Connect with us

Осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување организира обука за идни застапници и брокери

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи.

Обуката за застапник  во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.

Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година и 31.3.2018 година, исто така во просториите на “Европски универзитет”.

Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.

Пријавата за за брокери може да ја преземете следниот на линк.

Пријавата за застапник може да ја преземете следниот на линк.

Осигурување

НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: Триглав започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Арт Гаши именуван за Генерален Директор на ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ по донесена одлука од Надзорниот одбор изврши промена на овластено лице – Претседател на Управен одбор и Генерален директор на друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања на пазарот

Објавено

на

Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов производ на пазарот, осигурување на малигни заболувања. Ова покритие е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување за лекување во приватни здравствени установи, кое што вклучува специјалнистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции. Наменето е за резидентниот сегмент, за индивидуални и за семејни корисници и обезбедува материјална заштита во најкритичните моменти во животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange