собирајте 5% бонус поени со секоја трансакција направена со кредитна картичка на Веб Продавниците кои користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје.

Кампањата стартува на 03.12.2018 (понеделник) во 09:00 часот и ќе биде активна до 10.12.2018 година.

Искористените поени се ставаат на располагање на кредитната картичка на клиентот во Халкбанк за сите трансакции направени на POS терминалите и e-commerce мрежата на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange