Connect with us

Останато

Агенцијата за кредитен рејтинг Fitch го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ

Објавено

на

Aгенцијата за кредитен рејтинг Fitch соопшти дека го потврдува постојниот кредитен рејтинг на Македонија ББ, со негативен изглед, соопшти Министерот за финансии, Драган Тевдовски.

 

Според МФ, на потврдата на рејтингот влијаеа кредибилната, монетарна и макропрудентна политика, кои овозможија долготрајна стабилност на девизниот курс, ниска инфлација и стабилен економски раст.

“Економскиот раст за 2017 година е ревидиран на 2,3%, но се оценува дека формирањето на Владата ќе резултира со подобрување на економските очекувања и активност и следствено ќе овозможи просечен раст од 3,2% во 2018-2019 година. Иако буџетскиот дефицит ќе го зголеми притисокот врз веќе растечкиот тренд на државниот долг, со 39,9% во 2017 година тој е проектиран значително под просекот на 49,5% од БДП на земјите со сличен кредитен рејтинг” – наведува Министерството.

Fitch во извештајот нотира дека пролонгираната политичка криза е надмината со формирањето на новата Влада. Притоа, се оценува дека „Планот 3-6-9„ на Владата за политики ориентирани кон членство во НАТО и ЕУ и враќање на довербата во независноста и транспарентноста на јавните институции се соочува со значајни предизвици во имплементацијата. Тие се првенствено поврзани со ризици од можни несогласувања во владиното мнозинство, како и со ризици од опструкции од опозицијата, додека локалните избори ќе претстават првичен тест за напредокот на владата.

“Потврдата на негативниот изглед ги одразува оценките на Fitch дека и покрај формирањето на новата Влада, се уште постојат политички ризици за ефективно водење и имплементирање на економските политики, повисок раст и напредок кон ЕУ” – стои во соопштението на МФ.

Fitch наведува и дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат позначајното намалување на политичката неизвесност како и имплементацијата на кредибилна среднорочна фискална консолидација, конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат повторувањето на политичката нестабилност, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски како и проширувањето на надворешните нерамнотежи.

Останато

Драган Тевдовски, министер за финансии: со помош на алатките создадени на ,,Фин Хакатонот” граѓаните лесно ќе го контролираат трошењето на државните пари.

Објавено

на

Живееме во 21 век и на располагање ни се веб и мобилни апликации, мултимедијални игри, видеа и низа други алатки што го прават животот полесен. Зошто тогаш и буџетот да не го направиме подостапен за граѓаните, користејќи ги овие алатки – објаснува Тевдовски

Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој првпат го организираа „Фин Хакатонот“, натпревар на кој многу млади креативци го покажаа својот талент. Победниците со полна пареа веќе работат на нова веб-апликација, видео и игра за граѓанскиот буџет на Македонија.

Институциите се тука за граѓаните, а не обратно

Министерот за финансии Драган Тевдовски за Факултети.мк раскажува дека поминал многу време со овие млади луѓе и дека најмногу се одушевил од нивната посветеност, но и од тоа колку брзо ги совладале јавните финансии. Но, прво за идејата за натпреварот.

– Институциите се тука за граѓаните, а не обратно. Ако сите размислуваме во оваа насока, ќе станеме подобро општество. Во делот на финансиите најважна е транспарентноста. Знам дека многу зборувавме на оваа тема. Сепак, единствен начин граѓаните да имаат контрола врз трошењето на државните пари е да имаaт увид во тоа. Буџетот е од граѓаните за граѓаните. Затоа сакавме токму од нив да дојде идејата за „граѓански буџет“.

Живееме во 21 век и на располагање ни се веб и мобилни апликации, мултимедијални игри, видеа и низа други алатки што го прават животот полесен. Зошто тогаш и буџетот да не го направиме подостапен за граѓаните, користејќи ги овие алатки – објаснува Тевдовски.

Тевдовски со победничките тимови

 

Министерот вели дека е среќен што неговиот тим е составен од креативни луѓе кои сакаат да го променат начинот на кој функционираат институциите. Идејата за добивање на овие производи преку организирање Хакатон потекнала од неговиот советник Виктор Митевски.

– Тој напорно работеше на „Фин Хакатон“, од замисла до реализација, но и многу други колеги од Министерството за финансии помогнаа беспрекорно да се организира Хакатонот. Настанот го поддржа Фондот за иновации и технолошки развој со награден фонд од 1,5 милион денари. Тие во него препознаа потенцијал за креирање стартапи и производи кои ќе може да се продаваат на пазарот.

Резултатот беше одличен. На 10-тиот кат од Министерството за финансии, 48 часа, во текот на викендот, 6 тима млади луѓе работеа на развој на своите идеи.

На едноставен и приемчив начин ќе ги објасниме јавните финансии

Целта на овој натпревар е да им се даде можност на младите луѓе да развијат идеи и производи кои ќе им помогнат во нивната професионална афирмација, но и ќе ѝ послужат на целата македонска јавност. Го прашуваме Тевдовски дали Министерството развива нов начин на комуникација со младите?

– На „Фин Хакатонот“ имаше прекрасна енергија, добро дружење и одлични идеи, кои наскоро ќе станат финални производи. Овие производи ќе бидат наменети за сите граѓани во Македонија. Ова е голема шанса за младите професионалци што победија на „Фин Хакатонот“. Дополнително, тие ќе можат да го развијат својот производ и понатаму да го продаваат. Сакаме да слушнеме што имаат да кажат луѓето, без разлика на возраста. „Фин Хакатонот“ беше еден од каналите на кој ете најмногу се поврзавме со младите луѓе. Ги користиме и социјалните мрежи. И јас лично од неодамна ги истражувам Инстаграм (@dragantevdovski) и Твитер (@dtevdovski)… И во иднина ќе користиме нови и различни канали за да се поврземе со граѓаните – вели тој.

Младите го одушевиле и со знаењето за јавните финансии

Очекува есенва кога ќе бидат готови веб-апликацијата, видеото и играта, со нивна помош сите граѓани да добијат повеќе информации за буџетот.

– Она што го баравме кај овие производи е на едноставен и приемчив начин да се објаснат јавните финансии. Кај победничките решенија тоа е постигнато.

Победија два тима. Тевдовски имаше можност да се дружи со младите иноватори додека работеа на своите решенија. Вели дека најмногу го восхитиле со нивната посветеност да го завршат проектот.

– Најголем дел од нив буквално работеа 48 часа, без сон, без престан. Ме воодушеви колку бргу навлегоа во јавните финансии. Најголем дел од нив не се по струка економисти и немаа предзнаења за буџетот. Темата на предизвикот се објави на буткампот – непосредно пред почетокот на Хакатонот. Така што овие млади програмери, инженери, многу добро се снајдоа и одговорија на предизвикот. Сите тие би биле и одлични економисти – раскажува министерот.

Министерството за финансии, по ова искуство со овие млади и талентирани луѓе, има обврска да организира нов „Фин Хакатон“. Но, Тевдовски вели дека и неговите колеги од Владата изразиле интерес за ваков тип натпревари, па можеби и некое друго министерство вака ќе ги отвори вратите за младите.

Извор: fakulteti.mk

Продолжи со читање

Останато

Златото ќе не спаси ако има нова криза

Објавено

на

САД ја почнаа најголемата трговска војна во историјата и тоа со Кина, при што се очекува дека ќе има нова светска криза. Оваа криза која се заострува ќе има последици за секој граѓанин од секој дел на светот. Ова се случува во време кога неколку години по ред светската економија има раст.

Америка може светот да го втурне во рецесија, а инвеститорите веќе купуваат злато. Може да дојде до потопување на берзите и затоа парите се под ризик.

Се советува дека секој форма на штедење од пари на хартија е добро решение. Се наведува дека еврото и доларот се печатат секој ден без покритие и затоа нивната вредност паѓа.

Златото со години има позитивни резултати, и неговата цена скока. Ако пред 2000 години чинело 400 долари, денес унца е 1300. Цената на златото расте побрзо од инфлацијата и на тој начин се чува куповната моќ.

Злато се купува масовно во Германија, Австрија, Англија и Швајцарија.

Годишното производство на злато е ограничено на 2500 тони. Трошоците за експлоатација се високи, и шансите за поголемо производство се мали.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно јакне

Објавено

на

Криптовалутите денес продолжиле да јакнат. Биткоинот, прв пат од јуни, ја проби границата од 7 500 долари, според анализата на Блумберг.

Најпопуларната дигитална валута на почетокот на тргувањето пораснала за дути 3,1%, на 7 543 долари, а нешто подоцна тој раст спласнал на 0,8% во Лондон, според пресметките на агенциите.

Ривалските валути, како рипл, етерум и лајткоин, забележале мешовити резултати, но воглавно ги задржале добивките остварени ден порано.

И покрај најновото јакнење, вредноста на биткоинот и понатаму е за 30% пониска од историскиот рекорд, забележан во декември минатата година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange