Connect with us

Останато

Агенцијата „Фич” го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен

Објавено

на

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ. На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација и подобрувањето на клучните меѓународни односи. Се наведува и напредокот на „Планот 3-6-9“ на Владата, резултатот на локалните избори како потврда на мандатот за реформи, како и активноста на СЈО околу прислушуваните разговори. Според Фич, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и Македонија очекува позитивна препорака од Европската Комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.

„Ова се убави вести за Република Македонија. Реформите, финансиската стабилизација, фискалната политика и економските мерки се препознаени и носат позитивни резултати“, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук, коментирајќи го соопштението на „Фич“.

Ревизијата на изгледот на позитивен, исто така, ги одразува оценките дека буџетскиот дефицит во 2017 изнесува 2,7% од БДП, наспроти предвидениот дефицит со ребалансот од 2,9%. Притоа, се истакнува зајакнатата доверба во посветеноста на Владата на фискалните таргети, како и плановите за постепено намалување на дефицитот на 2% на среден рок. Според оценките на Фич, во 2017 година, државниот долг изнесува 39,2% од БДП а јавниот долг изнесува 47,4% од БДП, што претставува прво годишно намалување на јавниот долг, после континуираниот 9-годишен раст од 23% од БДП во 2008 година.

На потврдата на рејтингот ББ влијаеа оддржувањето на ниска инфлација и финансиска стабилност, поддржани од кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика, конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. Фич оценува дека растот на БДП во 2017 година изнесува 0,5%, при висок раст во последниот квартал на годината како одраз на закрепнувањето на индустриското производство, извозот и кредитирањето. Понатаму, се очекува дека растот на БДП ќе забрза на 3,1% во 2018 и 3,3% во 2019 година, како резултат на позитивните ефекти на политичката ситуација врз економските очекувања и економската активност.

„Ова е најдобра потврда за реформите и кредибилноста на фискалната политика“, напиша министерот за Финансии Драган Тевдовски на „Фејсбук”.

Според Фич, врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичката неизвесност, како и имплементацијата на кредибилна среднорочна фискална консолидација, конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат повторувањето на политичката нестабилност, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка, соопшти Министерството за финансии.

Останато

HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки

Објавено

на

Скопје, (11.05.2018) HTCA Академик – првиот тренинг центар креиран за обучување кадри според швајцарски стандарди сертифицирани од страна на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern SHL) денес го најави стартот на обуките за келнери, бармени, рецепционери, персонал за хигиена, маркетинг во угостителството и соодветните консултантски услуги. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Хрватските куни одат во историја, Хрватска го воведува еврото како официјална валута!?

Објавено

на

На седница на хрватската Влада се водела расправа за воведување на еврото како официјална валута, меѓутоа, се уште нема најави за точен датум. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бил Гејтс: “Вложување во биткоини е исто како да вложувате во некоја глупост”

Објавено

на

Откако претходно американскиот милијардер и финансиски магнат, Ворен Бафет, го нараче биткоинот како „отров за глувци, кој не вреди ништо“, во острите критики кон оваа криптовалута му се придружи и Бил Гејтс. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange